Берза
Среброто достигна рекордно ниво – пазарниот притисок во Лондон го поттикна историскиот раст

Цената на среброто достигна рекордни 52,89 долари за унца, надминувајќи го историскиот максимум од 1980 година. Растот е поттикнат од зголемените вложувања во сигурна актива и недостиг на ликвидност на лондонскиот пазар, што доведе до премија од над 1 долар по унца во однос на Њујорк. Истовремено, златото продолжува да расте осма недела по ред, потврдувајќи ја силната позиција на благородните метали во услови на финансиска неизвесност.
Глобалната побарувачка, особено од Индија, дополнително ја намали достапноста на сребрени прачки, а високите стапки за позајмување сребро, кои надминаа 30%, го зголемија притисокот врз инвеститорите. Аналитичарите на „Goldman Sachs“ предупредуваат дека пазарот на сребро е девет пати помал од оној на златото, што ја засилува ценовната волатилност.
Според Bank of America, цената на среброто може да достигне 65 долари за унца до крајот на 2026 година, поттикната од постојан пазарен дефицит и очекуваните пониски каматни стапки. Во момент кога Федералните резерви најавуваат ново олабавување на монетарната политика, инвеститорите остануваат насочени кон благородните метали како стабилно засолниште во неизвесна економска клима.
Берза
Алта Банка ги известува акционеритe на Стопанска Банка Битола – јавната понуда за запишување акции завршува на 10 октомври

Алта Банка АД Белград ги известува сите акционери наСтопанска Банка АД Битола кои сè уште немаат запишаноакции во рамки на јавната понуда, дека јавната понуда зазапишување акции завршува на 10.10.2025 година.
Сите заинтересирани акционери, согласно јавниот повик, можатда ги запишат, односно да ги продадат своите акции по цена од3.777 денари за една акција.
Запишувањето на акциите се врши преку овластените банки и брокерски куќи, информираат од банката.
Берза
Нови државни обврзници примени на котација на Македонската берза

Од денеска, 2 октомври 2025 година, на Официјалниот пазар – подсегмент Берзанска котација, се примени две нови емисии на државни обврзници издадени од Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
Станува збор за обврзници без девизна клаузула, со различни рокови на достасување и каматни стапки:
Државни обврзници со доспевање во 2027 година
Вредност на емисијата: 495.810.000 МКД
Број на издадени хартии од вредност: 49.581 Номинална вредност: 10.000 МКД
Датум на издавање: 18.09.2025
Датум на достасување: 18.09.2027
Каматна стапка: 3,75%
Шифра за тргување: М180927
ИСИН код: MKMINF20GCK5
Државни обврзници со доспевање во 2040 година
Вредност на емисијата: 2.315.250.000 МКД
Број на издадени хартии од вредност: 231.525
Номинална вредност: 10.000 МКД
Датум на издавање: 18.09.2025
Датум на достасување: 18.09.2040
Каматна стапка: 5,10%
Шифра за тргување: М180940
ИСИН код: MKMINF20GCL
Со оваа котација, Министерството за финансии продолжува со редовната практика на издавање државни хартии од вредност со цел финансирање на буџетските потреби и развој на домашниот пазар на капитал.
Анализи
Американскиот берзански пазар на крстопат: Вештачка интелигенција против регулаторна неизвесност

Американскиот берзански пазар го прекина тринеделниот раст и покрај позитивните економски извештаи, поради сомнежи околу понатамошниот пристап на Федералните резерви кон намалување на каматните стапки.
Индексот „S&P 500“ забележа неделен пад од 0,3%, но остана над нивото од 6.600 поени, додека „Nasdaq“, кој е концентриран на технолошки компании, загуби 0,7% од вредноста.
Силна економска активност, но претпазливост кај инвеститорите
Официјалните податоци за економскиот раст на САД за вториот квартал покажа годишна стапка од 3,8%, над претходната прогноза од 3,3%, првенствено поради порастот на личната потрошувачка. Ова е најбрзиот раст на американската економија од третото тримесечје на 2023 година, што укажува дека високата клучна каматна стапка на ФЕД сè уште не ја намали економската активност.
Нето извозот придонесе со 4,8 процентни поени во растот на БДП во вториот квартал, додека личната потрошувачка се зголеми за 2,5% во споредба со првично проценетите 1,6%, со значителен пораст во услужниот сектор, финансиските услуги и осигурувањето.
Вештачка интелигенција како двигател на раст
На деловниот фронт, инвеститорите сè уште обрнуваат внимание на трендот на инвестиции во вештачка интелигенција (AI), што е веројатно главната причина за неочекувано силниот отпор на американската економија и покрај полошата макроекономска средина поради повисоките тарифи.
Корпоративната потрошувачка за вештачка интелигенција (AI) порасна за 15%, а инвестициите во опрема за 8,5%. Големите проекти на „Intel“ и „NVIDIA“, како и емисијата на корпоративен долг од 18 милијарди долари од „Oracle“, второ најголемо зголемување на капиталот оваа година, покажуваат дека инвестициите во секторот за вештачка интелигенција (AI) ја држат економијата на нозе, иако го зголеми ризикот за корпоративната ликвидност.
Само една недела по објавувањето на инвестиција од 5 милијарди долари во „Intel“, „NVIDIA“ објави дека ќе инвестира 100 милијарди долари во OpenAI, компанијата позната низ целиот свет по својот четбот ChatGPT. „NVIDIA“ ќе ѝ овозможи на компанијата да изгради најмалку 10 гигавати центри за податоци со вештачка интелигенција, при што инвестицијата ќе се прави како што се распоредува секој гигават.
Победник и губитник на неделата
„H&M“ беше најуспешен на берзата со раст на акциите од речиси 14% поради подобар од очекуваниот профит и силна продажба на есенската колекција. Оперативната добивка порасна за 40%, а акциите достигнаа највисоко ниво во последната година.
Најголем губитник беше „Amazon“, чии акции паднаа за повеќе од 5% поради спогодба со американските регулатори од 2,5 милијарди долари за наводно заведување на корисниците на „Prime“ и тешкотии со откажувањето на претплатите. Инвеститорите се загрижени и за забавувањето на растот во областа на cloud услугите, што влијае на довербата во долгорочната перспектива на компанијата.
Заклучок
Пазарите во САД покажуваат дека економската активност останува стабилна, поттикната од лична потрошувачка и инвестициски проекти, особено во ВИ секторот. Сепак, инвеститорите остануваат претпазливи поради неизвесноста околу фискалните политики на ФЕД и потенцијалните регулаторни ризици за големите технолошки компании.
-
Продуктипред 2 месеци
Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка
-
Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Кешот vs дигиталната ера – дали граѓаните ќе им останат верни на банкоматите?
-
Банкипред 2 месеци
Добре дојде во светот на Bonus Box – новата програма за лојалност од Комерцијална банка
-
Бизниспред 2 месеци
За прв пат во Македонија, Иуте воведе целосно автоматизиран систем за обработка на кредитни апликации, достапен 24/7
-
Банкипред 1 месец
Фатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Бизниспред 2 месеци
Ексклузивна соработка помеѓу Flex Pay и Ria Money Transfer – брзи и сигурни парични трансфери сега достапни во Flex Pay и филијалите на Flex Credit
-
Банкипред 1 месец
Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка
-
Банкипред 2 месеци
Орлин Ваташки e нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје