Продукти
Почни го летото со премиум поволности и поголеми бонуси со Visa Gold и Visa Classic од Комерцијална банка
Летото е совршено време за да си овозможиш повеќе – повеќе поволности, поголеми бонуси и повеќе финансиска слобода!
Комерцијална банка ти нуди одлични промоции со Visa кредитните картички – избери ја твојата омилена и искористи ги придобивките до 30.06.2025.
Со Visa Classic Standard или Visa Classic Revolving плаќај и добиј cashback од 600 денари за промет од најмалку 3.000 денари.
А, со Visa Gold кредитна картичка добиваш удвоен бонус од 0,6 % за секој направен промет во трговија и се стекнуваш со удели на твое име во КБ Инвест – Балансиран.

Ако немаш Visa Classic или Visa Gold кредитна картичка од Комерцијална банка, избери го твојот фаворит и искористи ја можноста до 30.06. да аплицираш без надомест.
Дознај повеќе на следниот линк.
ПР објава
Бизнис
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
- -30% помали трошоци до 31.10.2025.
- Инстант одобрување за само 10 минути.
- Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
ПР објава
Банки
Халкбанк со нова кредитна линија од 12 милиони евра во партнерство со ЕФСЕ за поддршка и развој на одржливо земјоделство
Халкбанк АД Скопје ја реализира најавената кредитна линија во вредност од 12 милиони евра, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), насочена кон поддршка и развој на одржливо земјоделство и како и поттикнување на сигурен раст на трговците поединци, микро, малите и средни претпријатија.
Средствата ќе бидат достапни во наредните пет години за индивидуални земјоделци, трговци поединци, како и микро, мали и средни претпријатија, со цел полесен пристап до поволно финансирање за:
- Работен капитал
- Инвестициони потреби
Целта на кредитната линија е да овозможи финансиска поддршка за одржлив развој, модернизација на земјоделското производство и зголемување на конкурентноста на претпријатијата во сите сектори на економијата.
Услови на кредитната линија:
- Износ: од 5.000 до 250.000 евра
- Рок на отплата: до 5 години

Со оваа иницијатива, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и развој во земјата, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.
Банки
Оваа есен штедете паметно со Промо депозитот на Халкбанк
Со почетокот на есента, многумина прават пресек на изминатата година и поставуваат нови цели. Октомври е месец кога вреди да се размислува за финансиска стабилност и сигурност, време кога паметните одлуки носат долгорочна корист. Халкбанк, како банка што нуди доверливи и практични решенија, овој октомври го претставува Промо депозитот со нови услови, создаден за сите кои сакаат нивните заштеди да растат сигурно и предвидливо.
Промотивен период со одлични услови
Започна промотивен период со атрактивни каматни стапки за орочени депозити со рок на орочување од 13 месеци. Минималниот износ на вложување изнесува 30.000 денари или 500 евра. Каматната стапка е фиксна и изнесува 3,00% за депозити во денари и 2,00% за депозити во евра. Овој пат понудата за промо депозитот нуди можност за орочувње на депозити во американски долари со фиксна каматна стапка од 2,00%.
Флексибилност по ваша мерка
Клиентите можат да изберат исплата на каматата месечно или на крајот од орочувањето, во зависност од своите финансиски планови. Со тоа, секој штедач добива можност да ја прилагоди добивката на своите потреби.
Без изненадувања, само стабилност
Со Промо депозитот на Халкбанк сè е јасно и предвидливо. Условите се едноставни – средствата се орочуваат и доколку останат непроменети сè до истекот, корисникот ќе ја добие целосната промотивна камата. По завршувањето, депозитот не се обновува автоматски, што ви остава простор самите да одлучите како ќе ги планирате следните чекори.
Како да започнете?
Со посетета на најблиската филијала на Халкбанк многу едноставно може да го отворите Промо депозитот.
Халкбанк е твојот партнер за сигурна иднина
Во време кога неизвесноста е секојдневие, чувството на финансиска стабилност станува вистинска вредност. Халкбанк останува посветена на тоа да им овозможи на своите клиенти едноставни и сигурни решенија кои носат мир на долг рок. Промо депозитот е создаден со таа идеја – да биде практичен избор за сите што сакаат нивните средства да растат предвидливо и без ризик.
Штедењето не е само финансиски потег, туку начин да се создаде рамнотежа и сигурност во животот. Затоа, секоја одлука донесена денес, колку и да изгледа мала, може да биде темел на посигурно утре.
-
Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Банкипред 2 месециПромотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка
-
Банкипред 2 месециVisa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија
-
Анализипред 1 месецАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
-
Банкипред 2 месециХрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Продуктипред 4 неделиЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје




