Останато
Концептот на законот за данок на екстра профит е подготвен, ќе се усогласува со стопанските комори
Концептот на законот за данок на екстра профит е подготвен но, како што изјави премиерот Димитар Ковачевски, нема да биде пуштен се додека не биде усогласен со стопанските комори.
Ковачевски нагласи дека законот нема да биде наметнат, туку ќе се усогласува со коморите затоа што идејата е да биде закон за социјален придонес на компаниите.
„Концептот на законот е подготвен, но нема да биде пуштен се додека не биде усогласен со стопанските комори бидејќи компаниите коишто се опфатени со овој закон се членки на коморите. Не се работи за зафаќање на профитот од редовното работење, туку за оданочување на екстра добивката што е над просекот што компанијата ја остварила изминатите години”, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Кои компании ќе бидат опфатени ќе зависи од критериумите во законот без разлика на индустријата во којашто работат.
Бизнис
Во Владата денеска ќе се одржи панел дискусија посветена на економскиот раст и економската сигурност на граѓаните
На панелот ќе учествуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Дискусијата ќе ја модерира портпаролката на Владата, Марија Митева.
Настанот ќе се одржи во Медија центарот на Владата и ќе може да се следи во живо преку официјалниот Јутјуб канал на Владата.
По завршувањето на панел дискусијата е предвидена и сесија за прашања од новинарите.
Бизнис
Македонија е меѓу 10-те земји каде најлесно може да се добие државјанство
Северна Македонија е меѓу земјите во светот што нудат релативно едноставни и транспарентни услови за добивање државјанство, покажува најновиот извештај на „Интернешнал ливинг“, кој ги анализира програмите за стекнување државјанство во 2026 година.
Покрај традиционалните механизми како државјанство по потекло или таканаречените „златни визи“, сè поголемо внимание привлекуваат програмите за државјанство преку инвестиција. Иако во јавноста често се нарекуваат „купување пасош“, овие модели подразбираат исполнување на јасно дефинирани инвестициски критериуми, по што следува постапка за стекнување државјанство.
Во изминатите години, ваквите програми беа под засилен надзор. Кипар ја укина својата шема во 2020 година по низа скандали, додека Малта ја затвори програмата по правна постапка со Европската Унија. Брисел сигнализира дека може да преземе мерки против земји кои нудат државјанство со безвизен пристап до Шенген зоната без доволно строги проверки.
Оттука, актуелните програми во 2026 година се карактеризираат со значително построги процедури за проверка на потеклото на капиталот и безбедносниот профил на апликантите.
За инвеститорите, второто државјанство претставува инструмент за диверзификација на ризик и проширување на опциите во услови на зголемена глобална неизвесност. Во европски контекст, покрај Северна Македонија, како релевантна дестинација се издвојува и Турција.
Трендот укажува дека побарувачката за алтернативни правни и резиденцијални опции ќе остане висока, но во рамки на построги регулаторни стандарди и зголемена меѓународна контрола.
Бизнис
НИШТО ОД ЗНАЧИТЕЛНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ – Минималната плата се зголемува за минимални 1.667 денари согласно законското усогласување
Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ согласно законското усогласување што се прави во март. Тоа значи дека работниците во април ќе земат зголемена минимална плата за овој износ или поточно 26.046 денари во нето износ.
Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, направено е зголемување на минималната плата согласно законски утврдените критериуми во Законот за минимална плата.
„Ова е системско и законско решение кое предвидува зголемување на минималната плата согласно економските движења, штитејќи го животниот стандард на работниците и водејќи сметка за економијата на нашата држава“, изјави министерот Дурмиши на прес-конференција.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол


