Бизнис
Италија отвори истрага против Booking.com поради сомнежи за манипулација со рангирање и провизии
Италијанскиот регулатор за конкуренција покрена истрага против Booking.com поради сомнежи дека начинот на рангирање и промоција на сместувачките капацитети може да ги доведе потрошувачите во заблуда и да генерира повисоки приходи од провизии.
Истрагата ја води AGCM, која се фокусира на т.н. програми „приоритетни партнери“ и „приоритетни партнери плус“. Преку нив, издавачите на сместување добиваат поголема видливост на платформата – повисоки позиции во резултатите од пребарување, визуелно истакнување и ознаки што сугерираат подобар квалитет и поволна вредност.
Сепак, според првичните наоди, постои сомнеж дека критериумите за вклучување во овие програми повеќе зависат од висината на провизијата што ја плаќаат изнајмувачите, отколку од реалниот квалитет на понудата.
Од регулаторот предупредуваат дека ваквата практика може да ги наведе корисниците да заклучат дека одредени сместувања се подобар избор, иако тоа не мора да биде така.
Ризик за потрошувачите
Според AGCM, ваквиот начин на претставување може да доведе до тоа корисниците да резервираат поскап сместувачки објект, уверени дека добиваат најдобра вредност за парите. Со тоа се нарушува транспарентноста на пазарот и се влијае врз финансиските одлуки на потрошувачите.
Во рамки на истрагата, италијанската финансиска полиција извршила претрес во просториите на Booking.com во Италија.
Големо пазарно влијание
Податоците на здружението на потрошувачи Codacons покажуваат дека околу 70 проценти од хотелските резервации во Италија се прават преку онлајн платформи, додека Booking.com учествува со околу 42 проценти од пазарот.
„Корисниците имаат право на целосна транспарентност, бидејќи начинот на прикажување на понудите директно влијае врз нивните финансиски одлуки“, посочуваат од Codacons.
Засилен притисок во Европа
Оваа истрага доаѓа во време кога Booking.com се соочува со зголемен регулаторен притисок низ Европа, вклучително и колективни тужби од хотели и високи парични казни. Меѓу нив е и неодамнешната одлука во Шпанија, каде на компанијата ѝ беше изречена казна од 413 милиони евра.
Бизнис
Продолжува нагорниот тренд на раст на Македонски Телеком и во првата половина од 2026 година
Македонски Телеком го продолжи нагорниот тренд на раст и на инвестиции во иновации и инфраструктура во првата половина од 2026 година, потврдувајќи го своето лидерство и преку Ookla®признанија за најдобрата мрежа и национално признание за одржлив развој.
Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на првата половина на 2026 изнесуваат 895 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 7,3 проценти споредено со истиот период минатата година, а нето добивката за 9,5 проценти. Зголемени се и приходите од продажбата за 5,1 проценти.
Рекордни 6 награди за најдобрата мрежа
Македонски Телеком повторно го освои престижното Ookla® Speedtest Awards™ признание, потврдувајќи го своето лидерство со најдобрата мрежа во Македонија и во првата половина на 2026 година. Според најновите мерења, компанијата има најдобра мобилна и фиксна мрежа на пазарот и е добитник на наградите за најдобра мобилна мрежа, најбрза мобилна мрежа, најдобро мобилно гејминг искуство, најдобро мобилно видео искуство, како и за најдобра фиксна мрежа и најбрза фиксна мрежа.
Денес, 5G мрежата покрива 97,8% од населението со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Со оптичката инфраструктура покриваме 386 илјади пристапи до оптика, што е речиси двојно повеќе во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно и за 9 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.
Раст на бројот на корисници во сите сегменти
Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство донесе зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти.
Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3 проценти и изнесува 227,9 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 2,6 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 1,7 проценти и изнесува 1,291 милиони.
Во фиксната телефонија останавме на водечката позиција со 240 илјади корисници. На ТВ пазарот имаме лидерска позиција со удел од 38,6 проценти, со раст од 5,6 проценти или 173 илјади корисници на крајот на првата половина на 2026 година.
Со нашата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 448 000 корисници. Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, ние сме број 1 телекомуникациски бренд во Македонија.
Зголемување на заработката по акција и на дивидендата
Успешните резултати доведоа и до повисока заработка по акција, како и дивиденда за акционерите. Просечната цена по акција на крајот на првата половина на 2026 година бележи раст од 5,8% споредено со крајот на 2025 година. Бруто износот на дивидендата по акција е зголемен за 4,7% во споредба со минатата година.
Национално признание за одржлив развој
Во вториот квартал на 2026 година добивме национално признание за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“ – младинско движење на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ коешто придонесува за создавање побезбеден, похуман и поинклузивен дигитален простор без кибернасилство и говор на омраза.
Продолжуваме да работиме на еднакво дигитално општество и на намалување на штетните влијанија врз животната средина.
ПР објава
Бизнис
Од полноќ поевтинуваат бензините, дизелот поскапува за еден денар
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 проценти во однос на претходната одлука.
Од 00:01 часот на 5 август, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за два денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по најмногу 93 денари за литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за еден денар и ќе изнесува 99,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар.
Мазутот М-1 НС поевтинува за 1,680 денари за килограм, со што неговата максимална цена ќе изнесува 46,419 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека во пресметката е применета намалена акциза од два денари за литар кај бензините и од четири денари за литар кај дизелот. Утврдените цени се максимални, а трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.
Бизнис
Мукаетов и Штериев ќе говорат за успехот на „Алкалоид“ на 25. годишната конференција на Македонска берза
Искуствата од берзанската котација и факторите што придонесоа за долгорочниот успех на „Алкалоид“ АД Скопје ќе бидат во фокусот на 25. Годишна конференција на Македонската берза.
На конференцијата ќе дискутираат генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев.
Разговорот ќе биде посветен на развојот на „Алкалоид“ како една од најпрепознатливите и најликвидните домашни компании на пазарот на капитал, како и на нејзините идни развојни перспективи.
Од Македонската берза најавуваат дека учесниците ќе имаат можност од прва рака да се запознаат со искуствата поврзани со котацијата на компанијата и со факторите што влијаеле врз нејзиниот долгорочен успех.
Годишната конференција ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол Лејк Ресорт“.
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 4 неделиИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк отвори повик за летна пракса за студенти и млади
-
Криптовалутипред 2 месециБиткоинот се врати кон 64.000 долари, ликвидирани над 320 милиони долари во кратки позиции за само 15 минути
-
Бизниспред 2 месециФинансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот

