Connect with us
no baners

Банки

Регионалниот проект за управување со цврст отпад во земјата, финансиран од ЕБОР, добива дополнително финансирање од ЕУ

Објавено

на

no baners

Грант од 2 милиони евра од ЕУ и билатералните донатори преку Програмата за инвестирање на Западен Балкан ќе финансира длабинска анализа и проценка на потребите во Вардарскиот и Југо-источниот регион.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската унија (ЕУ) и билатералните донатори преку Програмата за инвестирање на Западен Балкан (WBIF) ја поддржуваат модернизацијата и проширувањето на системот за управување со отпад во Северна Македонија.

Инвестицијата, финансирана со заем од ЕБОР во износ од 55 милиони евра, кој претходно беше потпишан, вклучува изградба на санитарни депонии, трансфер станици и инфраструктура за собирање отпад во повеќе региони. Првата фаза, финансирана со транша од 47,5 милиони евра, веќе е во фаза на имплементација и опфаќа активности во регионот на Пелагонија, Југо-западниот и Полошкиот регион.

Денес се потпиша Договорот за грант за дополнителни 2 милиони евра техничка поддршка, обезбедени прекуПрограмата за инвестирање на Западен Балкан, кои ќе го иницираат процесот на мобилизирање на втората транша од заемот, наменета за финансирање на активности во Вардарскиот и Југо-источниот регион. Овие средства ќе се користат за спроведување техничка, еколошка, и финансиска длабинска анализа, со цел да се развие систем за управување со отпад во Вардарскиот и Југо-источниот регион. Овој грант за техничка помош е дел од пошироката финансиска поддршка обезбедена од ЕУ и Програма за инвестирање на Западен Балкан, која вклучува и 21,7 милиони евра, инвестициски грант финансиран од ЕУ, кој се очекува да биде попишан во текот на имплементацијата на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.

Билјана Милошеска, Помошник Директорка, Постара Банкарка, ЕБОР изјави: „Овој проект претставува значаен чекор кон позелена и поодржлива иднина во државата. Ова е прва иницијатива на Банката во овој сектор, каде се поддржува имплементација на системи за управување со отпад усогласени со ЕУ стандардите, за повеќе од еден милион жители во три регионални плански области и 45 општини.

Неговата Екселенција Михалис Рокас, Амбасадор на ЕУ во земјата, истакна: „Зачувувањето на природните убавини на Северна Македонија бара решителна и ригорозна борба против цврстиот отпад на централно и локално ниво. Со 2 милиони евра грант од Програмата за инвестирање на Западен Балкан, ја продолжуваме посветеноста на ЕУ во поддршка на земјата, во изнаоѓање на најдобрите решенија за справување со проблемот со цврстиот отпад. Ова е само почетокот на тековната финансиска поддршка од ЕУ за Северна Македонија во областа на животната средина и управувањето со отпад.

no baners

Банки

Народната банка објави повик за трудови за 57. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка ги повикува истражувачите да се пријават за учество на 57. сесија на Клубот на истражувачите, која ќе се одржи на 27 март 2025 година (петок) со почеток во 13 часот, во просториите на Народна банка на Република Северна Македонија.

Од институцијата ги охрабруваат сите заинтересирани автори да достават свој работен материјал за презентација на сесијата најдоцна до 18 март 2025 година (среда), на електронската адреса [email protected].

Трудовите треба да бидат подготвени во согласност со современите научноистражувачки стандарди, што подразбираат примена на емпириска анализа и јасно систематизирани заклучоци. На Клубот може да се презентираат и истражувања во работна верзија, со цел поттикнување стручна дебата и размена на мислења.

Клубот на истражувачите функционира како отворена платформа за презентација и дискусија на научни трудови, со посебен фокус на монетарната политика и макроекономијата. Членството е од отворен карактер, а повеќе информации за условите и начинот на приклучување се достапни на веб-страницата на Народната банка.

Продолжи со читање

Банки

Централна кооперативна банка: Исплатени пензиите за февруари

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека средствата по основ на пензии за месец февруари 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.

Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (2 март 2026 година).

Продолжи со читање

Банки

Нето-добивката на Erste Групација лани достигна 249 милиони евра

Објавено

на

Нето-добивката на „Erste&Steiermärkische Bank“ (ESB) на ниво на групација, по одбивање на малцинските интереси, во 2025 година изнесува 249 милиони евра, што претставува раст од 0,8 проценти во однос на претходната година.

Нето-приходот од камати на ESB групата достигнал 442 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во споредба со 2024 година. Истовремено, нето-приходот од провизии и надоместоци изнесувал 144 милиони евра, што претставува значителен раст од 7,5 проценти на годишно ниво.

Вкупната актива на групата на крајот на декември 2025 година достигнала 17,6 милијарди евра, што е за 6,8 проценти повеќе во однос на крајот на 2024 година, кога изнесувала 16,5 милијарди евра. Кредитите кон клиентите на крајот на минатата година изнесувале 10,5 милијарди евра, бележејќи раст од 8,5 проценти. Истовремено, депозитите на клиентите достигнале 13,6 милијарди евра, што претставува зголемување од 8,3 проценти во однос на претходната година.

„Во текот на 2025 година ги задржавме стабилните и позитивни оперативни трендови, што резултираше со солидни финансиски резултати на банката и локалната групација. Забележавме раст на кредитирањето и во сегментот на населението и во сегментот на корпоративните клиенти, додека депозитите продолжија со стабилен пораст. Истовремено, користењето на нашите дигитални канали бележи силен и континуиран раст“, изјави претседателот на Управата на „Erste&Steiermärkische Bank“, Кристоф Шефбек.

Според неревидираниот неконсолидиран финансиски извештај, кој ги опфаќа резултатите на банката без зависните друштва, нето-добивката на Erste банката во 2025 година изнесува 230 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во однос на претходната година.

Во истиот период, нето-приходот од камати е зголемен за 5,9 проценти и достигнал 397 милиони евра, додека нето-приходот од провизии и надоместоци пораснал за 15,3 проценти, на 113 милиони евра. Најголем дел од овој раст се должи на интеграцијата на сегментот за издавање кредитни картички од Erste Card Club во рамки на Erste банката, се наведува во соопштението.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange