Connect with us
no baners

Банки

ПроКредит Банка ја проширува својата мрежа во Скопје со отвoрање на нова филијала во Чаир

Објавено

на

no baners

ПроКредит Банка продолжува да ја шири својата мрежа со отворање на нова, модерна филијала во Чаир. 

По реновирањето на неколку постоечки филијали и отворањето на нови филијали низ Македонија, ПроКредит Банка ја збогатува и својата мрежа во Скопје. Отсега клиентите на банката ќе можат да ги користат сите дигитални поволности, како и стручните совети од ПроКредит тимот во населбата Чаир на ул. Џон Кенеди бб, Скопје. 

Филијалата во Чаир располага со модерен дизајн кој на своите клиенти им нуди современо банкарско искуство во кое било време, без чекање ред на шалтер, благодарение на 24/7 Зоната. Како дополнителна придобивка за клиентите, филијалата е опремена со современи банкомати кои нудат можност за уплата и исплата на денари и евра, внесување на дневен промет, како и користење на drop box сеф за депонирање на поголеми суми на средства за бизнисите коишто имаат потреба од оваа услуга.

Заедно со современиот ентериер и дигиталните услуги, клиентите на банката добиваат и стручен тим од посветени професионалци, кои можат да понудат брза и персонализирана услуга, како и советодавна поддршка за своите клиенти со цел да донесат информирани одлуки, но и да добијат одговор на сите прашања. 

Нашата цел е да продолжиме со проширување на мрежата на филијали и да понудиме поголема достапност. Во ПроКредит Банка, удобноста и задоволството на нашите клиенти се приоритет. Отворањето на филијалата во Чаир ја одразува нашата посветеност за обезбедување банкарско искуство прилагодено на уникатните потреби на локалната заедница.

Модернизацијата на нашите филијали не само што го подобрува целокупното офлајн корисничко искуство на клиентите, туку придонесува и за попродуктивна и поудобна работна средина за нашите вработени, поттикнувајќи поголема ефикасност и задоволство“ – велат од ПроКредит Банка.

Сите информации за услугите коишто се достапни во 24/7 Зоните на банката се достапни на веб страницата ProCredit Bank – Зона 24/7 (pcb.mk). 

no baners

Business Woman

Ериола Биболи назначена за нова извршна директорка на ProCredit Holding од март

Објавено

на

Германската банкарска група „ProCredit Holding“, која е претежно активна во Југоисточна Европа, објави дека членката на Управниот одбор, Eriola Bibolli, ќе ја преземе функцијата главен извршен директор (CEO) од март годинава, наследувајќи го Hubert Spechtenhauser, кој заминува во пензија.

Во соопштението објавено во четвртокот, претседателот на Надзорниот одбор, Rainer Ottenstein, истакна дека Биболи претставува симбол на стабилност, но и двигател на унапреден пристап кон дигитализацијата, скалабилноста и динамичниот раст на групацијата.

Биболи, родена во Албанија, својата кариера во рамки на групацијата ја започнала во 2001 година во ProCredit Bank Albania. Во 2019 година беше унапредена на позицијата главен извршен директор на ProCredit Bank Kosovo, а од 2023 година е член на Управниот одбор на матичната компанија.

Нејзиниот претходник, Спехтенхаузер, ја извршуваше функцијата извршен директор на ProCredit Holding од ноември 2022 година.

Со седиште во Франкфурт, ProCredit Holding опфаќа банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Молдавија и Романија. Надвор од Југоисточна Европа, групацијата има подружници и во Украина, Грузија и Еквадор. Нејзините кредитни активности се насочени кон микро, мали и средни претпријатија (ММСП).

Продолжи со читање

Банки

Алта Банка започна со исплата на февруарските пензии

Објавено

на

Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година.

Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура.

Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.

За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.

Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Оваа мерка ја гарантира навремената и сигурна исплата на пензиите и ја олеснува пристапноста до средствата за сите корисници на услугите на Банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange