Банки
Стојаноски од НЛБ Банка: Производствените компании се меѓу главните двигатели на економскиот раст, но македонските компании мора да инвестираат во дигитална трансформација и одржливост
Членот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бојан Стојаноски, учествуваше на панел-дискусијата „Производство со висока додадена вредност за извозните пазари“, одржана во рамки на конференцијата „IFC Day in North Macedonia“, организирана од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка.
Во своето обраќање, Стојаноски истакна дека производствените компании се меѓу главните двигатели на економскиот раст, но дека за нивниот понатамошен развој се потребни современи финансиски решенија кои, покрај инвестициите во производствени капацитети, ќе ја поддржат дигитализацијата, одржливоста и зголемувањето на конкурентноста.
„Нашата цел е да им помогнеме на компаниите да бидат поконкурентни, попродуктивни и подобро поврзани со европските производствени и добавувачки синџири. Денес не е доволно само да се финансираат производствени капацитети, туку потребни се решенија што ќе ја поддржат дигитализацијата, одржливоста, енергетската ефикасност и долгорочниот развој“, истакна Стојаноски.
Тој посочи дека НЛБ Групацијата е меѓу лидерите во одржливото финансирање во регионот, со околу 1 милијарда евра инвестирани во зелени обврзници, додека НЛБ Банка Скопје преку своето портфолио на зелени кредити активно ги поддржува инвестициите на клиентите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и одржлив развој.
Стојаноски се осврна и на придобивките од приклучувањето кон СЕПА, оценувајќи дека побрзите и поефикасни плаќања дополнително ќе ја зајакнат конкурентноста на македонските извозно ориентирани компании и нивната интеграција на регионалните и европските пазари.
Фото: Томислав Георгиев
Банки
Halk Premium: Низа банкарски и дополнителни поволности за 300 денари месечно
Halkbank АД Скопје ги промовира поволностите на Halk Premium пакетот, наменет за приматели на плата, кој за месечен надомест од 300 денари обединува повеќе банкарски и дополнителни услуги.
Пакетот вклучува Mastercard World дебитна картичка, влез во деловни салони и Fast Track услуги на аеродроми, асистенција на пат во Европа и патничко осигурување со покритие од 10 дена.
Меѓу поволностите е и повлекување готовина без провизија од сите банкомати во земјата, како и користење електронско и мобилно банкарство 24/7 и СМС известување.
Корисниците на пакетот добиваат и ORYX Home Assistance, услуга која обезбедува 24-часовна асистенција во домот.

Halk Premium е достапен за 300 денари месечно, а повеќе информации за условите и услугите во пакетот се достапни на веб-страницата на Halkbank.
Банки
АЛТА БАНКА Белград ја зацврсти контролата врз АЛТА банка Битола – уделот достигна 95,25%
АЛТА БАНКА АД Белград дополнително ја зацврсти својата сопственичка позиција во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 56 обични акции од македонската банка.
По последната трансакција, белградската банка располага со вкупно 372.408 обични акции, односно со 95,2506 отсто од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.
Информацијата е објавена во известување за промена кај акционер со значителен удел, согласно Правилата за котација на Македонската берза.
Известувањето е објавено врз основа на член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје.
Банки
НЛБ Банка со промотивен депозит: Фиксна камата од 3,5% во денари и 2,6% во евра
НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата за НЛБ Промотивниот депозит со рок на орочување од 25 месеци.
За депозитите во македонски денари фиксната каматна стапка изнесува 3,5%, додека за депозитите во евра изнесува 2,6%.

Промотивниот депозит е достапен преку мобилното банкарство мКлик, преку кое клиентите можат да ги орочат своите средства со однапред утврдена каматна стапка за целиот период.
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со поволности за клиентите кои ќе ја префрлат платата
-
Кариерапред 1 месецНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари





