Connect with us

Останато

ФЕД ќе ги прилагоди каматните стапки во согласност со податоците за инфлацијата и пазарот на трудот

Објавено

на

Намалувањето на каматните стапки во Соединетите Американски Држави (САД) во 2025 година во голема мера ќе зависи од постигнувањето на ниво на инфлација од два проценти и состојбата на пазарот на трудот. Каматните стапки најверојатно ќе останат во сегашниот опсег и во наредниот период, а можни се натамошни постепени намалувања во зависност од податоците.

Кон крајот на минатата година, ФЕД ја намали својата проценка за бројот на очекувани намалувања на каматните стапки оваа година од четири на две, што укажува на загриженост за инфлацијата. ФЕД не може со сигурност да го предвиди движењето на американската економија во 2025 година, па затоа ќе се прилагоди на најновите податоци.

Американскиот магазин „Forbes“ наведува дека е мала е веројатноста Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) да ги намали каматните стапки на состанокот на 29 јануари.

Пазарите во моментов предвидуваат со речиси 100 процентна сигурност дека каматните стапки ќе останат на ниво од 4,25 до 4,5 проценти односно нема да има нивно дополнително намалување.

Еден од факторите што ги комплицира работите се некои од најавените мерки на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Трамп во четвртокот изјави дека сака ФЕД да ги намали каматните стапки.

„Како што паѓаат цените на нафтата, ќе барам веднаш да се намалат каматните стапки, а тие да се намалат низ целиот свет“, рече американскиот претседател во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, повторувајќи ја формата на притисок што редовно го применуваше врз ФЕД со мал очигледен ефект.

На настанот во Белата куќа по коментарите, Трамп додаде: „Мислам дека ги разбирам каматните стапки подобро од нив, и секако подобро од оној кој е првенствено одговорен за донесување на тие одлуки“, очигледно алудирајќи на претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, кого Трамп го назначи на функцијата за време на неговиот прв мандат.

Останато

Трамп доби своја монета од еден долар во САД

Објавено

на

Ликот на американскиот претседател Доналд Трамп се најде на нова монета од еден долар, издадена по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави. Со тоа Трамп стана првиот жив американски претседател во последните сто години чиј лик се појавува на монета во оптек.

Американската ковница ја пушти монетата во продажба во средата, 2 септември. На предната страна е портретот на Трамп, заедно со натписите „LIBERTY“, „IN GOD WE TRUST“ и „1776 ~ 2026“, додека на задната страна е претседателскиот печат и бројот 250, во чест на големиот јубилеј.

Ролна од 25 монети се продава за 61 долар, а пакет од 100 монети за 154,50 долари. Побарувачката била голема, а дел од понудата била распродадена само неколку часа по почетокот на продажбата.

Иако имаат златна боја, монетите не содржат вистинско злато. Според американската Ковница, тие се изработени претежно од бакар, со 6 проценти цинк, 3,5 проценти манган и 2 проценти никел.

Монетите имаат номинална вредност од еден долар и можат да се користат како законско платежно средство, иако Ковницата ги промовира и како колекционерски изданија. Дополнително, 250.000 примероци биле исковани на 4 јули со специјална ознака и по случаен избор се вклучени во пакетите што се продаваат.

Појавувањето на ликот на жив претседател на американска валута предизвика и правни полемики, бидејќи американските прописи генерално го ограничуваат прикажувањето живи личности на парите. Администрацијата, сепак, се повикува на законските овластувања поврзани со специјалните дизајни за одбележување на 250-годишнината на САД.

Продолжи со читање

Останато

МФ: За првпат национална сертификација за внатрешните ревизори во јавниот сектор

Објавено

на

Министерството за финансии за првпат ќе организира национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, со што се воведува и национална сертификација за оваа професионална функција.

Од Министерството оценуваат дека ова е важен чекор во зајакнувањето на системот на внатрешна финансиска контрола и во професионализацијата на ревизорските единици во јавните институции.

Спроведувањето на испитот, како што посочуваат, треба да придонесе за поголеми капацитети на единиците за внатрешна ревизија, но и за поодговорно, законско и транспарентно работење на институциите.

Од Министерството нагласуваат дека националната сертификација е дел и од активностите за зајакнување на механизмите за спречување на корупцијата и подобрување на контролата во јавниот сектор.

Воведувањето на националниот испит е значајно и во контекст на евроинтегративниот процес. Со неговото организирање се исполнува дел од препораките на Европската Унија во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а истовремено се придонесува и кон реализација на обврските од Реформската агенда.

Материјалите за подготовка, како и испитните прашања, веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.

Тие се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.

Министерството најавува дека во следниот период дополнително ќе информира за роковите и останатите чекори поврзани со организирањето и спроведувањето на испитот.

Продолжи со читање

Останато

Привремено недостапни телефонските линии на Контакт центарот на УЈП

Објавено

на

Управата за јавни приходи информира дека телефонските линии на Контакт центарот се привремено недостапни, а во тек се активности за отстранување на причините за прекинот.

Од УЈП посочуваат дека во моментов не се во функција телефонските броеви 198, 02/3253-200 и 0800 33 000, при што последниот број е достапен само од фиксни оператори.

До повторното воспоставување на телефонските линии, граѓаните и даночните обврзници се упатуваат да ги користат останатите канали за комуникација.

Физичките лица можат да се обратат во надлежната канцеларија на УЈП според адресата, додека правните лица според седиштето на компанијата. За информации е достапна и електронската адреса [email protected].

Од Управата за јавни приходи им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и најавуваат дека се преземаат активности за нормализирање на работата на Контакт центарот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange