Connect with us

Продукти

Пари во банка: Чувството на моќ е во штедењето

Објавено

на

Животот честопати не тече како што планираме. Рецесија, губење работа, поправка на автомобил или некој поскап уред во домаќинството… Дури и со, да речеме секојдневни ситуации, како губење паричник или мобилен телефон, домашните финансии ќе претрпат тежок удар. Ова се итни случаи кога е добро да имаме пари на страна. Дали некогаш сте се запрашале кои се вистинските придобивки од штедењето пари во банка?

Зборот штедење е можеби најпопуларниот збор денес, земајќи ја предвид актуелната светска економска криза и несигурноста во речиси сите сфери од животот. Во ваквите несигурни ситуации, заштедата може да биде клучна, овозможувајќи финансиска потпора во период кога речиси сé е неизвесно.

Штедењето во банка со депозити, пред сé ви гарантира сигурна заработка, а потоа и безбедно чување на парите со многу придобивки и лесен пристап до нив. Пред да препуштите дел од контролата врз своите средства на одредена банка, треба да сте сигурни дека таа е одговорен и сигурен партнер, докажана институција што се грижи за клиентите и нуди модели на штедење прилагодени на специфичните потреби и ритамот на животот. Во ова време токму таков идеален производ со кој вреди да се започне со штедење е ПРОМО депозитот на Халкбанк.

Атрактивниот ПРОМО депозит на Халкбанк има минимален износ на вложување од 30.000 денари или 500 евра и нуди фиксна каматна стапка од 2,60%, 3,10% и 3,50% за 13, 25 и 36 месеци соодветно за штедење во денари, односно 1,60%, 2,10% и 2,60% за штедење во евра.

Рокот за штедење со овој производ е до 36 месеци и како промо производ, не постои можност за дополнителни уплати и повлекувања на средства, додека пак каматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување. Оваа понуда за ПРОМО депозитот важи до крајот на мај оваа година.

Носете мудри одлуки и изберете сигурен финансиски партнер.

Банки

Уплатете бесплатно дневен промет на банкомат со Visa Business Debit од Комерцијална банка

Објавено

на

Вашата Visa Business Debit картичка за правни лица од Комерцијална банка е вистински партнер на вашиот бизнис затоа што повторно ви овозможува бесплатна уплата на дневен промет на банкомат.

Комерцијална банка го продолжи промотивниот период до 31.12.2025 година за да извршите бесплатно уплата на дневен промет на cash-in банкоматите на Банката.

За уплата на дневен промет имате на располагање 79 cash-in банкомати на Банката низ земјава. Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Со секоја поединечна трансакција може да се внесат до 40 банкноти. Уплатата веднаш се евидентира на основната платежна сметка на правното лице-имател на картичката.

Услугата е особено погодна за динамични микро и мали бизниси затоа што штеди и време и пари.

За локацијата на банкоматите на Комерцијална банка отворете го следниот линк.

За сите погодности што ги овозможува Visa Business Debit за вашиот бизнис дознајте на следниот линк.

ПР објава

Продолжи со читање

Продукти

Од денес нова надградена верзија со напредни алатки и функционалности на Електронскиот систем за јавни набавки

Објавено

на

Бирото за јавни набавки од денес (1 април 2025 година) ќе ја стави во функција новата, надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Со воведување на нови функционалности и напредни алатки, процесот на јавните набавки ќе стане поефикасен и потранспарентен како за набавувачите, така и за понудувачите.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изјави: „Оваа значајна реформа ќе го унапреди процесот на јавните набавки, ќе ја зголеми транспарентноста и ефикасноста, а поедноставената и стандардизирана документација ќе овозможи учество на поголем број компании и зголемена конкурентност. Со новата верзија се воведуваат иновативни технологии кои ќе генерираат напредна аналитика на податоци, што ќе придонесе за поголема отчетност во трошењето на јавните средства.“

Клучни подобрувања во новата верзија на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН):

  • Автоматско креирање на тендерска документација – ќе се подобри квалитетот на документите, ќе се намалат грешките и пропустите, а со тоа ќе се редуцира потребата за поништување на постапките.
  • Скратено време за учество во постапките – ќе се зголеми сигурноста и интегритетот во креирањето на понудите.
  • Подобрен мониторинг и анализа на цените – новата алатка за структурирање на финансиските понуди ќе овозможи подобра следливост на цените, споредба на единечни цени и анализа на движењата на пазарот за јавни набавки.
  • Усогласување со стандардите на ЕК – новата верзија претставува значаен чекор кон интеграција на ЕСЈН како официјален член (e-Sender) на платформата за објава на тендери на ЕУ (ТЕД).

Оваа надградба претставува основа за идни реформи, вклучувајќи и воведување на унифицирана е-фактура за јавни набавки во соработка со Управата за јавни приходи.

Тимот на Бирото за јавни набавки, предводен од директорката Маре Богоева Мицовска, останува посветен на континуирано подобрување на системот на јавните набавки, преку воведување иновативни електронски алатки и зајакнување на интегритетот и довербата во јавните набавки.

Продолжи со читање

Банки

Пензионерски пакет на Халкбанк – Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност

Објавено

на

Пензионирањето значи повеќе време за себе, за најблиските и за сето она што отсекогаш сте сакале да го правите. Без грижи за рокови и обврски, ова е периодот кога треба да уживате – во утринското кафе, прошетките, семејните собири и малите работи што носат радост. За да биде сè уште полесно, важно е и финансиските предизвици да бидат едноставни и без непотребни компликации.

Со Пакетот за пензионери од Халкбанк, сè е прилагодено на вашите потреби. Исплатата
на пензијата е пред секој први во месецот. Добивате можност безбедно и брзо да
располагате со вашите средства преку бесплатната MasterCard дебитна картичка со која
можете да подигнувате готовина од сите банкомати во земјата без провизија. Добивате и
бесплатно електронско банкарство достапно 24/7 за следење и менаџирање на сите ваши
трансакции од вашиот мобилен телефон или компјутер и бесплатни СМС известувања за
секоја трансакција. Дополнително, интерните налози на шалтерите во Халкбанк се без
провизија, обезбедувајќи поголема вредност за вашите средства.

Како знак на благодарност за довербата, Халкбанк доделува и подароци за пензионерите кои ќе станат дел од пакетот. Оваа понуда е достапна за сите нови клиенти кои ќе ја
префрлат својата пензија во Халкбанк, како и за веќе постоечките клиенти кои сакаат да
ги искористат овие поволности.

Финансиската сигурност е важна во секој период од животот. Со едноставни решенија и
практични поволности, Пакетот за Пензионери ви овозможува да се посветите на она што навистина ви значи – безгрижни моменти со најблиските, спокојни утра и сигурност во секојдневните финансиски одлуки.

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно