Connect with us

Останато

AETM: За помалку од 7 дена собрани 45.000+ гласови за изборот нанајдобрите во македонската е-трговија, гласајте и вие!

Објавено

на

Гласањето за најдобрите македонски е-продавници во рамки на четвртиот избор „E-commerce Awards 2024“, организиран од Асоцијацијата за е-трговија, е во полн ек. Оваа година, јавноста има можност да избира помеѓу 200 македонски е-продавници кои ги исполнуваат критериумите за учество. Најдобрите домашни е-трговци за 2024 година се натпреваруваат во 23 категории, поделени во три секции. Категориите вклучуваат:„Најпопуларна е-продавница“, „Е-продавница за храна и пијалаци на годината“,„Најдобра веб-страница за плаќање на сметки“, „Најдобра новоотворена е-продавница за 2024 година“, „Е-трговец на годината“ и други. Досега се собрани повеќе од 45.200 гласови од јавноста, што ја потврдува високата заинтересираност за изборот „E-commerce Awards 2024“.

Како да се вклучите во изборот и да ги поддржите вашите омилени е-продавници?

Гласањето е бесплатно и отворено за сите граѓани на официјалната веб-страница: www.ecommerceawards.mk. За да гласате, потребно е да внесете валидна е-мејл адреса. Во секоја категорија може да гласате само еднаш, а задолжителни категории за гласање се „е-трговец на годината“ и „најпопуларна е-продавница“ До сега се собрани повеќе од 45.200 гласови од јавноста, а гласањето од јавноста ќе трае до 10 февруари 2025 година, до 23:59 часот.

Како се одредуваат победниците?

По завршување на јавното гласање, следува гласање од стручно жири. Гласовите на публиката ќе учествуваат со 60%, а гласовите на жирито со 40% во конечниот резултат. За категоријата „најпопуларна е-продавница“ се земаат во предвид само гласовите од публиката. Победниците со најмногу гласови ќе бидат прогласени на свечен настан во март 2025 година, каде ќе им бидат доделени престижни статуетки и виртуелни беџови за да ги постават на своите веб страници. Овие признанија ќе можат да ги користат за зголемување на довербата кај купувачите и како маркетинг алатка за привлекување нови купувачи.

Зошто е важен изборот на најдобрите е-продавници?

Наградите „E-commerce Awards“ имаат клучна улога во промоцијата на позитивните практики во е-трговијата. Тие помагаат да се истакнат и наградат најдобрите е-продавници како примери за успех, иновација и професионалност. Со тоа се поттикнува здрава конкуренција која го движи секторот напред и придонесува за неговиот развој.

Дополнително, наградите ја подигнуваат свеста за значењето на е-трговијата како важен дел од економијата, што помага во борбата против сивата економија и ја зголемува довербата на потрошувачите кон е-продавниците. Оваа година наградите се организираат со поддршка на PRIME партнерот ИУТЕ, како и други партнери од приватниот сектор.

Повеќе детали за изборот може да погледнете на официјалната веб страница: https://ecommerceawards.mk/.

no baners

Останато

УЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега

Објавено

на

Управата за јавни приходи (УЈП) започна процес на системска проверка на сите приливи од странство што ги оствариле физичките лица во периодот од 2020 година до денес.

Информацијата ја потврдуваат и даночни советници, кои велат дека по објавите во медиумите и директната комуникација со граѓани, УЈП веќе испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство.

Според објавеното, контролата има за цел да утврди дали граѓаните кои во изминатите години оствариле приход од странство навистина го пријавиле тој приход и поднеле пресметка до УЈП, како и дали соодветно го платиле овој данок.

Од УЈП веќе се испраќаат решенија за наплата на данок за непријавени приливи од 2020 година. Дел од граѓаните веќе добиле известувања дека им е утврден долг по основ на непријавен приход, а во следните денови се очекува засилена активност на институцијата.

Даночните советници најавуваат дополнителни објаснувања и упатства за тоа како точно треба да се пријават приходите од странство кои подлежат на оданочување со данок на личен доход, со цел граѓаните навремено да постапат и да избегнат казни и камати.

Продолжи со читање

Останато

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат во сите деловни банки во земјата

Објавено

на

Граѓански обврзници од третата емисија, за која  Министерството за финансии веќе го објави проспектот, може да се запишат во сите деловни банки во земјава.

Граѓаните што сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа можат да го направат во филијалите на банките ширум земјата.

Рокот за запишување обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.

Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, колку што е износот на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанските обврзници се со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка изнесува 4,5% годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.

Продолжи со читање

Останато

Започна исплатата на повратот од „Мој ДДВ“, средствата до крајот на ноември

Објавено

на

Граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во наредните денови ќе ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки, информира Управата за јавни приходи (УЈП), по реакциите во јавноста дека исплатата за последниот квартал доцни.

Од УЈП информираат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се веќе проверени и одобрени, а исплатите ќе се реализираат етапно за да се избегнат технички оптоварувања, при што целиот процес ќе биде завршен најдоцна до крајот на ноември.

„Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за поврат на ДДВ и навремено ги имаат скенирано фискалните сметки ќе ги добијат средствата на своите сметки, без потреба од дополнителни постапки или пријави“, информираат од УЈП, апелирајќи граѓаните редовно да ги проверуваат податоците во апликацијата и точноста на внесените трансакциски сметки.

Исплатата доаѓа во пресрет на новогодишните празници и се очекува да придонесе за зголемена ликвидност кај домаќинствата и поинтензивна потрошувачка во последниот месец од годината.

Програмата „Мој ДДВ“ останува еден од клучните механизми за намалување на сивата економија и поттикнување на фискалната дисциплина, при што државата на граѓаните им враќа дел од платениот данок за пријавените фискални сметки, со што се стимулира користењето на безготовински плаќања и транспарентноста во прометот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange