Connect with us

Домашни банки

Потрошувачки кредит за пензионери – нова промотивна понуда од Шпаркасе Банка

Објавено

на

Желбите немаат возраст

Шпаркасе Банка водејќи се од потребите на своите клиенти, подготви потрошувачки кредит за пензионери со специјални услови.

Станува збор за потрошувачки кредит скроен за потребите на секој пензионер.

Кредитот за пензионери е без административен трошок и без трошок за апликација, со рок на отплата до 95 месеци и со износ до 750.000 денари. Кредитот е со фиксна каматна стапка од 7,2% за целиот период на отплата, а во понудата е вклучена и полиса за животно/неживотно осигурување.

Исто така, на секој пензионер што ќе аплицира за потрошувачкиот кредит, му следуваат дополнителни поволности во текот на промотивниот период и тоа: дебитна картичка и мобилна банка бесплатно за првите 6 месеци, без членарина за првата година за кредитна картичка, како и пречекорување без надоместок за управување за првата година.

Остануваме и понатаму целосно посветени на желбите на клиентите, изготвувајќи поволни понуди приспособени на потребите на сите возрасни групи. На тој начин заеднички работиме и веруваме во подобра иднина за сите.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.

ПР Објава

Домашни банки

Стопанска банка АД Скопје со зголемена добивка за 17% во првиот квартал на 2024 година

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје во првиот квартал од 2024 година продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност.

Добивката пред оданочување и резервации во анализираниот период изнесува 1.345.050 илјади денари, што е 17 % повеќе споредено со претходната година. Задржувајќи го високо прудентниот пристап во однос на управување со квалитетот на кредитното портфолио, во истиот период Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 387.330 илјади денари. Со тоа, добивката на Банката пред оданочување на 31.03.2024 година изнесува 957.720 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година е повисока за 23 %. Во најголем дел, ова е резултат на зголемените приходи по сите основи поради зголемувањето на обемот на деловните активности.

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.565.359 илјади денари и се зголемени за 21% во однос на истиот период од минатата година, како резултат на кредитните активности и вложувањето на вишокот ликвидни средства во првокласни инструменти.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 213.431 илјади денари и се зголемени за 3% во однос на анализираниот период во 2023 година, што се должи на зголемен обем на активности, односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење.

Вкупната актива на Банката во анализираниот период изнесува 129.303.255 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 26.626.451 илјади денари, што претставува зголемување за 3% во однос на крајот на 2023 година. Дополнително, Банката пренамени износ од 2.460.000 илјади денари од задржаната добивка од претходни години во добивка ограничена за распределба на акционерите во иднина, со што се зголемија сопствените средства и стапката на адекватност на капиталот, која на 31.03.2024 година изнесува 19%.

Во следниот период се очекува продолжување на деловните активности во согласност со дефинираниот деловен план на Банката со целосна ориентираност кон поддршка на клиентите, прудентно управување со ризиците и одржување на високата стабилност, сигурност и ефикасност во сите сегменти од нејзиното работење. Исто така, Банката продолжува со реализација на започнатите проекти, пред сè, во делот на дигитализацијата, како и подготовка на понуда на нови услуги. Секако, фокусот останува на редовното и ефикасно извршување на основните деловни активности, одржување на лидерското пазарно учество од околу 27% во сегментот на кредитирање на населението, со фокус за натамошно зголемување на пазарното учество во делот на кредитирање на компаниите.

Оваа година Стопанска банка прославува 80 години од основањето и следствено целиот натамошен период ќе биде исполнет со многубројни новитети и изненадувања на задоволство на нашите клиенти и соработници, но и на пошироката заедница.

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 1 мај 2024 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 1 мај (среда) поради прослава на 1 Мај – Денот на трудот.

“Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино и во Охрид.

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка: Во тек е исплатата на пензиите за месец април

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за април од денес (вторник – 30.04.2024 година).

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од денес – вторник 30.04.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.

Повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок. А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот.

Продолжи со читање

Популарно