Connect with us

Банки

Ангеловска-Бежоска ‒ Ли: Народната банка спроведе успешни политики за справување со инфлацијата

Објавено

на

Народната банка успешно се справи со шоковите во изминатите години, намалувајќи ја инфлацијата, додека силната регулативна рамка и кредибилноста на централната банка придонесоа за задржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата на заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со македонската делегација во чиј состав се гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска. 

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека мерките што ги презеде Народната банка, заедно со намалувањето на цените на примарните производи на светските берзи, придонесоа за намалување на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,6 отсто во септември. Се очекува дека просечната стапка на инфлација во 2024 година ќе биде блиску до проекциите на Народната банка од 3,5%. Ова е слична слика со последните прогнози на ММФ, коишто покажуваат просечна инфлација во 2024 година од 3,3%.

Со помош на обемниот сет на мерки што ги презема централната банка преку интервенции на девизниот пазар, каматните стапки и задолжителната резерва, како и со макропрудентните мерки, успеавме да се справиме со инфлацијата и да ја зајакнеме стабилноста на банкарскиот систем. Од една страна, се спречи прекумерното задолжување на граѓаните и компаниите, а од друга се зајакна довербата во домашната валута. Овие мерки придонесоа и за зацврстување на билансите на банките, што е основа за задржување на стабилноста и создавање простор за справување со можните неповолни промени“, истакна Ангеловска-Бежоска.

На средбата со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, беше истакната улогата на одржувањето на високото ниво на кредибилитет во работењето и независноста на Народната банка, како едни од најважните фактори коишто придонесоа за успешно остварување на целите и макроекономската стабилност во изминатите години во текот на неколку последователни кризи. Според анализата во ММФ, Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа според новоизработениот индекс на независноста на централните банки. Независноста на Народната банка, придружена од транспарентноста и отчетноста, ѝ овозможува на централната банка високо ниво на доверба од страна на јавноста. За јакнење на своите практики во поглед на транспарентноста во работењето, Народната банка зеде учество во пилот-проектот за оцена на усогласеноста со новиот Кодекс на ММФ за транспарентноста на централните банки на ММФ, како прва централна банка во регионот.

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange