Connect with us
no baners

Бизнис

Македонски Телеком продолжува со раст и инвестиции и во првите шест месеци на 2025 година

Објавено

на

Македонски Телеком ja заврши првата половина на 2025 година со финансиски раст и инвестиции во развојот на инфраструктурата што е клучно за дигиталната трансформација на општеството. Продолжува трендот на раст во сите сегменти, зголемување на бројот на корисници, ширење на мрежата и фокус на најдоброто корисничко искуство.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од првите шест месеци од 2025 година изнесуваат 1.165милиони денари, наспроти 721 милион денари на крајот од истиот период од минатата година. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 2,7 проценти споредено со минатата година, а нето добивката бележи раст од 3,8 проценти. И приходите од продажба на крајот од првите шест месеци од 2025 година се зголемени за 0,6%.

Нашата посветеност на креирање и спроведување паметни решенија доведе до зголемување на приходите од системската ИТ интеграција за дури 56,8 проценти.

Најдобра и најбрза мрежа во Македонија

Македонски Телеком повторно ја освои престижнатаOokla® награда за најдобра мрежа. Резултатите од мерењата покажаа најголема брзина на мобилната и фиксната мрежа и најдобра мобилна мрежа во првата половина на 2025 година. Супериорноста на мрежата е резултат на долгорочно и стратешко инвестирање за ширење и модернизација на мрежата и развој на нови технологии. Нашата 5G мрежа е достапна за 97% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура со која покриваме 60% од домаќинствата или 354 илјади пристапи до оптика што е речиси двојно повеќе во споредба со  сите  останати оператори на пазарот заедно и 7,4 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Раст на базата на корисници и лидерство

Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство донесе  зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти. 

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,9  проценти и изнесува 221,2 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,8 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е стабилна со 1,27 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 235илјади корисници. На ТВ пазарот остануваме на лидерската позиција со удел од 37 проценти. Новата генерација дигитална телевизија – MagentaTV е одлично прифатена што донесе и раст од 7,1 проценти или 164 илјади корисници.

Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 318 000 корисници. Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, ние сме број 1 телекомуникациски бренд во Македонија.

Зголемување на заработката по акција и на дивидендата

Успешните резултати на компанијата доведуваат и до повисока заработка по акција како и дивиденда за акционерите. 

Заработката по акција за 2024 година бележи раст од 7,7%. Бруто износот на дивидендата по акција за 2024 година е зголемен за 7,7% во споредба со исплатената дивиденда по акција за 2023 година. 

Ова е потврда дека нашата стратегија и технолошко визионерство одат во вистинската насока и се препознаени од корисниците. 

Бизнис

Tigo.mk нуди кредити до 350.000 денари со камата од 0,8% на рати

Објавено

на

Финансиското друштво Tigo.mk нуди потрошувачки кредити со брза и едноставна процедура за аплицирање, достапни за сите полнолетни граѓани на Македонија. Кредитите можат да се аплицираат целосно онлајн, а одговор за апликацијата се добива за околу 30 секунди.

Во рамки на пролетната понуда, од компанијата информираат дека клиентите можат да аплицираат за кредит до 350.000 денари со камата од 0,8 проценти на сите рати, со можност за отплата до 48 месечни рати. Понудата е наменета за оние кои сакаат своите планови и желби оваа пролет да ги реализираат со флексибилни услови за финансирање.

Корисниците можат да изберат и кредит со еднократна отплата со рок до 30 дена или кредит на рати, при што самите ја одбираат сумата и начинот на враќање според своите потреби.

Како дополнителна поволност, првиот кредит со еднократна отплата е целосно бесплатен, што значи дека корисниците го враќаат истиот износ што го позајмиле, без дополнителни трошоци.

Процедурата за аплицирање е поедноставена и не бара жиранти, обезбедување или дополнителна документација. За апликација потребни се само важечка лична карта, е-маил адреса и мобилен телефон.

Според податоците на компанијата, досега се одобрени 242.426 апликации за кредити, со вкупен износ од околу 6,4 милијарди денари, при што околу 60 проценти од поднесените апликации се одобрени.

Продолжи со читање

Бизнис

УЈП објави резултати за 2025 година: над 6.300 контроли и 120 „запечатени“ објекти

Објавено

на

Управата за јавни приходи (УЈП) објави резултати од контролите за фискализација спроведени во текот на 2025 година, со порака „Стоп на нерегистриран промет“. Информациите беа објавени на официјалниот профил на институцијата на LinkedIn.

Според објавата на УЈП, во текот на 2025 година институцијата го насочила фокусот на контролите кон угостителството, трговијата на мало и услужните дејности. Вкупно биле извршени 6.342 контроли за фискализација, при што кај секоја четврта контрола биле утврдени неправилности.

По региони, извршени се 1.362 контроли во Скопје, од кои 389 со неправилности, 1.063 во Битола (300 неправилности), 662 во Прилеп (173 неправилности), 667 во Струмица (170 неправилности), 1.427 во Тетово (411 неправилности) и 1.152 во Штип, од кои 279 контроли завршиле со констатирани неправилности.

За утврдените прекршувања биле изречени 3.200 глоби во вкупен износ од 1,4 милиони евра, покренати се 18 прекршочни постапки, а 120 објекти биле „запечатени“. Од нив, 28 се во Скопје, 36 во Битола, 13 во Прилеп, 9 во Струмица, 21 во Тетово и 13 во Штип.

Во објавата на LinkedIn, УЈП наведува дека новиот пристап во справувањето со нерегистрираниот промет се базира на комбинација од информирање, превенција, советодавна поддршка и таргетирани контроли. Во таа насока, реализирани биле 4.200 советодавни посети на даночни обврзници со цел усогласување на нивното работење со законските обврски.

Од институцијата посочуваат дека анализите на податоците од системот ГПРС и теренските активности укажуваат на повеќе ризици, меѓу кои фискални уреди кои не се на пријавената адреса, прекини во работењето на фискалните уреди, уреди без пломба и сервисна лепенка, неуплатен дневен промет во банка, неправилна примена на ДДВ стапки, како и континуирано низок или идентичен промет.

Од Управата за јавни приходи најавуваат дека во 2026 година ќе следуваат нови мерки и цели во борбата против нерегистрираниот промет.

Продолжи со читање

Бизнис

Најавено намалување на цените на горивата: можно поевтинување од околу 2,5 денари по литар

Објавено

на

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се очекува намалување на цените на нафтените деривати, по договор постигнат со компанијата „ОКТА“ и со дел од сопствениците на бензински пумпи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека Владата во изминатите денови работела заедно со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со најголемиот снабдувач на пазарот, компанијата „ОКТА“, со цел да се намалат цените на горивата.

Според него, „ОКТА“ од денеска ќе одобри попуст од околу 45 до 50 долари по тон за компаниите со кои соработува, што би значело намалување на цената на горивата од околу 2,5 денари по литар.

Мицкоски додаде дека разговарал и со дел од сопствениците на бензински пумпи, кои, како што рече, најавиле дека намалувањето ќе го пренесат и на крајните потрошувачи.

„Бидејќи Регулаторната комисија ја утврдува највисоката цена, очекувам по објавувањето на оваа одлука, веќе во текот на денот цената на нафтата и нафтените деривати да се намали за околу 2,5 денари по литар“, изјави премиерот.

Тој посочи дека со ваквото намалување цената на дизелот би се движела околу 1,35 евра за литар. Споредбено, како што наведе, цената на дизелот во Србија и Албанија е околу 1,80 евра, во Косово се движи меѓу 1,50 и 1,60 евра, додека во дел од земјите на Европската Унија надминува 2 евра за литар.

Мицкоски оцени дека со координација и дијалог со компаниите Владата успева да обезбеди пониски цени на горивата за граѓаните, и покрај, како што рече, предизвиците поврзани со безбедносната состојба во регионот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange