Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Република Северна Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Службата за управување на односите со финансиски институции и меѓународно финансирање во рамки на Деловниот сектор за финансиски пазари и средства го зајакнува својот тим на успешни професионалци. Доколку сакате да работите со меѓународни и домашни финансиски институции и Банки, како и обезбедување на извори на финансирање на Банката, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Банкарски комерцијалист

Улога во тимот:

  • Воспоставување, посредување, уредување и проактивно негување и развој на контакти и деловни аранжмани со банки и финансиски институции (осигурителни друштва, пензиски фондови, инвестициски фондови и други финансиски друштва);
  • Промовирање, понуда и продажба на пакет производи на банки и финансиски институции преку централизиран пристап;
  • Подготвување на предлози за висина на лимитите за изложеност, како и следење на состојбата на доделените лимити и предлагање соодветни промени;
  • Анализа и обработка на финансиски податоци на банките и други финансиски институции;
  • Водење на кредитно досие преку комплетирање на потребната документација за банки и финансиски институции;
  • Обезбедување на поволни извори на финансирање за Банката со цел аранжирање на нови кредитни линии и субординирани кредити, како и обезбедување и учество во синдицирани заеми;
  • Изготвување на целокупната документација за склучување на договори со домашни и странски кредитори преку координација и соработка со останатите сектори во банката и НЛБ дд Љубљана;
  • Подготовка на прегледи и извештаи за изворите на средства како и мониторинг на исполнување на преземените обврски на Банката по основ на Договорите за кредит.

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Најмалку две години работно искуство во банкарски/финансиски сектор, искуство во сегментот со управување на односите со финансиски институции и меѓународно финансирање ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање на MS Office – MS Word, MS Excel, MS PowerPoint, MS Outlook
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Изразени организациски, комуникациски и преговарачки вештини, иницијативност, способност за тимска работа, одговорен и темелен пристап кон работата.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

Потврдете го вашиот интерес со доставување на мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на: [email protected] најдоцна до 22.02.2023 година (среда).

Кариера

Иуте Македонија отвора клучна лидерска позиција: Раководител на партнерски екосистем за следната фаза на дигитален раст

Објавено

на

Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.

Ние не следиме трендови. Ги создаваме.

Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:

Раководител на партнерски екосистем

Не бараме само раководител. Бараме архитект на партнерски екосистем.

 

Твојата мисија?

Да го менаџираш и надградиш партнерскиот екосистем што веќе години наназад го трансформира начинот на кој корисниците пристапуваат до финансиски услуги.

Ќе бидеш на пресекот помеѓу бизнис, технологија, дигитални продукти и стратешки партнерства – со директно влијание врз растот на компанијата.

Што ќе движиш?

Ќе ја водиш и редизајнираш продажбата на партнерските продукти низ сите канали и ќе создаваш партнерски понуди што носат вистинска вредност.

Ќе го управуваш производот од почеток до крај 

Ќе градиш и развиваш силна партнерска мрежа – од идентификација на нови можности, до активација и раст.

Ќе управуваш партнерски продажни канали, API интеграции и перформанс базирани на податоци.

Ќе креираш беспрекорно дигитално корисничко искуство преку MyIute и ќе обезбедиш подготвеност за скалабилна партнерска дистрибуција.

Ќе дефинираш како финансиските продукти се интегрираат во дигиталниот свет – преку API функционалности и партнерски решенија.

Ќе трансформираш производи во паметни, дигитални канали за раст.

 

Кого бараме?

✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.

✔ Имаш универзитетско образование.

✔ Искуство во финансиски сектор? Плус. Амбиција за трансформација? Неопходно.

✔ Дигиталните производи, податоците и аналитиката ти се природен јазик.

✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски.

✔ Преговараш самоуверено, носиш одлуки и гледаш можности каде другите гледаат процеси.

✔ Имаш проактивен пристап, ориентација кон резултати и тимска енергија.

 

Што добиваш?

-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот

-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари

-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание

-Континуиран развој, учење и професионален раст

-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти

-Тимбилдинзи во земјата и странство

-Спортски активности

-Дополнителни здравствени прегледи

Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку партнерства, технологија и дигитални екосистеми – време е да се запознаеме.

 

📅 Аплицирај до: 01 јуни 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на парнерски екосистем

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка објави оглас за вработување во Секторот за ликвидност и финансиски пазар

Објавено

на

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работната позиција.

Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата стручен соработник за порамнување во земјата и во странство во рамки на Секторот за ликвидност и финансиски пазар.

Во објавата се наведува дека Комерцијална банка нуди можност за работа во стабилна и современа институција со долгогодишна традиција, како и професионална средина која ги вреднува личните и професионалните квалитети на вработените.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку страницата за вработување на банката.

Продолжи со читање

Кариера

АЛТА банка АД Битола објави оглас за вработување

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола објави оглас за вработување на позицијата „Самостоен стручен соработник“ во Дирекцијата за поддршка на картично работење и канали за продажба.

Работните обврски за позицијата вклучуваат обработка и поддршка на платежни картички и ПИН-ови, координација и контрола на дистрибуција на картички до експозитурите, како и поддршка за трансакции, блокади и деблокади на картички.

Меѓу задачите се и обработка на оспорени трансакции и комуникација со системите на VISA и Mastercard.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат да бидат дел од динамичен тим да испратат мотивациско писмо и кратка биографија на македонски јазик на електронската адреса [email protected].

Во предметот на пораката потребно е да биде наведено: „За Самостоен стручен соработник за картично работење и поддршка на самоуслужни продукти“.

Огласот ќе биде активен до пополнување на работното место.

Целосниот оглас е достапен на: Погледнете го огласот

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange