Банки
Нова можност на Силк Роуд Банка: Онлајн аплицирање
Денешното интензивно секојдневие ни наметнува сè помалку простор за себе, а сè повеќе обврски кои одземаат значајно време од нашите задоволства. Можноста дел од овие обврски да се завршат во движење, без дополнително губење на време, е од особена важност и голем бенефит за секој од нас.
Стремејќи се на своите постоечки и потенцијални корисници да им обезбеди најдобро и истовремено најефикасно искуство, Силк Роуд Банка ја презентираше опцијата за онлајн аплицирање за потрошувачки кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување на трансакциската сметка.
Новата можност за онлајн апликација значително го олеснува начинот на аплицирање за кредитните производи преку веб-страницата: https://silkroadbank.com.mk/
Со само неколку кликови, можете да дознаете повеќе, да поднесете барање и аплицирате онлајн, каде и да сте и кога и да посакате. Новата услуга на Силк Роуд Банка е достапна за сите потрошувачки кредити за физички лица, кредитни картички и дозволено пречекорување на трансакциската сметка. Процесот е лесен, брз и едноставен, а сѐ што треба да направите е само внимателно да ги следите чекорите наведени на веб-страницата: https://bit.ly/3X3Jq3r
Доколку сѐ уште не сте добро запознаени со нивните производи и услуги, за секој поединечен кредит или картичка понудени се детални информации за условите и предностите кои ќе ве насочат да ја донесете вистинската одлука.
Сега време е да ги реализирате плановите и да ги исполните вашите желби. Аплицирајте веднаш на https://bit.ly/3X3Jq3r!
Банки
Славески: Mожна e корекција на основната каматна стапка ако има натамошни инфлациски притисоци
„Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов.
Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на дезинфлација, повторно бележат забрзување во март и април, под влијание на надворешни фактори, пред сè на растот на цените на енергентите.
Славески појасни дека претходно економијата била блиску до стабилизирање на инфлацијата на ниво од околу 2,5%, но дека последните геополитички случувања придонесле за промена на трендот и за зголемена неизвесност кај ценовните движења.
Тој истакна дека монетарната политика мора да биде внимателна и балансирана, бидејќи пребрзото затегнување може да предизвика забавување на економскиот раст, додека задоцнетата реакција може да доведе до вградување повисоки инфлациски очекувања.
Гувернерот додаде дека основната каматна стапка е главниот инструмент во одржувањето на ценовната стабилност, но дека Народната банка располага и со други инструменти, вклучително и макропрудентни мерки за зачувување на финансиската стабилност.
Народната банка и во иднина внимателно ќе ги следи економските показатели и ќе носи одлуки врз основа на поширок збир податоци за инфлацијата и за економските движења, при што во фокусот и натаму ќе биде одржувањето на ценовната стабилност на среден рок.
Банки
Добивката на УНИ Банка намалена за 61 отсто во првиот квартал
УНИ Банка во првиот квартал од годинава остварила нето-добивка од 56,6 милиони денари, што претставува пад од 61 отсто во споредба со истиот период лани, објави SeeNews повикувајќи се на финансиските резултати на Банката.
Според објавените податоци, добивката на Банката во периодот јануари – март изнесувала околу 915 илјади евра.
Во кратката објава не се наведуваат дополнителни детали за причините за намалувањето на профитот, но резултатите покажуваат значително послаб финансиски резултат во однос на првиот квартал минатата година.
Анализи
Монетарни движења во април: Пад на депозитите, но силен раст на кредитите
Во април 2026 година паричната маса забележа месечен пад од 1,3%, главно како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
Вкупните депозити на месечно ниво се намалени за 1,4%, при што падот е концентриран кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата продолжиле да растат. На годишно ниво, депозитите бележат зголемување од 9,3%.
Во истиот период, вкупните кредити се зголемени за 1% на месечно и за 13,3% на годишно ниво, што укажува на континуирана кредитна активност кај компаниите и домаќинствата.
Кредитирањето на корпоративниот сектор бележи годишен раст од 15%, додека кредитите на домаќинствата се зголемени за 11,9%. Кај граѓаните, најизразен раст и понатаму имаат потрошувачките и станбените кредити. Потрошувачките кредити во април пораснале за 1,2% на месечно и 11,2% на годишно ниво, додека станбените кредити бележат раст од 1,3% месечно и 16,2% на годишна основа.
Од Народната банка посочуваат дека депозитите на домаќинствата во април се зголемени за 1,6% на месечно ниво и за 10,5% на годишно ниво, поттикнати од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.
Податоците упатуваат на комбинирани движења во монетарниот сектор – умерено забавување на депозитната динамика во корпоративниот сегмент, при истовремено засилена кредитна активност и стабилен раст кај населението.
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Анализипред 2 месециРеалната нето плата во Северна Македонија порасна за 4,9% во јануари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија


