Connect with us
no baners

Банки

Според ММФ Народната банка покажува висока транспарентност

Објавено

на

Народната банка спроведува напредни практики на транспарентност, се наведува во Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којшто ги сумира наодите од оцените на нивото на примената на принципите содржани во Кодексот на транспарентност на централните банки на ММФ. Народната банка беше втора од вкупно седум централни банки за кои ММФ во 2021 година направи оцена на практиките во однос на транспарентноста и отчетот во работењето.

Долгогодишната заложба за висока транспарентност е вградена во Законот за Народната банка и е поставена како стратегиска цел во рамките на мандатот на Народната банка, се наведува во Извештајот. Поради спроведувањето политика на висока транспарентност и достапност на информациите во однос на своето работење, Народната банка гарантира значителна доверба кај засегнатите страни и ја зацврстува својата автономија и ефикасност во спроведувањето на политиките.

Извештајот на ММФ јасно утврдува дека сеопфатната рамка на транспарентност на Народната банка е добро воспоставена и ги опфаќа одлуките коишто се носат од аспект на монетарната политика, анализите и монетарните и девизните операции. Високата транспарентност се отсликува и преку навременоста и фреквенцијата на објавување на информациите. Во Извештајот, исто така, се наведува дека Народната банка направила значителна напори за подобрување на транспарентноста во делот на финансиска стабилност и се очекуваат дополнителни подобрувања на практиките на транспарентност со новиот Закон за финансиска стабилност. Во Извештајот се посочува и проширениот опфат на јавно достапни информации за внатрешната ревизија и рамката за управувањето со ризиците, како елементи коишто овозможуваат поставување интерни контролни механизми на претпазливост во Народната банка, што придонесува за соодветно носење на одлуките во рамките на надлежностите на централната банка.

Кодексот на транспарентност на централните банки е сеопфатен збир на принципи и практики за транспарентност, коишто се препорачуваат од ММФ за примена од страна на  централните банки. На тој начин, со Кодексот се овозможува централните банки да ги оценат и да ги унапредат своите практики во однос на отчетноста и да го зајакнат дијалогот со јавноста, заради појасно презентирање на начинот на којшто се носат одлуките и како се постигнуваат целите на централните банки.

Извештајот е достапен на следнава врска: https://www.imf.org/-/media/Files/Publications/PP/2023/English/PPEA2023006.ashx.

no baners
no baners

Банки

Халкбанк со ПЕНЗИ пакет: Пензијата пред први во месецот и 1.000 денари за нови корисници

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира ПЕНЗИ пакетот наменет за пензионерите, кој овозможува пензијата да биде достапна пред секој први во месецот, заедно со низа дополнителни банкарски поволности.

Како дел од пакетот, корисниците можат да подигнуваат готовина без провизија од сите банкомати во земјата, а на располагање им се и бесплатно електронско и мобилно банкарство.

Пакетот вклучува и бесплатни СМС известувања за банкарските трансакции и состојбата на сметката.

Дополнително, Халкбанк нуди 1.000 денари за новоотворени ПЕНЗИ пакети.

Од Банката посочуваат дека понудата е креирана со цел пензионерите полесно да располагаат со своите средства и да користат повеќе банкарски услуги без дополнителни трошоци.

Продолжи со читање

Банки

Светска банка ја зголеми прогнозата: Економски раст од 3,2% за Македонија во 2026 година

Објавено

на

Светска банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Северна Македонија и сега очекува домашната економија да забележи раст од 3,2% во 2026 година.

Новата проекција е повисока од прогнозата објавена во јуни, кога Светска банка очекуваше раст од 2,9%, покажуваат најновите податоци од извештајот за економските движења во Европа и Централна Азија.

Сепак, очекуваниот раст годинава би бил понизок во однос на 2025 година, кога македонската економија остварила раст од 3,5%.

Според најновите проекции, во 2027 година економскиот раст на Северна Македонија се очекува да забави на 3%, а истата стапка се прогнозира и за 2028 година.

Во поширок регионален контекст, Светска банка очекува економиите на Западен Балкан во 2026 година во просек да пораснат за 3,1%, додека за 2027 година се прогнозира раст од 3,4%.

Новата прогноза претставува нагорна корекција на очекувањата за македонската економија, во услови на неизвесно глобално окружување и ризици поврзани со геополитичките тензии, цените и надворешната побарувачка.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со предупредување до клиентите: Зголемена внимателност поради сајбер измами

Објавено

на

Месецот на свесност за сајбер безбедност, кој се одбележува секоја година во октомври, е глобална иницијатива креирана со цел да ја подигне свесноста за важноста на заштита на личните и деловните податоци во дигиталниот свет.

Со растечката појава на сајбер напади, пробивање на податоци и интернет измами, Месецот на свесност за сајбер безбедност има за цел да ги едуцира поединците и компаниите за најдобрите практики за заштита од сајбер закани.

Стопанска банка редовно ги потсетува и предупредува своите клиенти да бидат внимателни и претпазливи со цел максимална заштита на нивните професионални и лични податоци.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange