Connect with us
no baners

Банки

ПроКредит Банка ја претстави ProActive платформата со која започнува нова ера на одговорно банкарство

Објавено

на

ПроКредит Банка вчера одбележа значаен момент во својата заложба за одржливо банкарство со лансирањето на ProActive – нова уникатна платформа преку која во соработка со своите клиенти ќе продолжи да создава позитивно и трајно влијание врз општеството и животната средина.

На настанот, што симболично се одржа во зеленилото на Leaf Café, во друштво на свои блиски соработници и претставници на медиумите, банката ја претстави новата платформа преку интерактивни активности со кои сите присутни имаа можност да споделат општествено одговорни цели кои им се важни.

Целокупната атмосфера претставуваше сликовито и искуствено презентирање на ефектот што ПроКредит банка цели да го постигне со оваа платформа, со која се централизираат сите одржливи заложби на банката за позитивно економско, еколошко и општествено влијание, како своевидно унапредување на нивните постоечки иницијативи.

Неодамна, преку јубилејното мото “Пример за одговорност” банката ги презентираше своите систематизирани заложби и позитивниот отпечаток кој го има оставено во нашето општество – од одговорно кредитирање, до фер и транспарентен однос со клиентите, поддршка на локалните бизниси и претприемништвото, промоција на зелена транзиција, како и инвестиции во личен и професионален развој на своите вработени. Сега, со новата платформа оди чекорпонапред вклучувајќи ги своите клиенти за заедно да поттикнат значајни промени во општеството, со фокус на инклузија, климатска акција и економски развој во заедницата.

На настанот беше претставена новата ProActive сметка со биоразградлива картичка, прв и единствен банкарски производ од ваков тип кај нас.

„Со ProActive не лансираме само нов производ, туку започнуваме движење кое е отворено за сите кои сакаат да се вклучат во обликувањето на подобро утре и кои сакаат нивните секојдневни финансиски одлуки да имаат реално и позитивно влијание, за нив лично, но и за пошироката заедница.

Горди сме што сме пример и носители на одговорни практики и одржливост, со силна посветеност кон нашите клиенти и заедницата во кoja работиме. Со оваа платформа започнуваме нова ера во одговорното банкарство, во партнерство со нашите клиенти” – истакнува Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.

Од банката објаснуваат дека секој корисник на ProActive сметката автоматски придонесува во фонд за донации преку кои ќе се поддржуваат проекти за заедницата, а во нивната селекција право на глас ќе имаат и членовите на платформата. Со овој иновативен пристап, банката дава пример какосекојдневното банкарство може да се претвори во реално влијание во правец на одговорен и одржлив развој.

Членовите на ProActive платформата ќе имаат пристап до информации за најновите одржливи проекти во кои банката инвестирала, како и пристап до ексклузивни едукативни содржини.

“ProActive е продолжение на визијата која ПроКредит Банка ја има поставено уште од самиот почеток. Таа е алатка, но и симбол – на нашата посветеност да бидеме уште подобри, уште поблиску до клиентите, уште поодговорни. Со оваа платформа сакаме да го олесниме патот кон одржливи иницијативи, да ги поттикнеме добрите практики и да создадеме вредност што трае.

Нашата определба за одржливо работење не се гледа само во бројките. Таа се гледа во секојдневните избори – каде инвестираме, што поддржуваме, како се однесуваме кон заедницата.” – изјави Добринка Стефанова Ѓоргиева, Директор на Оддел за Одржливост.

Покрај општествено одговорната страна на ProActive сметката, корисниците ќе уживаат уште многу други поволности овозможени од ПроКредит Банка и од биоразградливата Mastercard World дебитна картичка која им следува со отворањето на сметката.

По презентацијата на сите можности кои ги носи новата иницијатива, настанот заврши со осветлување на дрвото кое е симбол на ProActive платформата, на кое присутните ги закачија своите цели за одржлива иднина, симболично претставувајќи ја колективната моќ на ProActive заедницата.

Дознајте повеќе за ProActive сметката на следниот линк: https://www.pcb.mk/proactive.nspx

ПР објава

no baners

Банки

Алта Банка започна со исплата на февруарските пензии

Објавено

на

Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година.

Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура.

Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.

За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.

Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Оваа мерка ја гарантира навремената и сигурна исплата на пензиите и ја олеснува пристапноста до средствата за сите корисници на услугите на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за февруари 2026 година се веќе достапни за подигање.

Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство.

За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange