Connect with us
no baners

Останато

МФ: Внимателно се планира издавањето на еврообврзницата за 950 милиони евра

Објавено

на

Министерството за финансии и Владата нема да отстапат од планираните проекции во Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со јавен долг и дека најавеното задолжување на меѓународниот пазар преку издавање нова еврообврзница е внимателно испланирано и е во рамки на поставените цели за одржување на стабилност на јавниот долг, навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства за буџетски потреби.

„Нашата цел е да излеземе на меѓународните пазари и да ја издадеме еврообврзницата во најповолен момент. Во таа насока, за време на престојот во САД, на  есенските средби на Светска банка и ММФ, имам договорено средби со потенцијални инвеститори. Можам да истакнам дека ова е една од приоритетните активности на Министерството за финансии во моментот”, рече министерката за финансии во гостување на ТВ 21.

Таа додаде дека постапката за издавање на еврообврзницата е веќе започната и дека планот е да се излезе на меѓународнито пазар во јануари и да се издаде еврообврзницата.  

Планирано е да се обезбедат 950 милиони евра преку издавање нова еврообврзница. Од тоа 700 милиони евра ќе бидат наменети за рефинансирање на Еврооврзницата издадена во 2020 година, додека преостанатите 250 милиони евра ќе бидат искористени за буџетско финансирање, како и секоја година. Односно, планирано е буџетскиот дефицит да се финансира делумно преку домашниот пазар, а делумно преку надворешно финансирање, односно со издавање еврообврзница“, појасни министерката.

Осврнувајќи се на планираните проекции на нивото на јавниот долг согласно Стрегијата, посочи дека Владата нема намера да ги измени плановите предвидени со Фискалната страгегија, но дека секако треба да се има предвид како ќе се одвиваат работите во наредниот период. 

Заклучно со јуни 2025 година јавниот долг е на ниво од 58,5% од БДП, најновиот податок кој го имаме во Министерството за финансии заклучно со јули покажува ниво од 58,7% од БДП. Доколку продолжиме со ваквата динамика и доколку економијата се одвива според очекувањата, можно е во 2025 година да не го достигнеме проектираниот јавен долг од 62,1%, туку тој да биде и понизок“, рече Димитриеска-Кочоска.

Останато

УЈП ја објави новата листа на должници: Над 5.000 фирми и граѓани должат речиси 12 милијарди денари

Објавено

на

Управа за јавни приходи ја објави најновата листа на должници, која ги опфаќа долговите доспеани заклучно со 31 јануари 2026 година, а неплатени до 30 април 2026 година.

Според објавените податоци, на листата се наоѓаат вкупно 5.018 должници, а вкупниот нето-долг за даноци и придонеси изнесува 11,938 милијарди денари.

Од претходната листа повторно се појавуваат 4.811 должници. Кај 3.091 од нив долгот е зголемен за дополнителни 177 милиони денари, додека 262 должници успеале да го намалат долгот за вкупно 207 милиони денари. Кај 1.458 должници состојбата останала непроменета.

На новата листа се најдоа и 207 нови должници, со вкупен долг од 418 милиони денари. Од УЈП најавуваат дека во следната објава ќе бидат доставени информации и за преземените мерки за наплата кон овие субјекти.

Во меѓувреме, 165 должници од претходната листа повеќе не се дел од новата објава, а нивниот вкупен долг изнесувал 257 милиони денари.

УЈП информира дека на листата се објавени и информации за преземени мерки за наплата кај 421 даночен должник, нагласувајќи дека тоа не претставува даночна тајна согласно Законот за даночна постапка и има цел да обезбеди поголема транспарентност.

Целата листа на должници е достапна на веб-страницата на УЈП.

Продолжи со читање

Бизнис

Иуте Македонија партнер на Generalka Weekend: финансискиот тим во акција за почиста животна средина

Објавено

на

Иуте Македонија активно се вклучи во националната еколошка акција Generalka Weekend, каде компанијата го предводеше тимот за финансии и заедно со бројни волонтери придонесе кон почиста и поздрава животна средина.

Од компанијата истакнуваат дека акцијата не значела само расчистување на јавни површини, туку и поттикнување на тимски дух, заедништво и општествена одговорност. Во активностите учествувале вработени од различни градови, млади волонтери, институции, компании и организации, обединети околу заедничка цел – создавање подобра иднина.

„Заедно со нашите пријатели од Man And Mountain, колеги од различни градови, илјадници волонтери, институции, компании, училишта и луѓе со иста визија, уште еднаш си потврдивме дека најубавите промени се случуваат кога добрата енергија се споделува и кога сите придонесуваат со мал дел од себе“, велат од Иуте Македонија.

Посебен акцент беше ставен на вклучувањето на младите и средношколците, кои, според Иуте Македонија, се двигатели на идните позитивни промени и носители на еколошката свест.

„Посебно нè радува што нѝ се приклучија многу средношколци и млади луѓе, затоа што токму таму почнуваат најважните промени, а тие се генерацијата која ќе ја наследи иднината што денес ја создаваме“, додаваат од Иуте Македонија.

Од Иуте посочуваат дека преку иницијативата „Растеме заедно“, започната пред две години, компанијата продолжува да ја развива својата стратегија за општествена одговорност и поддршка на проекти поврзани со заштита на животната средина и локалната заедница.

„Приказната што ја започнавме пред две години со „Растеме заедно“ денес добива нова сила, нова димензија и уште поголемо значење“, заклучи за крај компанијата.

Продолжи со читање

Останато

УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда

Објавено

на

Управа за јавни приходи информира дека за 2025 година се изготвени вкупно 862.896 однапред пополнети годишни даночни пријави (ДЛД-ГДП), во законскиот рок до 30 април 2026 година.

Институцијата соопшти дека граѓаните ќе добијат известување преку профилот на системот „МојДДВ“ или на електронската пошта што ја имаат регистрирано.

Секое физичко лице кое остварило приход во 2025 година има обврска да ја провери, потврди или коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2026 година. Увидот во податоците се врши преку платформата „е-Даночни услуги“, додека лицата кои сè уште не се регистрирани треба да го сторат тоа во најкраток можен рок.

Од УЈП појаснуваат дека по истекот на рокот, непотврдените пријави ќе се сметаат за конечни, а коригираните ќе бидат предмет на одобрување од службено лице.

Воедно, граѓаните кои имаат повеќе платен данок имаат можност да побараат поврат преку самата пријава.

Од институцијата апелираат навремено да се проверат внесените податоци, бидејќи тие се користат и при издавање уверенија и за остварување права пред други институции.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange