Банки
Шпаркасе Банка со донација на противпожарно возило за Општина Ресен

Шпаркасе Банка АД Скопје, преку својата матична банка Штаермеркише Шпаркасе од Австрија, а во соработка со Македонската амбасада во Австрија, ѝ донираше противпожарно возило на Општина Ресен и на тој начин даде значаен придонес кон унапредување на возниот парк за специфични ситуации од големо значење за Преспанскиот регион.
За набавка на половното противпожарно возило за Општина Ресен како директна поддршка од Општината Св. Стефан од Грац, Австрија, во соработка со амбасадата на РСМ, Шпаркасе Банка издвои 15.000 евра (со сите вклучени даноци) и на тој начин овој регион се стекна со уште едно возило од јавен интерес за Ресен и околината.
„Би сакал да изразам голема благодарност до Шпаркасе Банка, од мое лично име, од името на граѓаните на Општина Ресен, како и од вработените во Територијалната противпожарна единица на општината, за добиената донација на половното противпожарно возило, за кое издвои 15.000 евра, до Македонската амбасада во Република Австрија, господинот Освит Росоклија и вработените во амбасадата, како и голема благодарност за укажаната директна поддршка од Општина Св. Стефан – Грац од Република Австрија, кои овозможија корисен придонес, со кој Општина Ресен доби можност за користење уште едно возило од јавен интерес со сите перформанси и можности за брза интервенција на Територијалната противпожарна единица. Општина Ресен и во иднина ќе продолжи преку реализација на различни проекти, донации и активности од областа на општествената одговорност, приспособени на потребите на опкружувањето, безрезервно и континуирано да се залага за подобрување, унапредување и за развој на заедницата во која живееме и работиме. Се надевам на понатамошна успешна соработка со Шпаркасе Банка како и со Амбасадата на Македонија во Австрија и со општините во Република Австрија“, изјави Јован Тозиевски, градоначалник на Општина Ресен.
„Во рамките на платформата “Sparkasse Life”, Шпаркасе Банка континуирано ја надоградува својата стратегија за корпоративна општествена одговорност со нови проекти. Предводени од нашиот корпоративен слоган – “Верувај во иднината”, преку оваа донација ја искажуваме нашата цврста заложба за поддршка и развој на локалните заедници, како и за подобрување на условите за живот на сите во општеството“, изјавија претставници од Шпаркасе Банка.
Шпаркасе Банка продолжува да дејствува во интерес на своите клиенти, но и на пошироката околина, детектирајќи области во кои може да овозможи поддршка во каква било форма. Само со заемна помош, верувајќи во подобра иднина, можеме да постигнеме подобри резултати и да ги подобриме условите за живот на граѓаните на државата.
Банки
Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.
На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки.
Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.
Банки
ПроКредит Банка го отвори новиот Центар за работа со население во Кисела Вода

ПроКредит Банка го отвори новиот и модерен Центар за работа со население во Кисела Вода во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон, кој на клиентите ќе им понуди ново клиентско искуство, сеопфатни банкарски услуги, 24/7 зона, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски совети, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.
Отворањето на центарот во Кисела Вода е со стратешка цел да се биде поблиску до граѓаните обезбедувајќи имперсонализиран пристап и банка партнер која ќе им помогне во оставарувањето на нивните цели. Дополнително, центарот е опремен и со 24/7 Зона, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како уплата и исплата на денари и евраи внесување на дневен промет во “drop box” сеф.
“Сакаме да го скршиме стереотипот за тоа како се работи со банка, каде што обично се чека во ред на шалтер со цел да завршите некоја обврска или пак чекање со денови за да се добие одобрување за кредит. Ние сме банка која нуди персонализирана и модерна услуга. Кај нас може да потпишете кредит директно на таблет и истиот може да го добиете за еден час. Банките треба да одат напред со нови,модерни филијали и 24/7 зони и навистина сме горди што ние сме пример и првата банка која што го спроведува тоа.”– истакна Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.
ПроКредит Банка покрај модерната услуга, нуди ипромотивна понуда за сите нови клиенти на Центарот за население во Кисела Вода. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 25.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци.
Центарот за работа со население на ПроКредит Банка се наоѓа на ул. Борис Трајковски бр. 1 во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон и е со работно време од 08:30 до 16:30 часот.
Банки
Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.
На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.
Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.
- Банкипред 1 недела
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Банкипред 2 месеци
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите
- Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со рекордна дивиденда – ќе подели 65 милиони евра на своите акционери!
- Банкипред 2 месеци
Европските инвестициски банки со најдобри трговски резултати во последната деценија
- Бизниспред 2 месеци
Mint Bonus прославува една година успех на програмата за лојалност на клиенти