Connect with us

Банки

Гувернерот Славески: Финтек-иновациите ја обликуваат иднината на македонскиот финансиски сектор

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Конференцијата за европска економска интеграција (CEEI 2025) – Финансиската иднина на ЈИЕ: финансирање на растот и иновациите, во организација на Народната банка на Австрија, којашто се одржува во Виена, истакна дека финтек-иновациите значително го олеснуваат пристапот до финансии за граѓаните и за малите и средните претпријатија, ја намалуваат цената на трансакциите и поттикнуваат развој на нови дигитални услуги.

Народната банка веќе создаде платформа за поддршка на финтек-инвестициите, Портата за иновации и Работна група за финтеккако и Стратегија за периодот 2023 – 2027 година, со цел да овозможи поддршка за иновативните компании и компаниите во зародиш (стартап). Законот за платежни услуги и платни системи е усогласен со рамката на ЕУ, овозможувајќи поефикасни и поевтини плаќања и лиценцирање на пет платежни институции и три даватели на електронски пари досега.

Гувернерот Славески посочи дека македонските банки активно инвестираат во дигитализацијата, вклучувајќи биометриска идентификација, технологии во облак и вештачка интелигенција, а соработката со финтек-компаниите расте. Народната банка работи и на регулативни мерки за заштита од онлајн измами и од злоупотреба на личните податоци, како и на подигање на финансиската и дигиталната писменост.

Гувернерот истакна дека довербата во домашната валута е клучот за развојот на локалните пазари на капитал, додека регионалната интеграција и приближувањето кон ЕУ и еврозоната може да донесат пониски трошоци за финансирање, поголема доверба и зголемени инвестиции.

Народната банка и во иднина ќе ги поддржува иновациите во финансискиот сектор, обезбедувајќи стабилност и услови за одржлив економски раст.

Банки

„Монте деи Паски“ тргна во голема банкарска офанзива вредна речиси 40 милијарди долари

Објавено

на

Италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ поднесе понуди за преземање на конкурентските банки „Банко БПМ“ и „Банка Џенерали“, чија заедничка вредност се проценува на речиси 40 милијарди долари, објави „Волстрит журнал“.

Понудите се целосно во акции и претставуваат ново поглавје во процесот на консолидација на италијанскиот банкарски сектор, во кој во последните години се интензивираа спојувањата и преземањата.

„Монте деи Паски“, која се смета за најстарата банка во светот што сè уште работи, истовремено се обидува да ја зачува својата независност.

Банката во моментов се соочува и со понуда за преземање од поголемиот италијански ривал „Интеза Санпаоло“.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со премиум кредитна картичка нуди пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка наменета за корисници кои често патуваат, со повеќе поволности поврзани со патувањата и плаќањат

Корисниците на картичката имаат бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми ширум светот.

Картичката овозможува и купување на до 36 рати без камата, како и вклучено патничко осигурување за секое патување.

Понудата е наменета за корисници кои сакаат дополнителни погодности и поголема удобност при патувањата.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка ќе исплати 211,3 милиони денари дивиденда на акционерите

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје планира да исплати дивиденда на своите акционери од акумулираната добивка за 2025 година, во вкупен бруто-износ од 211,3 милиони денари, покажуваат предлог-одлуките за претстојното Собрание на акционери.

Според предлог-одлуката, акумулираната добивка на Банката за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, во износ од 211.296.969 денари, ќе биде употребена за исплата на дивиденда.

Предложената дивиденда изнесува 387 денари бруто по акција, односно околу 6,3 евра по акција.

Од бруто-износот на дивидендата, при исплатата на физички лица резиденти и нерезиденти, Банката ќе го задржи и уплати персоналниот данок на доход. Кај правните лица нерезиденти ќе биде задржан и уплатен данок по задршка, согласно важечката регулатива.

Право на дивиденда ќе имаат акционерите кои се регистрирани во акционерската книга на УНИ Банка на 9 октомври 2026 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2025 година е 7 октомври 2026 година, додека прв ден на тргување со акциите без право на дивиденда е 8 октомври 2026 година.

Исплатата на дивидендата е предвидено да започне на 26 октомври 2026 година, при што средствата ќе бидат исплатени во паричен износ на платежните сметки на акционерите.

Предлогот треба да биде разгледан од Собранието на акционери на УНИ Банка, закажано за 24 септември 2026 година.

Со предложената распределба, практично целата акумулирана добивка од 211,3 милиони денари за 2025 година се насочува кон исплата на дивиденда на акционерите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange