Connect with us
no baners

Банки

Лагард: На Европа и се потребни посилни банки за да може да се натпреварува со кинеската и американската конкуренција

Објавено

на

no baners

На Европа и требаат поголеми и посилни банки кои ќе можат да се натпреваруваат со американската и кинеската конкуренција, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард. Таа се согласи со шефот на италијанскиот банкарски гигант „UniCredit“ Уникредит и неговото залагање за консолидација во подготовката на теренот за евентуално преземање на германската „Commerzbank“.

Италијанската банка „UniCredit“, која е сопственик и на „Загребачка банка“ размислува за спојување со германскиот кредитор „Commerzbank“, во кој на почетокот на септември купи девет проценти од акциите, вклучувајќи пакет акции во сопственост на германската влада и акции купени на берзата.

Тие потоа известија дека користеле финансиски инструменти за да го подготват теренот за зголемување на уделот до 21%, под услов да добијат зелено светло од Европската централна банка (ЕЦБ). Од „UniCredit“ додадоа дека побарале дозвола последователно да го зголемат удделот на 29,99 проценти.

Потезите на италијанската банка кренаа прашина во германските политички кругови и во раководството на „Commerzbank“, но и синдикатите се кренаа на нозе.

Извршниот директор на „UniCredit“ минатата недела на конференција во Лондон рече дека сите опции се отворени за нив, вклучително и спојување.

„Commerzbank е само инвестиција за UniCredit, но ние исто така можеме да ги здружиме силите и да направиме нешто поголемо“, изјави Андреа Орцел.

„На Европа и се потребни поголеми банки и спојувањето на UniCredit и Commerzbank би било тест“, рече шефот на италијанскиот кредитор.

Претседателката на ЕЦБ се согласи со неговото мислење на сослушувањето во комисијата на Европскиот парламент.

„Според мое мислење, прекуграничните спојувања се пожелни, банките кои можат вистински да се натпреваруваат со другите институции ширум светот, вклучително и американските и кинеските банки, во однос на длабочината и опсегот (на деловното работење) се пожелни“, изјави Лагард.

„Консолидацијата на банките е во интерес на Европа“, рече првиот човек на ЕЦБ, а прекуграничните спојувања имаат многу предности, доколку произведат поголеми, поагилни и посилни институции.

Сепак, таа се огради со напомена дека нејзините изјави не треба да се сфатат како директна интервенција во конкретен договор и посочи дека спојувањата носат одредени ризици за кои треба да одлучува приватниот сектор.

Конечната одлука за поврзувањето ќе ја донесе Управниот совет на ЕЦБ

„Commerzbank“ е системски важна банка, така што нејзин супервизор е ЕЦБ, чиј надзорен одбор ќе одлучува за барањето на „UniCredit“ да купи 21 отсто од акциите на германскиот кредитор.

Нејзините членови обично се фокусираат на елементи на управување со ризик, како што се капиталот, ликвидноста, деловните планови и управувањето, при обработката на апликациите.

„UniCredit“ побара и зелено светло за зголемување на својот удел на 29,99 проценти. Група од шест претставници на ЕЦБ минатата недела изјавија за „Reuters“ дека начелно го поддржуваат спојувањето на двете банки, додавајќи дека отпорот на Берлин, според нив, е во спротивност со принципот на европската интеграција.

Конечната одлука за поврзувањето ќе ја донесе Управниот совет на ЕЦБ на чело со претседателката Кристин Лагард.

no baners
no baners

Банки

НЛБ Банка ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци, со фиксна каматна стапка за депозити во денари и во евра.

Понудата важи до 31 август, а клиентите можат да ги орочат своите средства преку мобилен телефон, преку мКлик мобилната апликација, или преку експозитура на банката.

За депозити во денари, фиксната каматна стапка изнесува 3,5 проценти за онлајн депозит преку мКлик, додека за депозит преку експозитура каматната стапка е 2,8 проценти. Минималниот влог изнесува 2.500 денари.

За депозити во евра, фиксната каматна стапка изнесува 2,6 проценти за онлајн депозит преку мКлик, односно 2,2 проценти за депозит преку експозитура. Минималниот влог изнесува 50 евра.

Рокот на орочување е 25 месеци, а од банката посочуваат дека понудата е достапна до 31 август.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ги зголеми потрошувачките кредити до 2,6 милиони денари

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје го зголеми максималниот износ на потрошувачките кредити, со што клиентите сега можат да аплицираат за средства до 2.600.000 денари.

Од банката информираат дека повисокиот максимален износ е достапен за Онлајн потрошувачкиот кредит и за Ненаменскиот потрошувачки кредит, како финансиска поддршка за различни лични планови и потреби на граѓаните.

Онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID овозможува целосно онлајн аплицирање, инстант одговор и исплата на средствата, без трошоци за аплицирање, одобрување и меница.

Ненаменскиот потрошувачки кредит, пак, нуди можност за вклучување осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Од Комерцијална банка посочуваат дека клиентите можат да се информираат за условите, калкулаторот за рата и потребните документи преку официјалните канали на банката.

Продолжи со читање

Банки

Светската банка ги запира развојните кредити за Кина од 2031 година

Објавено

на

Светската банка од 2031 година целосно ќе ги запре развојните кредити за Кина, во рамки на новиот петгодишен партнерски план кој го одразува економскиот напредок на земјата.

Според планот договорен меѓу Светската банка и Кина, вкупното кредитирање на Пекинг ќе биде ограничено на две милијарди долари до 2031 година, по што развојните заеми ќе бидат прекинати.

Документот треба да биде разгледан од Одборот на директори на Светската банка во текот на неделата што почнува на 20 јули, но формално гласање не е предвидено, изјавил извор запознаен со процесот.

Претставник на Светската банка, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека Кина во изминатите децении постигнала значаен развоен напредок, со поддршка од Светската банка и други меѓународни институции.

„Сега влегуваме во нова фаза од нашите односи, која ја одразува таа реалност“, изјавил претставникот, пренесува Ројтерс.

Кредитирањето на Кина од средствата на Светската банка континуирано се намалувало во последните години, паралелно со силниот економски раст на земјата и намалувањето на сиромаштијата. Обемот на заемите достигнал врв во 2017 година, кога Кина добила 2,42 милијарди долари кредити, додека во 2025 година тој износ бил намален на 750 милиони долари.

Според Светската банка, нејзината улога во односите со Кина постепено се менува – од кредитор кон партнер кој обезбедува стручна и техничка поддршка во развојот.

Кина, истовремено, останува еден од најголемите финансиери на Меѓународното здружение за развој, фонд на Светската банка наменет за најсиромашните држави. Во последниот циклус на финансирање Кина придонела со 1,5 милијарди долари, со што е петти најголем донатор.

Светската банка во последните години постепено ја намалува кредитната изложеност кон земјите кои достигнале повисоко ниво на економски развој. Претходно овој месец беше донесена слична одлука и за Полска, на која развојните кредити исто така ќе ѝ бидат укинати по 2031 година.

Соединетите Американски Држави и уште неколку земји со години бараа Светската банка да го прекине кредитирањето на Кина, со образложение дека Пекинг повеќе не треба да користи развојни заеми. Портпарол на американското Министерство за финансии го оцени планот како „чекор во добра насока“ и изрази очекување дека и други меѓународни финансиски институции ќе го следат истиот пристап.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange