Connect with us

Останато

МФ: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на бизнисите, над 227 милиони евра веќе пласирани

Објавено

на

Министерството за финансии информира дека нова транша од 176,6 милиони денари, односно околу 2,9 милиони евра, е префрлена од централниот Буџет кон Развојната банка со цел поддршка на домашните компании.

Станува збор за втора транша во текот на оваа година, која преку Развојната банка се канализира кон комерцијалните банки, а потоа и до крајните корисници – компаниите. Со ова, вкупниот износ на средства пласирани во домашната економија достигнува 14 милијарди денари или 227,3 милиони евра.

Средствата се обезбедени преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка и се наменети за поддршка на приватните инвестиции. Целта е да се поттикне развојот на компаниите и да се забрза економскиот раст.

Кредитната поддршка се одобрува по поволни услови – со каматна стапка од 1,95 проценти годишно, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години. Средствата се пласираат преку деловните банки.

Според податоците, вкупниот буџет за оваа намена изнесува 250 милиони евра, додека вкупната вредност на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

Останато

Трамп доби своја монета од еден долар во САД

Објавено

на

Ликот на американскиот претседател Доналд Трамп се најде на нова монета од еден долар, издадена по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави. Со тоа Трамп стана првиот жив американски претседател во последните сто години чиј лик се појавува на монета во оптек.

Американската ковница ја пушти монетата во продажба во средата, 2 септември. На предната страна е портретот на Трамп, заедно со натписите „LIBERTY“, „IN GOD WE TRUST“ и „1776 ~ 2026“, додека на задната страна е претседателскиот печат и бројот 250, во чест на големиот јубилеј.

Ролна од 25 монети се продава за 61 долар, а пакет од 100 монети за 154,50 долари. Побарувачката била голема, а дел од понудата била распродадена само неколку часа по почетокот на продажбата.

Иако имаат златна боја, монетите не содржат вистинско злато. Според американската Ковница, тие се изработени претежно од бакар, со 6 проценти цинк, 3,5 проценти манган и 2 проценти никел.

Монетите имаат номинална вредност од еден долар и можат да се користат како законско платежно средство, иако Ковницата ги промовира и како колекционерски изданија. Дополнително, 250.000 примероци биле исковани на 4 јули со специјална ознака и по случаен избор се вклучени во пакетите што се продаваат.

Појавувањето на ликот на жив претседател на американска валута предизвика и правни полемики, бидејќи американските прописи генерално го ограничуваат прикажувањето живи личности на парите. Администрацијата, сепак, се повикува на законските овластувања поврзани со специјалните дизајни за одбележување на 250-годишнината на САД.

Продолжи со читање

Останато

МФ: За првпат национална сертификација за внатрешните ревизори во јавниот сектор

Објавено

на

Министерството за финансии за првпат ќе организира национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, со што се воведува и национална сертификација за оваа професионална функција.

Од Министерството оценуваат дека ова е важен чекор во зајакнувањето на системот на внатрешна финансиска контрола и во професионализацијата на ревизорските единици во јавните институции.

Спроведувањето на испитот, како што посочуваат, треба да придонесе за поголеми капацитети на единиците за внатрешна ревизија, но и за поодговорно, законско и транспарентно работење на институциите.

Од Министерството нагласуваат дека националната сертификација е дел и од активностите за зајакнување на механизмите за спречување на корупцијата и подобрување на контролата во јавниот сектор.

Воведувањето на националниот испит е значајно и во контекст на евроинтегративниот процес. Со неговото организирање се исполнува дел од препораките на Европската Унија во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а истовремено се придонесува и кон реализација на обврските од Реформската агенда.

Материјалите за подготовка, како и испитните прашања, веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.

Тие се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.

Министерството најавува дека во следниот период дополнително ќе информира за роковите и останатите чекори поврзани со организирањето и спроведувањето на испитот.

Продолжи со читање

Останато

Привремено недостапни телефонските линии на Контакт центарот на УЈП

Објавено

на

Управата за јавни приходи информира дека телефонските линии на Контакт центарот се привремено недостапни, а во тек се активности за отстранување на причините за прекинот.

Од УЈП посочуваат дека во моментов не се во функција телефонските броеви 198, 02/3253-200 и 0800 33 000, при што последниот број е достапен само од фиксни оператори.

До повторното воспоставување на телефонските линии, граѓаните и даночните обврзници се упатуваат да ги користат останатите канали за комуникација.

Физичките лица можат да се обратат во надлежната канцеларија на УЈП според адресата, додека правните лица според седиштето на компанијата. За информации е достапна и електронската адреса [email protected].

Од Управата за јавни приходи им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и најавуваат дека се преземаат активности за нормализирање на работата на Контакт центарот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange