Останато
Миленијалците повеќе немаат доверба во берзата – каде ги инвестираат парите?
Светските берзи и хартиите од вредност долго време се избор број еден за луѓето кои сакаат да ги инвестираат своите пари. Но, тоа би можело да се промени со стапување на сцена на помладата генерација т.н. миленијалци.
Според истражувањето на „Bank of America”, поединци на возраст од 21 до 42 години со средства од најмалку 3 милиони долари имаат само 25% од нивните портфолија инвестирани во акции. За богатите инвеститори на возраст над 43 години, распределбата на акции е многу повисока и изнесува 55%.
Неодамнешниот т.н. “bear market” може да има врска со одлуките на овие миленијалци.
„Имавме многу силни перформанси на берзата во изминатата деценија и сега живееме во нестабилни времиња. Тоа е првото нешто што миленијалците го истакнуваат“, вели Џеф Бускони, главен оперативен директор во „Bank of America”, во интервјуто.
И покрај неодамнешниот скок на берзата, референтниот индекс “S&P 500” сè уште е во минус за речиси 7% во изминатата година.
Бускони додава дека помладата генерација инвеститори се повеќе верува дека „традиционалното портфолио на акции и обврзници нема да донесе натпросечен принос“.
Кои средства и инструменти се најпопуларни во моментов за богатите миленијалци?
Недвижен имот
Недвижностите се популарна класа на средства во последно време – можеби затоа што тие се добро позната заштита од инфлација.
Како што се зголемуваат трошоците за суровините и работната сила, новите имоти се поскапи за изградба. А, тоа ја зголемува цената на постоечкиот недвижен имот.
Добро избраните недвижнини можат да обезбедат повеќе од само зголемување на цената. Инвеститорите, исто така, можат да имаат постојан прилив на приход од изнајмување.
Не е изненадувачки што поединците со поголемо богатство – без оглед на возраста – гледаат можности во овие средства.
Во истражувањето на „Bank of America”, 28% од помладите луѓе рекле дека недвижностите претставуваат голем потенцијал за раст. И 31% од постарата група го имаат истото мислење.
Криптовалути
Некогаш се сметаше за ретко средство, криптовалутите сега влегоа во мејнстримот. Студијата на Институтот CFA претходно оваа година покажа дека 94% од државните и владините пензиски планови се инвестирани во криптовалути, пишува „Yahoo Finance”.
Се разбира, многу инвеститори дознаа за нестабилноста на криптовалутите на потешкиот начин преку масовното повлекување оваа година. Но, некои богати милениумци сè уште веруваат во оваа класа на средства.
Во истражувањето на „Bank of America”, 29% од помладите луѓе рекоа дека крипто нуди големи можности за раст, додека само 7% од постарата група се согласија.
Не е изненадувачки, помладите луѓе се исто така многу повеќе изложени на криптовалути (просечна распределба од 15% од нивното портфолио) отколку постарата генерација (просечна распределба од 2% од нивното портфолио).
Приватен капитал
Приватниот капитал се однесува на инвестиции во компании кои не се јавно тргувани.
Приватен капитален фонд зема пари од инвеститори во фондови, ги инвестира во компании – обично со преземање контролни удели – и работи со менаџерските тимови на компаниите за да го направат нивниот бизнис повреден. Целта е подоцна да ги продадат нивните удели во компаниите за пристоен профит.
Додека приватните капитални фондови генерално не се отворени за мали инвеститори, тие стануваат сè попопуларни меѓу богатите.
Во 2021 година, откупот на приватниот капитал се удвои од 2020 година на 1,1 трилиони долари, според „Bain & Company”.
Исто така, оваа класа на средства привлече богати милениумци.
Истражувањето на „Bank of America” покажа дека 25% од поединците на возраст од 21 до 42 години со средства од најмалку 3 милиони долари го идентификувале приватниот капитал како една од најголемите можности за раст, во споредба со 15% од постарите кои го делеле истиот став.
Бизнис
Германската индустрија се враќа во игра: Производството повторно расте и ги надмина очекувањата на пазарот
Германската индустрија забележа подобри резултати од очекувањата во јуни, што претставува дополнителен сигнал за стабилизирање на најголемата европска економија во вториот квартал од годинава.
Според податоците на германскиот Федерален завод за статистика, индустриското производство во јуни пораснало за 0,2% на месечно ниво, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа раст од 0,1%. Истовремено, индустриските нарачки се зголемиле за 3,1%, иако растот главно се должи на неколку големи поединечни нарачки.
Позитивни сигнали пристигнаа и од надворешната трговија. Германскиот извоз во јуни се зголемил за 0,9% во однос на претходниот месец, значително над очекувањата од 0,2%, додека увозот пораснал за 4,4%.
Во првата половина од 2026 година, Германија извезувала 3,7% повеќе стоки во споредба со истиот период лани, а увозот е повисок за 4,4%. Извозот кон земјите членки на Европската Унија пораснал за 1,3%, додека испораките кон земјите надвор од ЕУ се зголемиле за 0,3%. Наспроти тоа, извозот кон САД бележи значителен пад од 14,2% на месечно ниво.
Податоците укажуваат дека германската индустрија постепено закрепнува, иако аналитичарите предупредуваат дека одржливоста на растот ќе зависи од идната побарувачка и глобалните економски услови.
Анализи
Европјаните сè помалку трошат: ЕЦБ откри што најсилно ја погоди економијата
Војната на Блискиот Исток значително ја намали довербата на потрошувачите во еврозоната и го забави економското закрепнување, предупредува Европската централна банка (ЕЦБ) во најновата анализа.
Според извештајот, индексот на доверба на потрошувачите во периодот од февруари до април се намалил за околу 12 поени, пад речиси споредлив со оној по почетокот на војната во Украина. Истовремено, годишниот раст на номиналната потрошувачка на домаќинствата се забавил од 3–4 проценти на околу 2,5 проценти во април 2026 година.
Најголемото намалување е забележано кај дискреционите трошоци, при што домаќинствата ги одложуваат купувањата на луксузна облека, обувки, спортска опрема, патувања и рекреативни услуги. Домаќинствата со повисоки приходи најмногу ја намалиле ваквата потрошувачка поради зголемената неизвесност, додека оние со пониски примања ги крателе трошоците за трајни добра, ресторани и кафулиња.
Единствената категорија со раст на трошоците останува енергијата, како резултат на повисоките цени на горивата и транспортот.
Дополнителна загриженост предизвикува фактот што околу 40 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека нивните приходи нема целосно да ја надоместат изгубената куповна моќ поради инфлацијата. Според ЕЦБ, доколку овие очекувања се задржат, домаќинствата би можеле да продолжат да штедат наместо да трошат, што дополнително би го забавило економскиот раст во еврозоната.
Бизнис
Трамп повторно под правен удар: 25 американски држави бараат укинување на новите царини
Група од 25 американски сојузни држави, предводени од демократските гувернери, поднесе тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, оспорувајќи ја законитоста на најновиот пакет царини воведен за увоз од 60 трговски партнери.
Тужбата е поднесена до Американскиот суд за меѓународна трговија во Њујорк, при што државите тврдат дека претседателот ги надминал своите законски овластувања со воведувањето на широки увозни царини. Според нив, мерките претставуваат незаконско проширување на претседателските ингеренции во областа на трговската политика.
Спорните царини, кои изнесуваат 10 и 12,5 проценти, стапија во сила на 24 јули и се однесуваат на увоз од 60 трговски партнери, меѓу кои е и Европската Унија. Администрацијата на Трамп ги оправдува мерките со тврдењето дека засегнатите земји не преземаат доволно активности за спречување на увоз на производи изработени со принудна работа.
Ова е најновото во низата правни оспорувања на трговската политика на Трамп. Претходно, повеќе американски компании успеаја да издејствуваат судски одлуки против дел од неговите царински мерки, но администрацијата продолжи со воведување нови ограничувања.
Подносителите на тужбата наведуваат дека, иако американскиот закон дозволува воведување царини во одредени случаи, историски тие биле насочени кон конкретни земји или индустрии. Според нив, сегашниот широк пристап, кој опфаќа речиси целокупниот американски увоз, нема преседан и ги надминува законските рамки.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк отвори повик за летна пракса за студенти и млади
-
Бизниспред 2 месециФинансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 1 месецОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово



