Банки
Прокредит банка со нова, модерна и едноставна мобилна апликација
ПроКредит Банка ја унапредува дигиталната понуда со нова мобилна апликација, која овозможува едноставно, брзо и безбедно управување со личните финансии директно од паметниот телефон.
Новата апликација им овозможува на корисниците целосна контрола врз сметките, заштедите и платежните картички, со 24/7 пристап и без дополнителни провизии. Посебен акцент е ставен на Flex Save штедната сметка, со можност за пренос и повлекување средства со само еден клик, без пенали.

Преку апликацијата, клиентите можат за неколку минути да плаќаат комунални услуги и да вршат домашни плаќања, како и да имаат целосен увид во трансакциите, салдата и лимитите на картичките.
Меѓу клучните функционалности се:
- Преглед на состојба на сите Ваши сметки;
- Историја на сите трансакции;
- Блокада/деблокада на картичка;
- Промена на лимит за плаќања со Вашата картичка;
- Плаќања во земјата;
- Пренос и повлекување од Вашата онлјан штедна сметка FlexSave;
- Креирање на листа за налогопримачи.

Мобилната апликација на ПроКредит Банка е достапна за преземање на App Store и Google Play, овозможувајќи им на клиентите модерно, брзо и сигурно банкарско искуство, секогаш и насекаде.
Банки
Добивката на УНИ Банка намалена за 61 отсто во првиот квартал
УНИ Банка во првиот квартал од годинава остварила нето-добивка од 56,6 милиони денари, што претставува пад од 61 отсто во споредба со истиот период лани, објави SeeNews повикувајќи се на финансиските резултати на Банката.
Според објавените податоци, добивката на Банката во периодот јануари – март изнесувала околу 915 илјади евра.
Во кратката објава не се наведуваат дополнителни детали за причините за намалувањето на профитот, но резултатите покажуваат значително послаб финансиски резултат во однос на првиот квартал минатата година.
Анализи
Монетарни движења во април: Пад на депозитите, но силен раст на кредитите
Во април 2026 година паричната маса забележа месечен пад од 1,3%, главно како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
Вкупните депозити на месечно ниво се намалени за 1,4%, при што падот е концентриран кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата продолжиле да растат. На годишно ниво, депозитите бележат зголемување од 9,3%.
Во истиот период, вкупните кредити се зголемени за 1% на месечно и за 13,3% на годишно ниво, што укажува на континуирана кредитна активност кај компаниите и домаќинствата.
Кредитирањето на корпоративниот сектор бележи годишен раст од 15%, додека кредитите на домаќинствата се зголемени за 11,9%. Кај граѓаните, најизразен раст и понатаму имаат потрошувачките и станбените кредити. Потрошувачките кредити во април пораснале за 1,2% на месечно и 11,2% на годишно ниво, додека станбените кредити бележат раст од 1,3% месечно и 16,2% на годишна основа.
Од Народната банка посочуваат дека депозитите на домаќинствата во април се зголемени за 1,6% на месечно ниво и за 10,5% на годишно ниво, поттикнати од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.
Податоците упатуваат на комбинирани движења во монетарниот сектор – умерено забавување на депозитната динамика во корпоративниот сегмент, при истовремено засилена кредитна активност и стабилен раст кај населението.
Банки
Халкбанк со нова инвестиција од 40 милиони евра го зајакнува капиталот во Македонија
Халкбанк АД Скопје доби нова докапитализација во вредност од 40 милиони евра од матичната банка Halkbankası AŞ, со што дополнително ја зајакнува својата позиција на македонскиот банкарски пазар.
Со најновото зголемување на капиталот, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигна 2,15 милијарди евра, додека вкупниот капитал на Банката сега изнесува 412 милиони евра.
Од Банката посочуваат дека ова е уште една потврда за континуираната поддршка од матичната банка, која и во изминатите години инвестираше во развојот и капиталното јакнење на Халкбанк во земјава.
Новата докапитализација, според Банката, ќе овозможи поголем кредитен потенцијал, поддршка за компаниите и граѓаните, како и натамошни вложувања во дигитални и финтек решенија.
„Оваа докапитализација е потврда дека Халкбанк не е само финансиска институција, туку долгорочен партнер на македонската економија. Со поддршка од нашиот силен сопственик, продолжуваме да градиме банка која е синоним за доверба и напредок“, велат од Банката.
Оттаму додаваат дека со засилен капитал и стабилна актива, Банката ќе продолжи да финансира развојни проекти и да обезбедува поддршка за домашната економија во услови на глобални економски предизвици.
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Анализипред 2 месециРеалната нето плата во Северна Македонија порасна за 4,9% во јануари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија


