Connect with us

Банки

Уште една нова дигитална услуга од Комерцијална банка – активирање Интернет банка со електронска идентификација OneID

Објавено

на

Многу едноставно и без посета на шалтер, направете ги вашите лични финансии достапни во секое време и од секое место! Сега, може да активирате Интернет банка на Комерцијална банка преку електронска идентификација со OneID. Така добивате пристап од далечина до банкарски услуги и можност за вршење трансакции 24/7, по ваша желба и потреба.

Активирањето Интернет банка со електронска идентификација OneID преку веб-страницата на банката ви дозволува максимална слобода и задоволство. Станувате корисник на Интернет банка со неколку клика и влегувате во светот на одговорни и привилегирани лични финансии.

Интернет банката на Комерцијална банка ви овозможува:

  • неограничен увид во состојбата на вашите сметки
  • вршење банкарски трансакции секогаш кога имате потреба од нив
  • пристап до голем број банкарски услуги во кој било период од денот
  • од 60 % до 80 % пониски надоместоци за трансакции отколку на шалтер
  • максимално безбедни трансакции и заштита на вашите податоци

Ова е уште една услуга со која Комерцијална банка, како лидер на пазарот, овозможи практична примена на услугата електронска идентификација во вашите секојдневни финансиски трансакции. Со употреба на електронската идентификација OneID, без посета на шалтер, веќе може да ажурирате лични податоци, а наскоро ќе може отворите платежна сметка во Комерцијална банка, како и да поднесете барање преку Интернет банка за дозволено пречекорување на сметка и за потрошувачки кредит.

Вашите секојдневни финансиски обврски не мора да бидат товар на вашето слободно време и на вашето задоволство. Услугата електронска идентификација и Интернет банката на Комерцијална банка ги прават вашите финансиски трансакции брзи и ефикасни без посета на шалтер. А корисничкото задоволство и безбедноста ги задржуваат како врвен приоритет.

Дознајте повеќе на следниот линк.

Банки

Кредитите во август пораснале за 13,6 отсто, депозитите за 9 отсто

Објавено

на

Кредитната активност на банките во август годинава забележала раст од 0,7 отсто на месечно и 13,6 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Раст е забележан и кај кредитите на домаќинствата и кај корпоративниот сектор.

Вкупните депозити, пак, во август се зголемиле за 1,6 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишна основа растот изнесува 9 отсто. Зголемување е регистрирано и кај депозитите на домаќинствата и кај компаниите.

Кај корпоративниот сектор, депозитите пораснале за 6,2 отсто на месечно и 6,1 отсто на годишно ниво. Кредитите на компаниите, пак, во август се зголемиле за 0,6 отсто на месечно ниво, додека годишниот раст забрзал на 15,1 отсто. Зголемувањето целосно произлегува од кредитирањето во домашна валута.

Депозитите на населението во август се намалиле за 0,4 отсто во однос на јули, но на годишна основа се повисоки за 10,2 отсто. Орочените депозити на домаќинствата пораснале за 0,6 отсто месечно и за 5,8 отсто годишно.

Кредитите на населението продолжиле да растат, и тоа за 0,7 отсто на месечно и 12,3 отсто на годишно ниво. Потрошувачките кредити бележат годишен раст од 12,2 отсто, а станбените кредити од 16,2 отсто.

Истовремено, паричната маса во август се зголемила за 1,3 отсто на месечно и за 8,2 отсто на годишно ниво.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ и европските централни банки бараат промена на правилата за резервите на стејблкоините

Објавено

на

Европската централна банка и националните централни банки во Европската Унија предлагаат да се укине обврската издавачите на стејблкоини да чуваат минимален дел од своите резерви како депозити во банки, објави Reuters.

Во моментов, според правилата на MiCA, издавачите на стејблкоини треба да чуваат 30 отсто од резервите како банкарски депозити, а кај поголемите издавачи тој удел изнесува 60 отсто. Централните банки предлагаат ова правило да се замени со барање одреден минимален дел од резервите да биде вложен во средства што доспеваат во рок од еден до пет работни дена.

Според Европскиот систем на централни банки, чувањето на резервите како банкарски депозити може да ја промени структурата на финансирање на банките, бидејќи постабилните депозити на граѓаните би можеле да бидат заменети со депозити од издавачи на стејблкоини, кои се почувствителни на пазарни движења.

Европските монетарни власти предупредуваат и на ризиците поврзани со таканаречените модели на повеќекратно издавање на стејблкоини, кај кои токените издадени во ЕУ се третираат како заменливи со оние издадени надвор од Унијата. Според нив, ваквите модели можат да создадат ризици за финансиската стабилност.

Централните банки дополнително укажале дека европските регулатори се соочуваат со значителни предизвици во спроведувањето на правилата за крипто-секторот, бидејќи дел од компаниите што не се усогласени со прописите и натаму имаат пристап до клиенти во ЕУ.

Продолжи со читање

Банки

Околу 80 вработени во Стопанска банка даруваа крв во крводарителска акција

Објавено

на

Околу 80 вработени во Стопанска банка АД – Скопје вчера учествуваа во крводарителска акција, покажувајќи хуманост и солидарност преку доброволно дарување крв.

Од Банката истакнаа дека со оваа акција вработените уште еднаш покажале дека и еден мал гест може да има големо значење за оние на кои им е потребна помош.

Стопанска банка упати благодарност до сите вработени кои учествуваа во акцијата, нагласувајќи дека со својата несебичност придонесуваат за поддршка, надеж и шанса за живот.

Крводарителската акција е дел од активностите преку кои Банката и нејзините вработени ја поддржуваат хуманоста и општествената одговорност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange