Connect with us

Банки

Банките на потег: Дали се спремни да го следат чекорот на регулаторот и да ги намалат трошоците?

Објавено

на

Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Советот на Народната банка на вчерашната седница донесе одлука за целосно нов модел за тарифирање на банките за извршување и порамнување на плаќањата во Македонскиот интербанкарски платен систем. Моделот се заснова на принципите и практиките на централните банки во евросистемот за фиксни и предвидливи надоместоци според обемот на трансакциите, со што се создава простор за поедноставување и намалување на надоместоците што банките ги наплаќаат од клиентите за извршување на електронските плаќања преку платните системи во земјата. 

Воедно, Советот на Народната банка воведе тарифа за плаќањата на државните органи во евра со земјите од СЕПА во фиксен износ од 3 евра по трансакција за електронски иницираните налози и 5 евра за налозите иницирани на хартија. Ниските и фиксни надоместоци по трансакција, во споредба со варијабилните надоместоци во зависност од износот на трансакцијата коишто ги налагаат сложените кореспондентски аранжмани со странските банки, ќе доведат до значителна заштеда за државата при извршувањето на плаќањата на државните органи со европските земји.

Одлуката се носи во контекст на приклучувањето на нашата земја кон СЕПА и фазата на усогласување со европските стандарди којашто е во тек, а со која се создава основа за пошироко намалување на трошоците за прекуграничните плаќања во евра, како од страна на Народната банка за државните органи, така и од страна на банките за своите клиенти.

Народната банка и натаму активно ќе работи на поедноставувањето и намалувањето на трошоците за плаќањата во земјава и кон земјите од СЕПА со крајна цел ‒ подобра услуга за граѓаните и поволна деловна средина за компаниите.

На истата седница Советот на Народната банка го усвои и Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2025 година. Во услови на стабилен раст на економската активност, благо забрзана инфлација и зголемена неизвесност од надворешното окружување, банкарскиот сектор ja задржа стабилноста. Кредитната и депозитната активност бележат солиден годишен раст, а показателите за солвентноста, ликвидноста и квалитетот на кредитното портфолио и натаму се поволни. Растот на добивката на банкарскиот систем забавува во однос на истиот период лани, главно поради намалените каматни приходи. Народната банка и натаму ќе биде претпазлива во политиките, имајќи ги предвид светските ризици и ќе биде посветена на одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем.

Советот на Народната банка ја усвои и Одлуката за воведување нов систем за прибирање и доставување податоци од банките и штедилниците. Новиот систем ИСИДОРА ќе овозможи пообемни и поквалитетни податоци за монетарната статистика, супервизијата и финансиската стабилност, усогласени со европските и меѓународните стандарди. Со фазна примена, системот ќе ја замени досегашната практика и ќе придонесе за поефикасно, пофлексибилно и поедноставно известување.

Банки

4 милиони евра за енергетски поефикасни домови: НЛБ Банка со нова кредитна линија од Европската банка за обнова и развој

Објавено

на

НЛБ Банка преку нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра ја зајакнува поддршката и го проширува пристапот на домаќинствата до зелено финансирање за енергетски поефикасни домови. Средствата се обезбедени во соработка со ЕБОР во рамките на програмата GEFF III REpower Residential на Западен Балкан, а ќе се пласираат преку Банката. Наменети се за зелени инвестиции што придонесуваат за енергетски поефикасни, поодржливи и покомфорни домови, овозможувајќи конкретни придобивки за граѓаните – намалени трошоци и подобрен квалитет на живеење.

Во време кога енергетската ефикасност и одговорното користење на ресурсите стануваат сè поважен дел од секојдневието, ваквата финансиска поддршка отвора можност повеќе домаќинства да ги реализираат потребните подобрувања во своите домови – изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија.Сите овие технологии директно придонесуваат за пониски трошоци на домаќинствата, поголема удобност и  порационална потрошувачка.

НЛБ Банка во своето портфолио веќе нуди зелени кредити наменети за поддршка на одржливи и еколошки решенија, а новата кредитна линија од 4 милиони евра од ЕБОР претставува зајакнување на оваа определба.

Дополнителна придобивка на овие кредити е повратот на средства, кофинансиран од Европската Унија, кој може да изнесува и до 20% од вкупната инвестиција. На овој начин, зелените кредити стануваат практичен инструмент преку кој енергетската ефикасност, одржливоста и заштитата на животната средина се претвораат во реални и достижни решенија за секое домаќинство.

Придобивки од „зелените“ инвестиции во домот

Кога домот троши помалку енергија, преку намалените сметки, придобивките се чувствуваат веднаш. Долгорочно, тие имаат и пошироко значење. Секоја инвестиција што ја намалува потребата од енергија придонесува и за помала потрошувачка на ресурси, помал притисок врз енергетскиот систем и помало влијание врз животната средина. Во Македонија, ваквите вложувања се особено значајни имајќи ја предвид потребата од обновување и модернизација на станбениот фонд.

Токму затоа, зеленото финансирање има сè поважна улога во претворањето на одржливоста од концепт во конкретна одлука за секое домаќинство. Со соодветна финансиска поддршка, граѓаните можат полесно да направат чекор кон зелени решенија.

*GEFF програмата на ЕБОР во Западен Балкан е кофинансирана од европската Унија преку инвестициската рамка за Западен Балкан, Австрија, јапонија, данска и швајцарија преку Партнерството со високо влијание врз климатската акција (HIPCA).

Продолжи со читање

Анализи

ЕЦБ: Готовината и натаму е најприфатен начин на плаќање во еврозоната

Објавено

на

Готовината останува најшироко прифатениот начин на плаќање на физичките продажни места во еврозоната, и покрај силниот раст на мобилните и другите дигитални плаќања, покажува ново истражување на Европската централна банка.

Според резултатите, готовина прифаќаат 92 отсто од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички локации, наспроти 90 отсто во 2024 година. Од ЕЦБ оценуваат дека со тоа е запрен падот на прифаќањето на готовината забележан за време и по пандемијата.

Платежни картички прифаќаат 88 отсто од компаниите, што е приближно исто ниво како пред две години. Најголем раст има кај мобилните плаќања, чија прифатеност се зголемила од 36 на 68 отсто.

Готовината е најзастапена во трговијата, рестораните и хотелите, каде што ја прифаќаат 93 отсто од анкетираните компании. Во секторот на уметноста, забавата и рекреацијата уделот е понизок и изнесува 84 отсто.

Меѓу земјите од еврозоната, највисока стапка на прифаќање на готовината имаат Грција и Италија, со по 99 отсто, додека најниска е во Белгија со 81 отсто и Кипар со 76 отсто.

Од компаниите што веќе примаат готовина, 92 отсто очекуваат дека ќе продолжат да го прават тоа и во следните пет години. Како главни предности ги наведуваат приватноста и сигурноста, а како недостатоци ризикот од грешки при враќање кусур, безбедносните ризици и можноста за внатрешни измами.

Истражувањето опфатило 8.205 компании во сите 21 земја од еврозоната, а било спроведено од февруари до април 2026 година.

Продолжи со читање

Банки

Иран наскоро ќе се приклучи на Новата развојна банка на БРИКС

Објавено

на

Иран наскоро ќе стане членка на Новата развојна банка (NDB), финансиска институција основана од земјите-членки на БРИКС, соопшти гувернерот на иранската централна банка, Абдолнасер Хемати.

Хемати, кој учествува на состанок на гувернерите на централните банки на земјите од БРИКС во Индија, оцени дека формирањето на Новата развојна банка е еден од најзначајните резултати од соработката во рамките на групата.

Тој посочи дека соработката меѓу членките сè повеќе се проширува и во областа на монетарната и банкарската политика, како и во дигиталната економија.

Иран се залага и за зголемување на меѓусебната трговија меѓу земјите од БРИКС, поголема употреба на националните валути во плаќањата и развој на билатерална и трилатерална монетарна соработка.

На состаноците во Индија се разгледуваат и механизми за олеснување на трговијата, намалување на зависноста од американскиот долар во регионалните плаќања и поголема употреба на домашните валути меѓу членките на БРИКС.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange