Connect with us
no baners

Бизнис

Паметна наплата: Зошто сè повеќе компании ја доверуваат наплатата на Национална агенција за наплата (НАН)

Објавено

на

Во динамична економија, наплатата на долгови не е само административна задача, туку стратегиска алатка. Компаниите што сакаат да ги заштитат односите со клиентите, да ја одржат ликвидноста и да го намалат ризикот, сè почесто се одлучуваат за аутсорсирана наплата. И тоа со причина.

Во современото деловно опкружување, на компаниите им треба повеќе од само „наплата“, им треба партнер што разбира и спроведува процес што ја зачувува вредноста на нивниот бренд, клиентите и ликвидноста. Токму тука се наоѓа силната вредност на НАН: комбинација од дигитални алатки и човечки пристап, со јасен фокус на локалниот контекст, етичкиот кодекс и транспарентноста.

Дигитална ефикасност + човечка грижа

За компанија што ги доверува своите побарувања, НАН нуди две главни опции: сервиси за наплата и откуп на побарувања. Во секој случај меѓу доверителот и НАН се воспоставува сигурен начин на работа, со правна поддршка и извештаи во секоја фаза. Како што велат од компанијата: „Кога компанијата ќе ни ги довери своите побарувања, ние се грижиме за нив како за свои.“

Технологијата е важен дел, автоматизирани системи, дигитални известувања, следење на статуси, но тие не го заменуваат човечкиот контакт. „Можеме да автоматизираме известувања… Но не можеме и не сакаме да автоматизираме емпатија“, нагласуваат од тимот.

Овој хибриден пристап носи повисоки стапки на наплата, клиентите добиваат решенија што ја подобруваат ликвидноста и ја намалуваат оперативната тежина.

Локална експертиза, транспарентност и заштита

НАН е креирана со свест за македонскиот пазар, неговите можности, предизвици и регулативи. Компаниите кои ја користат услугата добиваат целосна безбедност: процесите се усогласени со домашното законодавство, личните податоци се третираат со висока заштита, а доверителите имаат пристап до секој чекор и извештај.

„Процесот на наплата кај нас е индивидуализиран и целосно усогласен со законските
регулативи … како кон клиентите, така и кон должниците“
, наведуваат од НАН.

Партнерство, не само трансакција

За компаниите, аутсорсирањето на наплата не е само трансфер на задача, тоа е избор на партнер кој ќе ја следи вредноста на нивната бизнис-репутација. Кога се избира НАН, изборот е за долгорочна соработка базирана на доверба, а не на краткорочна трансакција.

За компании што се ориентирани кон раст, ликвидност и одржливо работење, таквиот избор станува конкурентска предност.

no baners

Бизнис

Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?

Објавено

на

„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.

Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.

Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.

Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.

„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.

Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.

Продолжи со читање

Бизнис

Готовината сè уште е незаменлива во оваа земја и покрај тоа што важи за една од најразвиените во Европа

Објавено

на

Три четвртини од Германците и натаму најчесто плаќаат во готово, покажува најновото истражување на институтот „YouGov“, спроведено за консултантската куќа „BearingPoint“.

Според анкетата, 73 проценти од 2.026 испитаници во Германија изјавиле дека готовината е нивниот доминантен начин на плаќање, што претставува пораст во однос на претходната година, кога тој удел изнесуваше 69 проценти. Слична е состојбата и во Австрија, каде што 71 процент од граѓаните најчесто користат кеш.

Во останатите европски земји опфатени со истражувањето, употребата на готовина значително опаѓа. Во Швајцарија, 61 процент од испитаниците сè уште преферираат кеш, во Ирска 58 проценти, во Франција 51 процент, а во Холандија 46 проценти.

Најниско користење на готовина е регистрирано во скандинавските земји. Во Шведска само 25 проценти од граѓаните најчесто плаќаат со кеш, во Данска 32 проценти, а во Финска 42 проценти. Притоа, 27 проценти од Швеѓаните и 18 проценти од Данците изјавиле дека воопшто не користат готовина.

За споредба, само два проценти од Германците и еден процент од Австријците воопшто не користат кеш, што ги прави овие две земји европски лидери во одржувањето на готовинските плаќања.

Сепак, трендот на дигитализација продолжува, така што дури 37 проценти од испитаниците во деветте земји сметаат дека целосното откажување од готовината во следните десет години е сигурно или многу веројатно.

Продолжи со читање

Банки

Зошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?

Објавено

на

Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов, е разрешен од функцијата со одлука на Надзорниот одбор, објави Македонска берза. На негово место за вршител на должноста е назначена Ефимија Димовска, која во јануари годинава беше именувана за член на Надзорниот одбор.

„Согласно член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје на седницата одржана на ден 23.02.2026 година од функцијата член на Управен одбор – Главен извршен директор го разреши Кире Наумов, а за вршител на должност член на Управен одбор – Главен извршен директор ја именуваше Ефимија Димовска член на Надзорниот одбор“, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

Разрешувањето на Наумов е донесено на 23 февруари, една година пред истекот на неговиот мандат. Во својата професионална кариера, тој има извршувано повеќе значајни функции, меѓу кои советник во Владата и кај претседателот на државата, директор на Агенцијата за разузнавање, заменик-министер за финансии и заменик-министер за економија.

Новата в.д. директорка Ефимија Димовска има повеќе од 18 години искуство во областа на развојното банкарство. Таа е доктор на економски науки со специјализација во финансиите и пристапот до финансирање на мали и средни претпријатија, а својата кариера ја градела на раководни позиции во Министерството за финансии, Развојната банка, енергетскиот сектор и високото образование.

Развојната банка игра клучна улога во финансирањето на македонските компании преку поволни кредитни линии од меѓународни финансиски институции, а неодамна управуваше и со унгарската кредитна линија од 250 милиони евра наменета за поддршка на бизнисите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange