Connect with us
no baners

Банки

Преку нејзиниот докажан бизнис модел базиран на стабилни фундаменти, Стопанска Банка “изброи” 42,5 милиони евра добивка за 2022 година

Објавено

на

Во согласност со неревидираните финансиски извештаи на Стопанска Банка АД-Скопје (во натамошниот текст: СБ или Банката) со пресечен датум 31.12.2022 година, добивката пред оданочување на Банката изнесува 2.617.019 илјади денари, односно незначителни 4% под нивото остварено минатата година. Истовремено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 3.851.117 илјади денари, што претставува зголемување за 10% во однос на 2021 година. Со тоа, Банката го задржува долгогодишниот континуитет на постигнати успешни финансиски резултати засновани на стабилни фундаменти, прудентен пристап кон ризиците, докажан бизнис – модел, силна капитална позиција и добро корпоративно управување. Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката која на крајот на годината изнесува 122.848.627 илјади денари, што претставува раст од 8% во однос на 2021 година. На тој начин, Банката го продолжува перманентиот раст на нејзините бизнис – активности во согласност со својата деловна стратегија.

Како потврда за континуираната успешна работа, надградба и посветеност кон клиентите, своите вработени и кон заедницата е добиената награда за најдобра банка во земјава од Euromoney Awards for Excellence, 2022. Прогласувањето на најдобрите банки се одржа во Лондoн, каде што на претставниците на Стопанска банка им беше врачено признанието кое е едно од најзначајните во светската банкарска индустрија. Наградата секоја година ја доделува реномираниот британски магазин „Euromoney“ кој ја оценува работата на банките и финансиските институции во светот според различни критериуми, како што се остварените резултати во работењето, позицијата на пазарот, иновациите и воведените нови услуги, системот на управување и односот на вработените. Стопанска банка е добитник на наградата за најдобра банка според прикажаните врвни резултати во секоја област на работењето за оценуваниот период од април 2021 година до март 2022.

Според „Еурoмани“ Стопанска банка постигнала најдобри финансиски резултати во силната конкуренција на домашниот банкарски сектор. И покрај континуираните инвестиции на банката во дигиталното банкарство, таа успева да ги контролира трошоците и да постигне балансиран раст. Од позначајните активности кои ја одбележаа 2022 година помеѓу другото, може да се истакнат: започнувањето со работа на друштвото во целосна сопственост на Банката – СБ Лизинг, ставањето на темелите на новата административна зграда на Банката која ќе биде изградена по врвни технолошки и оперативни стандарди, склучувањето на кредитната линија со ЕБРД за финансирање на микро, мали и средни компании за подобрување на нивната конкурентност итн.

Нето-приходите од камати изнесуваат МКД 4.204.272 илјади и се зголемени за 9% во однос на истиот период од минатата година, пред сѐ како резултат на интензивните кредитни активности и зголемувањето на кредитното портфолио.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат МКД 898.638 илјади денари и се зголемени за 8% во однос на анализираниот период во 2021 година, што се должи на зголемениот обем на активности, од кои најмногу во делот на платните услуги и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 43% и изнесуваат МКД 157.532 илјади, како резултат на зголемениот волумен на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар. Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 28% и изнесуваат МКД 594.070 илјади.

И покрај ценовните флуктуации и високата инфлација, континуираните инвестиции на Банката во дигиталното банкарство и човечкиот капитал, Банката успеа да ги ограничи оперативните трошоци од работењето и да ги одржи на релативно стабилно ниво, при што трошоците за вработени изнесуваат 958.918 илјади денари, додека оперативните
трошоци изнесуваат 886.927 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 1.234.098 илјади денари, која е зголемена за 60% во однос на истиот период од претходната година, пред сѐ како резултат на високо прудентниот пристап во управувањето со кредитниот ризик, во услови на изразени неизвесности во домашната економија и на глобалната сцена.

Вкупната актива изнесува МКД 122.848.627 илјади денари и е поголема за 8% во однос на 2021 година.

Паричните средства и парични еквиваленти споредени со крајот на 2021 година се повисоки за МКД 1.601.647 илјади денари, односно за 8%, како резултат на зголемената ликвидност, особено во втората половина на годината.

Кредитите на и побарувања од други комитенти нето остварија пораст од 10% и изнесуваат МКД 85.894.084 илјади.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат МКД 297.437 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2021 година за 7%.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат МКД 10.386.884 илјади денари, што претставува намалување од 16% во однос на минатата година, поради пренасочување на овие средства во кредитни активности во согласност со деловната политика на Банката.

Останатите побарувања забележаа пораст од 22% и изнесуваат МКД 1.904.662 илјади.

Вкупните депозити на други комитенти остварија пораст од 5%, односно се зголемија за МКД 4.720.318 илјади и на крајот на 2022 година изнесуваат МКД 94.393.757 илјади.

Капиталот и резервите изнесуваат МКД 22.268.420 илјади денари, што претставува зголемување за 13% во однос на крајот на 2021 година.

Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постојки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи).

Недвижностите и опремата изнесуваат МКД 1.582.808 илјади и бележат зголемување за 93% како резултат на почетните вложувања во нов деловен објект на Банката.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи).

Обврските по кредити изнесуваат МКД 1.930.696 илјади денари и се зголемени во однос на крајот на 2021 година за 14%, пред сѐ поради искористување на поволните услови од расположливите кредитни линии.

Банки

НЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година

Објавено

на

Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година е реализирана, информираат од НЛБ Банка.

Корисниците на оваа помош средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време, без ограничување на работното време на банките.

Воедно, клиентите се потсетуваат дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, што овозможува побрзо и поедноставно користење на средствата.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Потпишувањето налози преку Интернет банка сега со само еден чекор

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје информира дека со користење на услугата Интернет банка потпишувањето налози може да се извршува на многу поедноставен начин. Банката посочува дека новата функционалност овозможува едноставна политика за потпишување денарски налози, при што плаќањето се реализира со само еден чекор.

Со ова решение, корисниците добиваат помалку административни процедури и поголема ефикасност во секојдневното работење, што значително го олеснува управувањето со финансиските трансакции.

Од Комерцијална банка објаснуваат дека преку Интернет банка клиентите можат побрзо и поедноставно да ги извршуваат своите плаќања, а дополнителни информации за начинот на користење се достапни во видео туторијалот објавен на официјалниот линк на банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди брзи и сигурни трансакции со картичките и лесно следење на трошоците преку телефон

Објавено

на

Со картичките на Стопанска банка клиентите добиваат брзи и сигурни трансакции, како и практична контрола врз своите финансии. Банката им овозможува на корисниците преку современи дигитални услуги лесно да ги следат своите трошоци директно од мобилниот телефон.

Со ова решение, клиентите можат во секое време да имаат увид во направените плаќања, состојбата на сметката и тековните трансакции, што овозможува подобро управување со личниот буџет. Дигиталните алатки на Стопанска банка се наменети да обезбедат поголема удобност, безбедност и контрола во секојдневното користење на банкарските услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange