Connect with us

Останато

Менаџерскиот тим на Пиксел стана дел од Управниот одбор на CEED бизнис клубот

Објавено

на

Основачите на агенцијата Пиксел, Филип Ристевски, Владимир Ристевски и Димитар Јовевски, се приклучија на Управниот одбор на бизнис клубот CEED кој е одговорен за дефинирање на стратегијата, мисијата и визијата на организацијaта.

Водечкиот тим на агенцијата која веќе 10 години им помага на компаниите да достигнат дигитална зрелост, вели дека токму членството во CEED носи добар дел од заслугите за пронаоѓањето на вистинскиот пат на Пиксел кон раст и развој.

„Како долгогодишни членки чест ни е да се приклучиме на Управниот одбор на CEED, бидејќи токму оваа организација ни помогна да ја пронајдеме насоката за нашиот раст и развој.

Денес, како уникатна компанија која нуди широка палета на услуги за дигитална зрелост на нашите клиенти, по години активно членување, учење, вмрежување и споделување знаење со останатите членки сметаме дека е вистински момент да вратиме назад кон заедницата на претприемачи и да помогнеме за раст и развој на сите компании кои се наоѓаат на патот кој го поминавме и ние.

Нашата цел како членови на Управниот одбор е неуморно да се бориме да им помогнеме на сите нови и етаблирани македонски компании да покажат дека умеат да се издигнат да бидат регионални и светски лидери“ – велат од Пиксел.

Од агенцијата објаснуваат дека вмрежувањето со луѓе и компании со коишто делат заеднички визии и вредности било од голема помош за нив кога ги поставувале темелите на компанијата како млади претприемачи. Свеста за вредноста на достапните информации и искуства од етаблирани менаџери во различни сфери и индустрии денес ги мотивира да вложат дел од своето време и енергија за да ги споделат своите знаења.

„Од самото пристапување во CEED знаевме дека можностите за личен и професионален прогрес тука се бесконечни, доколку имате желба да ги искористите. Земавме учество во најразлични активности и настани, од обуки и вмрежување со останатите членови, до студиски посети на успешни бизниси во регионот, кои навистина ни помогнаа да ги прошириме нашите видици.

Континуираниот раст низ годините подоцна нѝ даде можност и поттик да ја земеме улогата на обучувачи и гости предавачи во CEED, за денес да ја имаме честа да дадеме уште поголем придонес кон заедницата на претприемачи како дел од овој Founder’s Circle составен од иновативни и креативни менаџери“ – додаваат од Пиксел.

Тие истакнуваат дека од особена важност за претприемачите е да се поврзат со истомисленици и искусни менаџери бидејќи само така можат здраво и самоуверено да напредуваат, но и да постигнат повеќе од она што го замислувале.

Велат дека вербата во посебната вредност и сатисфакција која споделувањето знаење ја носи за сите вклучени страни им помогнала да го збогатат тимот на Пиксел кој денес брои речиси 50 вработени, со широка палета на знаења, вештини и искуства.

Овој став го дели и Филип Димитровски, Country Manager на CEED бизнис клубот.

„Една мудра изрека вели дека сам не можеш да свириш симфонија, потребен е цел оркестар за тоа. Искрено верувам дека големи и значајни резултати не можат да се постигнат од поединци, но тим кој дели заеднички вредности.

Како бизнис клуб свесни сме дека единствено преку развој и поддршка меѓу основачите може да се трансформира бизнис климата и инспирира родово еднаква и претприемачки ориентирана младина.

Токму затоа особено сме горди што успеавме да формираме управен одбор сочинет од креативни и прогресивни претприемачи кои својот раст и развој го започнале токму во рамки на клубот, како што е тимот на основачи на Пиксел.

Членките на одборот на CEED имаат големи одговорности и предизвици пред нив, на кои сум уверен дека ќе им пристапат со голема одлучност. Сега со заеднички сили ќе работиме во правец на обликување на работата на клубот според потребите и спецификите на нашите членки, и објективно ќе делуваме со цел да обезбедиме уште поголема вредност за компаниите членови кои вложуваат во унапредување на нивниот бизнис” – вели Димитровски.

Бизнис клубот на CEED е водечка бизнис заедница во земјава со 15 годишна традиција и повеќе од 2000 членови низ целиот свет, како дел од интернационалната CEED мрежа која постои во 18 земји и на 4 континенти.

ПР објава

Останато

Од што живеат европските држави: Данска најмногу се потпира на даноци, Норвешка заработува од нафта и гас

Објавено

на

Даноците се главниот извор на приходи за државите во Европската Унија, сочинувајќи 56,8 отсто од вкупните државни приходи во 2025 година. Сепак, структурата на приходите значително се разликува меѓу европските земји. Додека Данска најмногу се потпира на даноците, Норвешка остварува значителни приходи од имот, пред сè поврзани со експлоатацијата на нафта и природен гас, покажуваат податоците на Евростат.

Според статистичките податоци, нето социјалните придонеси учествувале со 30,8 отсто во вкупните приходи на земјите членки на ЕУ, додека приходите од продажба на стоки и услуги, производство за сопствена употреба и надоместоци за непазарно производство сочинувале дополнителни 7,4 отсто. Приходите од имот учествувале со 1,9 отсто.

Даноците и нето социјалните придонеси заедно обезбедиле дури 87,6 отсто од вкупните приходи на државите во ЕУ.

Слична е состојбата и во еврозоната, каде што даноците сочинувале 55,8 отсто од приходите, а нето социјалните придонеси 32,3 отсто.

Данска со најголем удел на даноците во државните приходи

Особено се издвојува Данска, каде што дури 87,6 отсто од вкупните државни приходи во 2025 година биле обезбедени преку даноци. За разлика од другите европски држави, социјалните придонеси во Данска учествувале со само 1,3 отсто во вкупните приходи.

Овие податоци покажуваат дека европските земји применуваат различни модели за финансирање на јавните расходи. Додека некои држави најголем дел од средствата ги собираат преку даноци, други во поголема мера се потпираат на социјални придонеси или приходи од имот.

Норвешка остварува значителни приходи од нафта и гас

Норвешка се издвојува по високото учество на приходите од имот, кои во 2025 година сочинувале 28 отсто од вкупните државни приходи. Тоа е највисок удел меѓу земјите опфатени со споредбата на Евростат.

Според европската статистичка служба, ваквата структура првенствено е поврзана со приходите од експлоатацијата на нафта и природен гас.

Сепак, и во Норвешка даноците остануваат најголем поединечен извор на државни приходи, со учество од 49,3 отсто.

Државните расходи во ЕУ повисоки од приходите

Податоците на Евростат покажуваат и дека вкупните приходи на државите во Европската Унија во 2025 година изнесувале 46,3 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), додека јавните расходи достигнале 49,4 отсто од БДП.

И приходите и расходите се зголемиле за 5,3 отсто во споредба со 2024 година.

Ова значи дека расходите на ниво на ЕУ биле повисоки од приходите за 3,1 процентен поен од БДП, што укажува на продолжен притисок врз јавните финансии.

Податоците покажуваат дека, и покрај различните модели на финансирање, даноците и социјалните придонеси остануваат основата на државните буџети во Европската Унија, додека приходите од природни ресурси имаат значително поголема улога во земји како Норвешка.

Продолжи со читање

Останато

Цените на горивата во ЕУ нагло растат – поскапување од 31,4 отсто на годишно ниво

Објавено

на

Цените на горивата и мазивата за патничкиот транспорт во Европската Унија во септември 2026 година се зголемиле за 31,4 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Евростат. Ова е трет последователен месец на раст на цените, што дополнително ги зголемува транспортните трошоци и финансискиот притисок врз граѓаните и компаниите низ Европа.

Според податоците на Евростат, поскапувањето на горивата забрзува од месец во месец. Во јули годишниот раст изнесувал 16,9 отсто, во август достигнал 23,8 отсто, додека во септември се искачил на 31,4 отсто. Во дури 26 земји членки на ЕУ, годишниот раст на цените во септември бил повисок отколку во претходните два месеца.

Најголемо поскапување е регистрирано во Бугарија, каде што цените пораснале за 42,2 отсто, по што следуваат Естонија со 40,6 отсто и Литванија со 40,2 отсто.

Во уште 12 земји членки на ЕУ, годишниот раст на цените надминал 30 отсто, при што зголемувањето се движело од 37,5 отсто во Чешка до 30,3 отсто во Португалија.

Од друга страна, најмало поскапување е забележано во Унгарија, каде што цените се зголемиле за 6,9 отсто. Следуваат Ирска со раст од 17,7 отсто и Шведска со 19,9 отсто.

Дизелот и бензинот продолжуваат да поскапуваат

На месечно ниво, во септември цените на дизелот во ЕУ се зголемиле во просек за 5,9 отсто, додека бензинот поскапел за 6,7 отсто во споредба со август.

За споредба, во август дизелот бил поскап за 8,3 отсто во однос на јули, а бензинот за 3,3 отсто.

Цените на дизелот се зголемиле во 26 земји членки на Унијата. Најголем месечен раст е забележан во Шведска, од 12,8 отсто, по што следуваат Латвија со 10,3 отсто и Полска со 9,7 отсто.

Најмало зголемување на цените на дизелот е регистрирано во Шпанија, од 2,4 отсто, Хрватска со 2,5 отсто и Романија со 3 отсто.

Сличен тренд е забележан и кај бензинот, чии цени пораснале во 26 земји членки. Најголемо поскапување има во Шведска, од 13,8 отсто, Полска со 9,7 отсто и Естонија со 9,5 отсто.

Најнизок месечен раст на цените на бензинот е забележан на Кипар, од 3,8 отсто, во Романија од 4,2 отсто и во Словенија од 4,6 отсто.

Растот на цените на горивата создава дополнителен притисок врз европската економија

Континуираното поскапување на горивата претставува дополнителен товар не само за возачите, туку и за транспортниот сектор, индустријата и трговијата низ Европската Унија.

Повисоките трошоци за енергија и транспорт директно влијаат врз работењето на компаниите, а дел од зголемените расходи може да се пренесат и врз крајните потрошувачи преку повисоки цени на производите и услугите.

Во услови на забрзан раст на цените на горивата, економските политики на земјите членки се соочуваат со предизвикот да обезбедат рамнотежа меѓу заштитата на животниот стандард на граѓаните и стабилноста на енергетскиот пазар.

Продолжи со читање

Останато

Државата продаде хартии од вредност за 115 милиони евра – каматите достигнуваат до 5,2%

Објавено

на

Министерството за финансии на Северна Македонија денеска реализираше три аукции на државни хартии од вредност, преку кои беа продадени записи и обврзници во вкупна вредност од 7,1 милијарда денари, односно приближно 115,1 милион евра. Каматните стапки на издадените хартии од вредност се движат од 4,25% до 5,2%, во зависност од рокот на достасување.

Според информациите што ги објави регионалниот финансиски портал SeeNews, Министерството за финансии на 20 октомври 2026 година спроведе три одделни аукции на државни хартии од вредност со рокови на достасување од една, две и 15 години.

Најголемиот дел од средствата беа обезбедени преку едногодишни државни записи, додека преостанатиот износ се однесува на двегодишни записи и долгорочни државни обврзници.

Најголем интерес за едногодишните државни записи

На аукцијата на едногодишни државни записи беа продадени хартии од вредност во износ од 3,42 милијарди денари, со купонска каматна стапка од 4,25%.

Овие записи ќе достасаат на 20 октомври 2027 година.

Истовремено, преку аукцијата на двегодишни државни записи беа обезбедени 2,15 милијарди денари, со каматна стапка од 4,6% и рок на достасување на 22 октомври 2028 година.

Кај долгорочните државни обврзници со рок на достасување од 15 години, Министерството за финансии продаде хартии од вредност во вредност од 1,52 милијарди денари, со купонска каматна стапка од 5,2%.

Обврзниците ќе достасаат на 22 октомври 2041 година.

Преглед на реализираните аукции

Вид на хартии од вредностПродаден износКаматна стапка
Едногодишни записи3,42 млрд. денари4,25%
Двегодишни записи2,15 млрд. денари4,60%
15-годишни обврзници1,52 млрд. денари5,20%
Вкупно7,09 млрд. денари

Целосно реализиран понудениот износ

Податоците од аукциите покажуваат дека целиот понуден износ на државни хартии од вредност бил продаден.

Кај едногодишните записи понудениот и реализираниот износ изнесувал 3.422,36 милиони денари, додека кај двегодишните записи изнесувал 2.145,79 милиони денари.

Кај 15-годишните обврзници биле понудени и продадени 1.523,1 милион денари.

Вкупната вредност на реализираните три аукции изнесува 7.091,25 милиони денари.

Според објавените податоци, вкупните доставени понуди биле еднакви на понудените количини кај сите три инструменти, што значи дека не е забележана дополнителна побарувачка над понудениот износ.

Народната банка ги спроведува аукциите во име на Министерството за финансии

Аукциите на државните хартии од вредност се спроведуваат преку Народната банка во име на Министерството за финансии.

Продажбата се реализира преку аукции по обем, при што цената и купонската каматна стапка се однапред утврдени, а примарните учесници доставуваат понуди за количината што сакаат да ја купат.

Државните хартии од вредност претставуваат инструмент преку кој државата обезбедува финансиски средства од домашниот пазар на капитал.

Истовремено, тие претставуваат можност за инвестирање за овластените пазарни учесници и инвеститорите што имаат пристап до овие инструменти.

Што покажуваат каматните стапки?

Разликите во каматните стапки на трите инструменти ја одразуваат различната рочност на државните хартии од вредност.

Најниската камата од 4,25% е утврдена за едногодишните записи, додека највисоката стапка од 5,2% се однесува на 15-годишните државни обврзници.

Повисоката камата кај долгорочните инструменти вообичаено е поврзана со подолгиот период на инвестирање и со ризиците што произлегуваат од промените на пазарните услови во текот на времето.

Со денешните три аукции, државата обезбеди приближно 115 милиони евра преку домашниот пазар на државни хартии од вредност, при што целиот понуден износ беше успешно реализиран.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange