Connect with us
no baners

Банки

Вицегувернерката Митреска: Домашниот банкарски систем може да ја поддржи потребната структурна трансформација на економијата

Објавено

на

„Изминативе три години банкарскиот систем покажа голема отпорност на кризи од невидени размери. Не само што ја задржа својата стабилност, туку истовремено обезбедува постојана финансиска поддршка за приватниот сектор, придонесувајќи за побрзо закрепнување на економијата.“ Ова го посочи вицегувернерката, Ана Митреска, која учествуваше на Скопскиот економски форум II, на панел-дискусијата „Стратегии за одржување на економскиот раст во време на неизвесност“, на која учествуваа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, и потпретседателот на Стопанската комора, Зоран Јовановски.

Вицегувернерката во своето излагање рече дека во фаза на две последователни глобални кризи, банкарскиот систем обезбедува кредитна поддршка со годишен раст во распон од 8 ‒ 9%, а финансиите не се насочуваат само кон секторот „население“, туку значително се зголемува поддршката и за корпоративниот сектор. Околу 60% од растот на кредитите во 2022 година се должат на кредитирањето на корпоративниот сектор, што претставува најсилна финансиска поддршка за овој сектор во изминатиов период. Се разбира ова беше период и кога компаниите имаа потреба од ликвидност за обртни средства во услови на енергетска криза, но нашите анкетни податоци покажуваат дека побарувачката на кредити е поттикната и од потребите на претпријатијата од инвестиции. Истовремено, показателите за кондицијата на банките се поволни. Капитализираноста е на ниво близу 18%, а квалитетот на кредитното портфолио е добар, со учеството на лошите пласмани во вкупните пласмани, на историски ниско ниво од под 3%.

„Банкарскиот систем се соочи со кризите во солидна кондиција, што се должи на силната регулативна и супервизорска рамка, усогласена со највисоките меѓународни стандарди и внимателните политики на банките. „Во тековната криза, во која се испреплетуваат ризиците од повисоката инфлација, понискиот раст, енергетската криза, како регулатор делуваме проактивно на планот на осигурувањето доволно капитал во банките за да се ублажат потенцијалните ризици. Така, на пример, во два наврата ги зголемуваме барањата за капитал во форма на противцикличен заштитен слој за вкупно 0.75 п.п.“, вели Митреска.

„Оттука, македонската економија има добро поставен банкарски систем којшто може во еден дел да ја поддржи структурната трансформација на економијата, којашто ни е потребна“, истакнува вицегувернерката. Таа подвлече дека дополнителната финансиска поддршка насочена кон економска диверзификација, одржлив енергетски сектор, одржливи проекти од аспект на околината, дигитализацијата и иновациите може да придонесе за зголемување на потенцијалот за раст на економијата и општата благосостојба.

Банки

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки. 

Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Продолжи со читање

Банки

ПроКредит Банка го отвори новиот Центар за работа со население во Кисела Вода

Објавено

на

ПроКредит Банка го отвори новиот и модерен Центар за работа со население во Кисела Вода во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон, кој на клиентите ќе им понуди ново клиентско искуство, сеопфатни банкарски услуги, 24/7 зона, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски совети, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.  

Отворањето на центарот во Кисела Вода е со стратешка цел да се биде поблиску до граѓаните обезбедувајќи имперсонализиран пристап и банка партнер која ќе им помогне во оставарувањето на нивните цели. Дополнително, центарот е опремен и со 24/7 Зона, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како уплата и исплата на денари и евраи внесување на дневен промет во “drop box” сеф. 

Сакаме да го скршиме стереотипот за тоа како се работи со банка, каде што обично се чека во ред на шалтер со цел да завршите некоја обврска или пак чекање со денови за да се добие одобрување за кредит. Ние сме банка која нуди персонализирана и модерна услуга. Кај нас може да потпишете кредит директно на таблет и истиот може да го добиете за еден час. Банките треба да одат напред со нови,модерни филијали и 24/7 зони и навистина сме горди што ние сме пример и првата банка која што го спроведува тоа.”– истакна Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.

ПроКредит Банка покрај модерната услуга, нуди ипромотивна понуда за сите нови клиенти на Центарот за население во Кисела Вода. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 25.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци. 

Центарот за работа со население на ПроКредит Банка се наоѓа на ул. Борис Трајковски бр. 1 во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон и е со работно време од 08:30 до 16:30 часот.

Продолжи со читање

Банки

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Објавено

на

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.

На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.

Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.

Продолжи со читање

Популарно

no baners