Connect with us
no baners

Банки

Одржана редовна седница на Советот на Народната банка

Објавено

на

Советот на Народната банка, на седницата одржана на 29 август 2024 година, го разгледа и го усвои Извештајот за управување и инвестирање на девизните резерви во вториот квартал од 2024 година.

Девизните резерви забележаа раст во вториот квартал на 2024 година и на крајот на јуни изнесуваа 4.338 милиони евра. Дел од растот на девизните резерви е одраз на поволните движења на девизниот пазар и интервенциите на Народната банка со откуп на девизи, коишто се одвиваа и во текот на третото тримесечје. Управувањето со девизните резерви беше во согласност со нивната основна намена при спроведувањето на монетарната политика, поддршката на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и одржувањето на тековната ликвидност за редовно извршување на обврските на државата кон странство. Во согласност со принципот на сигурност, при позначителна променливост на финансиските пазари, беа зголемени најзастапените вложувања во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната со највисок кредитен рејтинг, меѓу кои и зелените државни обврзници, во склад со заложбата за одржливо инвестирање. Насочувањето на инвестициите во најбезбедни инструменти соодветствуваше со пазарното опкружување коешто во текот на вториот квартал се одликуваше со променливи движења, условени од динамиката на инфлацијата во еврозоната. Инвестициската активност се приспособуваше кон поволните економски остварувања на глобално ниво, во согласност со сигналите на централните банки за попретпазлив пристап во однос на намалувањето на референтните каматни стапки.

Имајќи ја предвид утврдената инвестициска рамка, најголемиот дел од девизните резерви на крајот од јуни се распределени во хартии од вредност (60,1%), по што следуваат валутите и депозитите (28,8%) и монетарното злато со 11,1%. Девизните резерви во земјите од еврозоната и натаму имаат највисока застапеност во географската распределба на девизните резерви, а од аспект на валутната структура преовладуваат пласманите во евра, во согласност со примената на монетарната стратегија на целење на номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото.

На седницата на Советот на Народната банка се донесоа и повеќе акти со коишто се врши усогласување со најновите измени во законската регулатива поврзани со работењето на Народната банка. Советот, исто така, ги разгледа и ги усвои полугодишните финансиски извештаи.

Банки

НЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година

Објавено

на

Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година е реализирана, информираат од НЛБ Банка.

Корисниците на оваа помош средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време, без ограничување на работното време на банките.

Воедно, клиентите се потсетуваат дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, што овозможува побрзо и поедноставно користење на средствата.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Потпишувањето налози преку Интернет банка сега со само еден чекор

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје информира дека со користење на услугата Интернет банка потпишувањето налози може да се извршува на многу поедноставен начин. Банката посочува дека новата функционалност овозможува едноставна политика за потпишување денарски налози, при што плаќањето се реализира со само еден чекор.

Со ова решение, корисниците добиваат помалку административни процедури и поголема ефикасност во секојдневното работење, што значително го олеснува управувањето со финансиските трансакции.

Од Комерцијална банка објаснуваат дека преку Интернет банка клиентите можат побрзо и поедноставно да ги извршуваат своите плаќања, а дополнителни информации за начинот на користење се достапни во видео туторијалот објавен на официјалниот линк на банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди брзи и сигурни трансакции со картичките и лесно следење на трошоците преку телефон

Објавено

на

Со картичките на Стопанска банка клиентите добиваат брзи и сигурни трансакции, како и практична контрола врз своите финансии. Банката им овозможува на корисниците преку современи дигитални услуги лесно да ги следат своите трошоци директно од мобилниот телефон.

Со ова решение, клиентите можат во секое време да имаат увид во направените плаќања, состојбата на сметката и тековните трансакции, што овозможува подобро управување со личниот буџет. Дигиталните алатки на Стопанска банка се наменети да обезбедат поголема удобност, безбедност и контрола во секојдневното користење на банкарските услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange