Интервјуа
FinSight | Борче Треновски | Горивата поскапуваат, дали следува нов инфлаторен бран?
Во услови на нагло поскапување на горивата на домашниот пазар, се отвораат сериозни дилеми за тоа како овој тренд ќе се одрази врз инфлацијата, цените и животниот стандард на граѓаните.
Во изминатите две недели, цената на дизелот се зголеми за 21 денар по литар, додека бензините поскапеа за 12 денари – раст кој веќе предизвикува загриженост кај граѓаните и бизнис заедницата.
Дали ова е вовед во нов инфлаторен бран? Колку поскапите енергенси ќе влијаат врз транспортот, производството и крајните цени? И дали институциите реагираат навреме?
На овие прашања одговара универзитетскиот професор Борче Треновски во новото издание на емисијата Финсајт.
Во интервјуто, Треновски анализира дали економијата се соочува со нов ценовен шок, какви мерки треба да преземат креаторите на економските политики, дали се очекува раст на каматните стапки, како да се заштити животниот стандард на граѓаните и какви се сценаријата доколку глобалната неизвесност со нафтата продолжи.
Дополнително, се отвора и прашањето за геополитичките ризици и нивното влијание врз снабдувањето со нафта, како и можноста цената на барел да достигне 150 долари.
Интервјуто со професорот Треновски нуди сеопфатен осврт на актуелните економски случувања и дава јасна слика за тоа што ја очекува македонската економија во периодот што следи.
Новинар: Наташа Мерсовска
Интервјуа
Монетарната политика во нов циклус: Ставовите на вицегувернерите Митреска и Величковски во FinSight
Собранието ги изгласа Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка – со мандат од седум години и одговорност во период на засилени глобални економски ризици.
Во најновата епизода на FinSight, разговараме за тоа како централната банка ќе се справи со инфлациските притисоци, растот на цените на енергенсите и неизвесноста од геополитичките тензии. Дали нè очекува заострување на монетарната политика? Кога може да дојде до раст на каматните стапки?
Отвораме и тема за модернизацијата на платежниот систем – придобивките од SEPA плаќањата и воведувањето на инстант системот TIPS, како и нивното влијание врз граѓаните и компаниите.
Интервју со јасни ставови, конкретни проекции и увид во тоа како ќе се води економската политика во наредните години.
Премиерата на YouTube каналот се емитува денес во 12:00 часот.
Новинар: Наташа Мерсовска
Интервјуа
FinSight | Анчевска: Не е доволно да знаеш што и како – највредни се тие што знаат и зошто
Разговараме со Марина Анчевска за различните нивоа на ангажираност кај вработените и што ги прави некои луѓе значително повредни за организацијата од други.
Според неа, најголем дел од луѓето доаѓаат на работа, знаат што треба да прават и по завршување на обврските си заминуваат дома.
„Голем број луѓе знаат што треба да прават, но тоа е основното ниво“, објаснува Анчевска.
Следното ниво, вели таа, се оние кои покрај тоа што знаат што, знаат и како да ја завршат својата работа.
Но вистинската разлика почнува да се прави кај помал дел од вработените.
„Има луѓе кои знаат што треба да прават, знаат како, но и знаат зошто го прават тоа“, посочува Анчевска.
Највисокото ниво, според неа, го достигнуваат оние кои имаат целосна свесност за својата улога.
„Тие знаат што, како и зошто – но знаат и кои се и за што го прават тоа, односно ја гледаат големата слика“, вели таа.
Сепак, Анчевска нагласува дека не е реално да се очекува секој вработен да функционира на тоа ниво.
„Не мора секој да ја знае големата слика. Клучно е работодавците да знаат како да комуницираат со секој вработен во зависност од нивото на кое се наоѓа“, објаснува таа.
Оттука, улогата на лидерите станува пресудна.
„Затоа на лидерите им е потребен личен раст и развој – за да можат да ги препознаат овие нивоа и правилно да ги водат луѓето“, заклучува Анчевска.
Интервјуа
FinSight | Анчевска: Круто лидерство создава крути тимови – дали менаџерите се подготвени за промена?
Разговараме со Марина Анчевска за улогата на лидерството во организациската култура и влијанието што менаџерскиот стил го има врз вработените.
Според неа, сè започнува од лидерскиот тим – од нивото на свест и насоченоста кон раст и развој.
„Лидерството е многу важно, односно колку е нивото на свест и насоченост кон раст и развој на лидерскиот тим. Оттука тргнува сè“, вели Анчевска.
Таа објаснува дека начинот на кој лидерите управуваат директно влијае врз однесувањето и перформансот на тимовите.
„Ако имаме круто хиерархиско лидерство, тогаш луѓето под лидерите функционираат поинаку отколку кога имаме лидерство насочено кон раст, развој и отвореност“, посочува таа.
Во средини каде што хиерархијата е пофлексибилна, додава Анчевска, комуникацијата е подобра, а вработените се повеќе вклучени и мотивирани.
„Кога има поблага хиерархија, приемчивост и отвореност, целата динамика во организацијата е поинаква“, објаснува таа.
Но, клучното прашање, според Анчевска, останува дали оние кои раководат се подготвени да се менуваат.
Дали крутите менаџери ќе препознаат дека токму нивниот стил е дел од проблемот – и дали ќе направат чекор кон поотворено и развојно лидерство?
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Продуктипред 2 месециДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Кариерапред 2 месециНародна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
-
Кариерапред 1 месецОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 1 месецАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециХалк банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Интервјуапред 1 месецИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје




