Лични финансии
Кој е најдобриот начин за отплата на долгот и намалување на презадолженоста?
Сведоци сме дека живееме во време кога населението се повеќе го зголемува долгот кон банките и кон финансиските институции, пред се поради неможноста од месечните приходи да ги задоволи сите свои потреби. Но, се поголемото задолжување наметнува низа прашања во врска со способноста да се отплати долгот навреме.
Посебно се става акцент на платежната моќ на населението во услови на ненадејни и неочекувани промени во економските околности, како што беше корона кризата и енергетската криза проследена со висока инфлација и енормното покачување на цените кои можат да доведат до несакани импликации за монетарната политика, како и за финансиската стабилност на економијата во целост.
И не е важно дали се работи за потрошувачки кредит, кредит за рефинансирање, станбен кредит, задолжување по основ на дозволено пречекорување или кредитна картичка, како и краткорочно задолжување преку брзи кредити – секој од овие задолжувања потребно е да се отплати навреме, па затоа е клучно да се анализира и размисли однапред. Но, што можете да направите ако ви се случи нешто неочекувано за време на периодот на отплата на заемот или ако само сакате да го олесните домашниот буџет во тој период.
Кога станува збор за отплата на долг, најдобриот начин зависи од неколку фактори, вклучувајќи ги износот на долгот, каматната стапка, вашите финансиски можности, како и вашето лично претходно искуство и знаење.
Еве неколку стратегии кои можат да ви бидат корисни:
1. Отплата на најскапите долгови први
Ако имате повеќе долгови, една стратегија е да се фокусирате на отплата на долговите со највисоки каматни стапки први. На пример, ако имате кредитна картичка со висока каматна стапка, концентрирајте се на отплата на кредитната картичка прво, додека на кредитите со помали каматни стапки плаќате минимални рати.
2. Консолидација на долговите
Ако имате повеќе долгови со високи каматни стапки, размислете за консолидација на долговите со добар кредит со помала каматна стапка. Ова ви овозможува да ги обедините сите долгови во една рата и да ги намалите месечните трошоци со помали каматни стапки.
3. Промена на условите на кредитот
Во некои случаи, можеби ќе успеете да ги промените условите на кредитот со банката кредитор, како што се намалување на каматната стапка или одложување на отплатата на кредитот. Обратете се до својата банка кредитор и разговарајте за можностите за промена на условите.
4. Бидете дисциплинирани и организирани во отплата на ратите
Составете буџет и придржувајте се до него. Овозможете автоматско плаќање на сметките за да ги избегнете закаснувањата и казните за задоцнети плаќања. Без оглед на начинот на отплата, бидете редовни во плаќањето на ратите.
5. Плаќајте повеќе од минималната месечна рата
Доколку сте во можност плаќајте повеќе од минималната месечна рата на секој долг. Ова ќе ви помогне да ги намалите вкупните камати што ги плаќате, а истовремено ќе го скратите времето потребно за целосна отплата на долгот.
6. Консултирајте се со финансиски советник
Ако сте загрижени или не сте сигурни која е најдобрата стратегија за вас, консултирајте се со финансиски советник кој може да ви помогне да ја разберете вашата ситуација и да ви даде индивидуални совети кои најмногу ќе ви користат со цел да ја подобрите вашата презадолженост.
Важно е да знаете дека не постои една универзално “најдобра” стратегија за отплата на долг. Изборот на најдобрата стратегија зависи од вашите лични финансиски цели, услови и претходно искуство.
Лични финансии
Следната недела ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост
Следната недела, од 26 до 28 ноември, ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија. Конкретно, организаторите се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување.
Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно како едукативни предавања. Сите институции коишто учествуваат во годинешното издание, преку своите веб-страници и преку страниците на социјалните мрежи, ќе ги информираат граѓаните за активностите и за настаните што се планираат, известувајќи и за начинот на пријавување на секој заинтересиран граѓанин.
Финансиските регулаторни институции ги повикуваат граѓаните да ги следат информациите за планираните активности и активно да се вклучат во годинешното издание на Деновите на финансиската писменост. Целта на оваа акција е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
Конкретно, Народната банка организира Јавен повик до јавноста за земање учество на повеќе едукативни активности. На првиот ден, Народната банка ќе ги отвори вратите за сите заинтересирани лица коишто ќе можат да се информираат за правата на потрошувачите на финансиските услуги. Вториот ден ќе бидат организирани три он-лајн предавања на три теми: „Во светот на финансиите – Финансиска едукација за средношколци“, „Заштитни елементи на македонските пари“ и „Платежна сметка со основни функции“. Во текот на третиот ден ќе биде организиран студентски час во просториите на Народната банка наменет за студентите од факултетите во земјата на следните три теми: „Монетарната политика на Народната банка“, „Улогата и значењето на статистичките податоци на Народната банка“ од страна на претставници на Народната банка и „Младите и финансиската едукација“ во соработка со Здружението Алпбах.
Во текот на годинава, финансиските регулаторни институции спроведоа голем дел од планираните активности во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија. За следниот период се очекува дополнително засилување на ваквите активности, имајќи го предвид спроведувањето на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.
Лични финансии
Како да ги заштитите вашите банкарските податоци онлајн
Секоја онлајн активност со себе носи ризици и потенцијални закани, кои најчесто ги таргетираат вашите лични податоци. А ризикот не престанува ако го исклучите компјутерот или го оставите вашиот телефон на масата, тој е присутен постојано додека сте приклучени на интернет. Голема паника ни предизвикува помислата дека некои од профилите на социјалните мрежи може да ни бидат хакирани или злоупотребени, а само замислете какви можат да бидат последиците ако нешто им се случи на вашите банкарски податоци.(повеќе…)
Лични финансии
Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?
Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот.(повеќе…)
- Банкипред 2 месеци
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Банкипред 3 недели
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 3 недели
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Колумнипред 1 месец
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Продуктипред 2 месеци
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 2 месеци
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 2 месеци
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 2 месеци
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери