Connect with us

Банки

20 години пример за одговорност – ПроКредит Банка

Објавено

на

„Дали твојата банка го гледа светот на ист начин како и ти?“ е прашањето кое ПроКредит Банка го поставува во новата кампања по повод 20 години постоење на македонскиот пазар, и кое отвора нови хоризонти. Преку слоганот „Пример за одговорност“, ПроКредит преку лични примери покажува дека општествената одговорноста не е само една голема донација, туку е систематизиран принцип на работа кој се провлекува низ конкретно дефинирани одговорни практики.

ПроКредит Банка низ одговорниот принцип на работа остава пример за вистинските вредности кои неретко остануваат заборавени во трката за профит. Фокусирајќи се на одржливиот развој, банката гордо може да се пофали со најголема застапеност на еко портфолио во банкарскиот сектор од 20% и 150 инвестиции во фотоволтаични централи, покажувајќи низ пример дека природата е важна.

ПроКредит Банка, уште од своите почетоци е развојно ориентирана банка, па така со својот фокус на поддршка на мали и средни претпријатија, изминатите 20 години успеа да го даде својот значаен придонес кон развој на локалната економија, поддршка на извозот и креирање на нови работни места. Посветеноста на бизнисите е евидентна и низ бројка – 90% од кредитното портфолио на банката е насочено токму кон овој сектор.

Но, одговорноста на банката можеби и најдобро се распознава преку подготвеноста да се откажат од дополнителен профит, во име на долгорочен одржлив развој. Па така, преку строго дефинирана листа на бизниси кои и штетат на животната средина или на општеството, ПроКредит транспарентно ги објавува бизнисите кои не ги финансира, како што се градежни активности во национални паркови, ископини на руда, казина и обложувалници, компании кои произведуваат пластика за еднократна употреба и сл. На тој начин, оставаат позитивен пример водејќи се по правилото дека она што го правиме за наше добро, треба да биде еднакво добро и за иднината!

Низ континуирана едукација ПроКредит ги води своите клиенти кон паметни решенија за нивните финансиски одлуки верувајќи во идејата дека помалку, помудро и одговорно може да биде подобро. Промовирајќи ја културата на штедење пред консумеризмот – ПроКредит Банка во своето портфолио не поддржува, промовира и нуди ненаменски потрошувачки кредити.

„Горди сме што сме лидери во одговорните практики и одржливоста во банкарскиот сектор, со силна посветеност кон нашите клиенти и заедницата во кoja работиме. Преку нашите дела инвестираме во долгорочен развој на економијата, општеството и екологијата, што е од особена важност за креирање на одржлива иднина. Соочени со предизвиците на денешницата сметаме дека овој принцип на работа станува сè поважен во периодот кој следи, а тоа дополнително нè мотивира уште повеќе да се посветиме и активно да работиме на истото. Нашиот главен фокус продолжува да биде остварување позитивното влијание во општеството, но истовремено наша цел е преку наш пример да поттикнеме дискусија и акција на тема која е важна за сите, не само за банките. Прославувајќи ја нашата 20-годишнина, им изразуваме благодарност на нашите клиенти и соработници за нивната лојалност и поддршка. Продолжуваме заедно да чекориме одговорно и во наредните децении кои се пред нас!“, изјавија од ПроКредит Банка.

Нудејќи професионална и комплетна банкарска услуга, ПроКредит Банка ја потврди довербата кај клиентите, кои ја одбираат ПроКредит како прв избор, пред сè поради квалитетната услуга, но и поради фактот што веќе 20 години се синоним за транспарентност, стабилност, иновативност и инклузивност.

Фокусирани кон вас и вашите потреби, ПроКредит продолжува да делува како банка која поставува стандарди за одржливост, одговорност и етичност, позитивен економски раст и развој и со силен фокус на зелените инвестиции и дигитализацијата.

Банки

Народна банка: Каматите на вкупните кредити се намалија, новите заеми поскапеа во август

Објавено

на

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во август 2026 година изнесувала 4,67 проценти, што претставува намалување од 0,01 процентен поен во однос на претходниот месец и од 0,23 процентни поени на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Кај депозитите, просечната каматна стапка останала непроменета во однос на јули и изнесувала 2,18 проценти. На годишно ниво е забележано минимално намалување од 0,01 процентен поен.

Истовремено, податоците покажуваат поинакво движење кај новите банкарски производи. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во август се зголемила за 0,26 процентни поени на месечно и за 0,22 процентни поени на годишно ниво, достигнувајќи 4,70 проценти.

Повисоки камати се забележани и кај новопримените депозити. Нивната просечна каматна стапка изнесувала 2,72 проценти, што е зголемување од 0,30 процентни поени во однос на јули и од 0,66 процентни поени во однос на август минатата година.

Каматите за компаниите благо се намалуваат кај постојните кредити

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити во август се намалила за 0,01 процентен поен и изнесувала 4,33 проценти. На годишно ниво намалувањето изнесува 0,19 процентни поени.

Кај депозитите на компаниите, пак, е забележано зголемување. Просечната каматна стапка изнесувала 2,69 проценти, што е раст од 0,06 процентни поени на месечно и од 0,16 процентни поени на годишно ниво.

Позначителен раст е регистриран кај новоодобрените корпоративни кредити. Нивната просечна каматна стапка достигнала 4,68 проценти, по месечен раст од 0,47 процентни поени. На годишна основа, по неколку месеци на намалување, каматата се зголемила за 0,35 процентни поени.

Кај новопримените депозити на компаниите каматната стапка изнесувала 2,75 проценти, при месечен раст од 0,77 и годишен раст од 0,89 процентни поени.

Каматата на кредитите за населението падна на 5 проценти

Кај домаќинствата продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити. Во август таа изнесувала 5 проценти, што е намалување од 0,02 процентни поени во однос на јули и од 0,27 процентни поени на годишно ниво.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата останала непроменета на месечно ниво и изнесувала 2,11 проценти. Во споредба со август минатата година, таа е пониска за 0,03 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити за домаќинствата немало промена во однос на претходниот месец, па просечната каматна стапка останала на 4,73 проценти. На годишно ниво, сепак, таа е повисока за 0,05 процентни поени.

Новопримените депозити на домаќинствата во август носеле просечна камата од 2,72 проценти, што претставува зголемување од 0,07 процентни поени на месечно и од 0,54 процентни поени на годишно ниво.

Податоците на Народната банка покажуваат дека, иако просечните камати на вкупното кредитно портфолио продолжуваат благо да се намалуваат, кај новоодобрените кредити во август е забележан раст на каматните стапки. Од друга страна, повисоките камати на новопримените депозити значат и нешто подобри услови за новото штедење во банките.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.

Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.

„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.

Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.

Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.

Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange