Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка и Струмичкиот карневал продолжуваат да негуваат уникатен туристички бренд

Објавено

на

Уметноста, креативноста и забавата го прават Струмичкиот карневал главна туристичка атракција секој февруари. Препознавајќи го значењето на оваа културна манифестација и ценејќи го придонесот што го дава за промовирање на македонскиот туризам, Комерцијална банка и оваа година останува Генерален спонзор на Струмичкиот карневал.

На улиците во Струмица овој викенд уметноста повторно ќе се прикаже со целата своја имагинација. Маските, неуморните учесници и забавата го прават Струмичкиот карневал вистинско доживување за секој посетител.

Оттаму Струмичкиот карневал ја црпи и својата уникатност и вредност, не само на македонската, туку и на меѓународната карневалска сцена.

Банки

АЛТА банка: Вработените ја препознаваат Банката како стабилна и просперитетна институција

Објавено

на

Во АЛТА банка АД Битола успешно е реализирана анкета за организациска култура и задоволство на вработените, во соработка со консултантот Драгана Николиќ од N&P Business Consulting GmbH.

Како што информираат од Банката, во анкетата активно учествувале 87 проценти од вработените, а резултатите покажале дека тие ја препознаваат АЛТА банка како стабилна и просперитетна институција во која се градат доверба, тимска поддршка и вредности што ги промовира новото раководство.

Од Банката посочуваат дека за нив е особено важно што вработените отворено ги споделуваат своите мислења, идеи и предлози за подобрување на работната средина, оценувајќи дека токму тимот е клучен двигател на успешниот развој.

Воедно, најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со континуирани обуки, тренинзи и активности за тимски развој, со цел инвестирање во професионалниот напредок на вработените и создавање позитивна и мотивирачка работна атмосфера.

„Заедно продолжуваме кон нови успеси и уште посилен развој на АЛТА банка АД Битола“, наведуваат од Банката.

Продолжи со читање

Банки

NLB Banka Skopje освои 11 медали на NLB Group Games

Објавено

на

NLB Banka Skopje освои 11 медали на годинашните NLB Group Games, натпреварување кое ги обединува вработените од групацијата преку спорт и тимски активности.

Од банката информираа дека покрај освоените медали, учеството на настанот придонело и за зајакнување на тимскиот дух и сплотеноста меѓу колегите.

„Се враќаме дома со 11 освоени медали, но и со нешто подеднакво вредно, уште поголема сплотеност и потврда дека најдобрите резултати доаѓаат кога играме како еден тим“, наведоа од НЛБ Банка Скопје.

Од банката упатија честитки до сите вработени кои учествувале на игрите и ги претставувале боите на НЛБ Банка Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со промотивна понуда за станбени кредити до 30 јуни

Објавено

на

Комерцијална банка објави промотивна понуда за станбени кредити, која ќе трае до 30 јуни, а во рамки на која клиентите ќе можат да аплицираат без трошоци за одобрување и без трошоци за процена на имот.

Од банката информираат дека кредитот се нуди со фиксна каматна стапка од 3 проценти за првите пет години, рок на отплата до 30 години и можност за грејс период до 12 месеци.

Станбениот кредит е наменет за купување, изградба или реконструкција на дом, како и за инвестиција во недвижности во земјава и во странство.

Во понудата е вклучена и можност за животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот.

Повеќе информации за условите и аплицирањето се достапни на страницата на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange