Uncategorized
Групацијата Иуте оствари нето-добивка од 10,3 милиони евра и вкупни приходи од 105,7 милиони евра во 2023 година
Иуте Естонија, водечка финтек групација во Европа, под чија закрила работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултати од дванаесетте месеци работење во 2023 година, со нето добивка од 10,3 милиони евра и вкупни приходи од 105,7 милиони евра, што покажува пораст од 20,1% во споредба со истиот период од минатата година.
Групацијата од неодамна од Иуте Кредит се ребрендираше во Иуте, со цел обемот на работа и услуги на пазарот да оди надвор од рамките на кредитирање вклучувајќи услуги за плаќање, банкарство и осигурување.
Гледајќи ја големата слика, групацијата ги надмина проектираните таргети за 2023та, а како што вели Тармо Силд, извршен директор на Иуте групацијата, компанијата освен што бележи уште една исклучително успешна година, остана доследна на својата мисија, визија и определба за ставање фокус исклучиво на квалитетот и корисничкото искуство.
„Можеме отворено да кажеме дека клучот на нашиот успех е во нашата брза адаптација на сите промени, флуктуации и влијанија, како и тоа што сме постојано отворени кон нови можности, притоа држејќи се цврсто до компаниската ДНК, мисија, визија и стратешки цели, во насока на нудење на целосна и најдобра услуга на нашите клиенти. Како лидер во дигиталната трансформација нудиме најдобро дигитално корисничко искуство и како резултат на тоа отидовме чекор понапред, воведувајќи дополнителна автоматизација во работењето и бизнис процесите, модел што преку мерења за предвидување и варијабли навлегува во начинот на однесување и степенот на задоволство на секој клиент и процес. Сево ова не само што овозможи заштеда на трошоци и намалување на кредитниот ризик, туку на нашите клиенти им овозможи уште потранспарентен, безбеден процес и искуство. Трансформацијата на Иуте оди паралелно со промените во околината и пазарот во кој функционираме. Убедени сме дека најдоброто од Иуте е пред нас”, смета Силд.
Иуте Македонија, како дел од Иуте Естонија со новиот визуелен идентитет го означи почетокот на промените и амбициозните планови што допрва доаѓаат, а тоа е дека Иуте станува многу повеќе од кредитна компанија. Извршниот директор на Иуте Македонија, Биљана Мишиќ, вели дека групацијата мораше да се прилагоди на предизвиците на пазарот на капитал, монетарната политика, регулаторните механизми, макроекономските и геополитичките околности, но и покрај тоа перформансот на групацијата е над таргетираните очекувања во поглед на растот на активата и реализираните приходи.
„Како лидер во индустријата, продолжуваме да го револуционизираме начинот на кој работиме, интензивирајќи го користењето на напредни алгоритми и машинско учење кои ни овозможуваат да добиеме вредни информации за предвидување на изложеноста на клиентот, минимизирање на кредитниот ризик и обезбедување на одговорни практики за кредитирање. Отворивме ново поглавје во финтек дигиталната револуција, но воедно и покажавме дека гласот и потребите на нашите клиенти се најважни во ерата на вештачка интелигенција и дигитализација. Нашата мрежа на експозитури расте во континуитет, со цел да го задржиме човечкиот пристап, а паралелно во нагорна линија се движат и иновациите и трендовите кои секојдневно ги воведуваме, во интерес на нашите клиенти и корисничкото искуство. Она што е најважно е дека чекориме храбро, сплотено и подготвено за сите нови предизвици, а паралелно со сите наши нови бизнис поглавја, посветени сме секогаш и на заедницата, со континуирана поддршка во повеќе општествени сегменти”, вели Мишиќ.
Подолу следи сумирање на групациските достигнувања, а целиот извештај е достапен тука.
Стратегиски резултати на групациско ниво
- Бројот на активни корисници се зголеми за 274 илјади (31.12.2022: 272 илјади), со приход по клиент во износ од 370 евра (12М/2022: 343 евра)
- Вкупниот број на корисници порасна за 10,3%, броејќи 1,1 милион (31.12.2022: 928 илјади)
- Консолидиранaта актива на групацијата се зголеми за 16,6% изнесувајќи 375.8 милиони евра, а капиталот се зголеми за 19%, изнесувајќи 63,8 милиони евра на 31.12.2023 година.
- MyIute апликацијата достигна бројка од 813 илјади симнувања заклучно со 31.12.2023 (31.12.2022: 477 илјади симнувања)
- Во декември 2023 година одобрена е првата исплата на дивиденда на Energbank
- Iutepay се позиционираше како пионер на Балканот во делот на e-money институции
Оперативни резултати на групациско ниво
- Исплатата на кредити порасна за 11%, достигнувајќи 291 милион евра (12М/2022: 262 милиони евра)
- Бројот на одобрени кредити се намали на 331 илјади (12/2022: 357 илјади)
- Бруто портфолиото на кредити порасна за 16.9 изнесувајќи 252 милиони евра (31.12.2022: 215.5 милиони евра), од коишто принципалниот износ на кредити порасна за 17.3%, изнесувајќи 232.3 милиони евра (31.12.2022: 198.1 милиони евра)
- Нето портфолиото на кредити порасна за 19.7% изнесувајќи 232.2 милиони евра (31.12.2022: 193.9 милиони евра),
- Вкупната мрежа на бескартични банкомати достигна бројка од 75
Финансиски резултати на групациско ниво
- Приходите од камати и провизии се зголемија за 18%, изнесувајќи 91.4 милиони евра (12М/2022: 77.4 милиони евра), небанкарско портфолио
- Нето приходите од камати и провизии пораснаа за 10.4%, изнесувајќи 63.2 милиони евра (12M/2022: 57.2 милиони евра), небанкарско портфолио
- Вкупниот приход порасна за 20.1%, изнесувајќи 105.7 милиони евра (12М/2022: 88 милиони евра).
- ЕБИТДА, приспособена за курсни разлики и приходи од Енергбанк, се зголеми за 34.4%, изнесувајќи 46.7 милиони евра (12М/2022: 34.8 милиони евра).
- Нето добивката порасна на 10.3 милиони евра, споредбено со 7.1 милиони евра во истиот период од минатата година, по усогласување на еднократниот ефект од аквизицијата на Енергбанк.
Целта на Групацијата Иуте е да продолжи да работи уште понапорно и попосветено, користејќи уште понапредни технологии, надградба на релациите со клиентите на долги патеки и отворање нови бизнис поглавја.
Uncategorized
Зелените станбени кредити се пробиваат на Балканот – ЕБОР одвои 4 милиони евра и за НЛБ Банка Скопје
Зеленото кредитирање сè посилно навлегува и во станбениот сектор на Западен Балкан, а последните финансиски аранжмани на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) покажуваат дека банките во регионот постепено отвораат повеќе простор за финансирање енергетски ефикасни домови и други зелени инвестиции.
ЕБОР обезбедува пакет од најмногу 24 милиони евра за Хипотекарна банка во Црна Гора, од кои 20 милиони евра се наменети за станбено кредитирање, а дополнителни 4 милиони евра се обезбедуваат преку програмата Western Balkans Green Economy Financing Facility III, односно GEFF III.
Најмалку 10 проценти од средствата од станбената кредитна линија треба да бидат насочени кон инвестиции што ги исполнуваат критериумите на ЕБОР за зелена економска транзиција, со што ќе се поддржи купување енергетски ефикасни домови и станбени објекти.
Дополнителната кредитна линија од 4 милиони евра е наменета за високоефикасни станбени објекти, мерки за енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија. Според ЕБОР, целта е да се зголеми понудата на „зелени“ станови, но и да им се овозможи на домаќинствата пониска потрошувачка на енергија и помали трошоци.
Сличен модел веќе се применува и во Северна Македонија.
ЕБОР обезбедува необезбеден кредит од најмногу 4 милиони евра за НЛБ Банка АД Скопје, исто така во рамки на програмата WB GEFF III – REPower. Средствата се наменети за понатамошно кредитирање на резиденцијалниот сектор во земјава и за поттикнување инвестиции во зелената економија.
Проектот на ЕБОР за НЛБ Банка Скопје е регистриран под број 57312 и во моментов е со статус „Disbursing“, односно средствата се во фаза на исплата и реализација.
Развојот на овие кредитни линии покажува дека концептот на зелено станбено финансирање сè повеќе добива место и во понудата на банките во регионот. Наместо станбениот кредит да се гледа само како средство за купување недвижност, новите финансиски модели сè повеќе го поврзуваат кредитирањето со енергетските перформанси на домот и намалувањето на неговата потрошувачка.
Во Црна Гора, ЕБОР директно го комбинира класичното станбено кредитирање со зелено финансирање преку пакетот за Хипотекарна банка. Во Северна Македонија, пак, линијата од 4 милиони евра за НЛБ Банка Скопје треба да овозможи натамошно финансирање зелени инвестиции во резиденцијалниот сектор.
GEFF III е дел од пошироката програма на ЕБОР за декарбонизација на станбениот фонд во земјите од Западен Балкан. За подобните инвестиции во рамки на програмата може да бидат достапни и техничка помош и инвестициски стимулации поддржани од Европската унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и од Владата на Јапонија.
Со тоа, прашањето повеќе не е дали зеленото станбено кредитирање ќе пристигне во регионот, туку колку брзо ваквите кредитни линии ќе се претворат во конкретни и широко достапни банкарски производи за граѓаните.
Uncategorized
Нови правила за лиценци за игри на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата, интегритетот и потеклото на парите
Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа, кој произлегува од новиот Закон за игрите на среќа, донесен во јуни годинава.
Со Правилникот детално се утврдува документацијата што треба да ја достават правните и физичките лица кои бараат лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип.
Апликантите ќе треба да докажат дека ги исполнуваат условите за репутација и интегритет, меѓу другото преку документи поврзани со евентуално изречени санкции за забрана за вршење професија, забрана за приредување игри на среќа и други околности значајни за нивното учество во оваа дејност.
Со новиот подзаконски акт се воведува и строга контрола на потеклото на средствата во основната главнина. Преку банкарски извештаи, договори и финансиски биланси, Министерството за финансии ќе проверува дали постои непрекинат траг на движењето на парите, од нивниот извор до уплатата во друштвото.
Правилникот ги уредува и постапките при промена на сопственичката структура и главнината, како и при именување членови во органите на управување и надзор.
Една од новините во Законот за игри на среќа е оценувањето на репутацијата на содружниците и соработниците на друштвата кои имаат лиценци, како и на членовите на органите на управување и надзор во трговското друштво за приредување игри на среќа во кое државата е единствен акционер.
Од Министерството посочуваат дека ваквите проверки се важен дел од мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Новиот Закон за игри на среќа беше донесен во јуни 2026 година со цел воспоставување посовремена, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.
Uncategorized
НЛБ Фондови со нов инвестициски прашалник за полесен избор на фондови
НЛБ Фондови АД Скопје ги повикува граѓаните да го откријат својот инвестициски профил преку нов онлајн инвестициски прашалник, наменет да им помогне полесно да ги разберат сопствените финансиски цели и односот кон ризикот.
Од компанијата информираат дека прашалникот се состои од пет едноставни прашања, преку кои корисниците можат да добијат подобра слика за тоа колкав ризик се подготвени да преземат при инвестирање и кои видови фондови најмногу одговараат на нивните потреби.
Според НЛБ Фондови, алатката помага да се утврди дали инвеститорот е повеќе насочен кон сигурност или е подготвен да прифати повисок ризик со цел да оствари потенцијално поголем принос. Дополнително, корисниците добиваат насоки за тоа дали за нив се посоодветни акциски, комбинирани, обврзнички или парични фондови.
По завршувањето на прашалникот, достапен е и персонализиран PDF извештај со препорачан инвестициски сооднос.
Од НЛБ Фондови нагласуваат дека прашалникот има исклучиво информативна намена и не претставува инвестициски совет. Како што посочуваат, одлуките за вложување треба да се носат по внимателно разгледување на ризиците и карактеристиките на фондовите.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





