Connect with us
no baners

Продукти

Оствари до 25% попуст во ресторани низ Турција со Visa картичка од Комерцијална банка!

Објавено

на

Доколку планираш патување во Турција, сега е идеално време да ја искористиш можноста за вистинска гастрономска авантура.

Со твојата Visa картичка издадена од Комерцијална банка можеш да добиеш до 25% попуст во избрани ресторани низ цела Турција преку апликацијата GastroClub.

Што треба да направиш:

1. Регистрирај се на апликацијата GastroClub.

2. Искористи го промотивниот код „VISA“.

3. Уживај во попустите додека истражуваш нови вкусови и култури!

Дознај повеќе детали за понудата тука:

https://www.visasoutheasteurope.com/macedonia/promotions/gastroclub.html

Сè уште немаш Visa картичка од Комерцијална банка?

Аплицирај онлајн и патувај со стил:

https://www.kb.mk/fizicki-lica.nspx

Продукти

АЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар

Објавено

на

АЛТА Банка решително продолжува да ја зацврстува својата позиција на македонскиот финансиски пазар, со јасна визија, силни амбиции и посветеност кон создавање стабилно, сигурно и современо банкарско искуство. Банката активно инвестира во развојот на своите услуги и создавање модерно и препознатливо банкарско искуство за клиентите.

Како дел од стратегискиот развој и плановите за понатамошен раст, АЛТА Банка го најавува новиот потрошувачки кредит, кој е наменет да понуди сигурност, стабилност и реална финансиска поддршка. Кредитот овозможува износ до 2.500.000 денари, со поволна каматна стапка од 4,5% и можност за отплата до 120 месеци, што го прави едно од најатрактивните кредитни решенија на пазарот.

Дополнително, Банката обезбедува промотивна понуда до 31.03.2026 година, во рамки на која клиентите ќе можат да го искористат кредитот без провизија за исплата, што претставува значајна финансиска предност и дополнително олеснување за клиентите.

Паралелно со развојот на нови производи, АЛТА Банка активно работи на засилување на стручниот кадар, со цел подигнување на квалитетот на услугата и унапредување на целокупното клиентско искуство.

Како една од најголемите предности, АЛТА Банка ја издвојува брзината на одлучување, овозможувајќи поедноставени процедури и навремено одобрување на кредитните барања, фактор кој е од исклучителна важност за клиентите денес.

Со јасна стратегија, силен развоен фокус и одговорен пристап, АЛТА Банка продолжува да го јакне своето присуство и да го гради статусот на стабилен и сигурен партнер на македонските граѓани.

Продолжи со читање

Банки

Предности и поволности на новата Халки картичка за деца

Објавено

на

Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.

Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.

Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior
картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.

  • Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
  • Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
  • Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
  • Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
  • Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
  • Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
  • Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година

Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.

Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.

Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.

Продолжи со читање

Продукти

Халки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар

Објавено

на

Халкбанк воведува уште еден иновативен производ – прва банкарска картичка наменета за деца на возраст од 9 до 15 години. Овој производ е креиран за специфичните потреби на децата, кој ним ќе им помогне да стекнат корисни финансиски навики, а на родителите да имаат поголема контрола врз тоа каде и колку трошат нивните деца.

Станува збор за Mastercard Junior дебитна картичка, која е прва во земјава наменета за деца и тинејџери на возраст до 15 години. Картичката се поврзува со сметка на детето, но за сета документација, следење на трошењето и поставување ограничување на сумите за плаќање е одговорен родителот или старателот.

„Нашата цел е на децата да им овозможиме сопствена картичка, преку која ќе стекнат чувство дека располагаат со реална сума пари. На тој начин ќе учат како одговорно да го менаџираат својот џепарлак, да вршат сигурни и безбедни плаќања и постепено да развиваат навики за штедење. Родителите, пак, имаат целосна контрола врз користењето на картичката од страна на своите деца и добиваат СМС известување за секоја нивна трансакција. Веруваме дека ова претставува иновативен и веќе нужен пристап за поттикнување финансиска писменост и одговорност кај најмладите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Халки картичката нуди низа поволности – повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.

„Со ваквиот пристап, децата се навикнуваат, изучуваат и се подготвуваат за користење на бенефициите што ги овозможува дигиталниот свет. Ова е особено важно имајќи предвид дека токму децата кои сега се на оваа возраст, се очекува да бидат идни двигатели во забрзувањето на дигитализацијата на општеството“, изјави Атила Селим, директор на Дирекцијата за дигитално банкарство во Халкбанк.

Сите заинтересирани за новата Халки картичка, може да аплицираат во која било филијала на Халкбанк. Корисниците на првите 60 издадени Mastercard Junior дебитни картички, на подарок ќе добијат и детска алка за дигитално плаќање. Отворањето и водењето платежна сметка за малолетни лица е бесплатно, додека сите што ќе аплицираат за Халки картичка до крајот на март 2026 година, ќе бидат ослободени и од трошоците за издавање на картичката.

Повеќе светски истражувања укажуваат дека основните знаења за парите децата ги стекнуваат до 7-годишна возраст, додека од 8 до 15 години веќе треба да научат како да управуваат со мали суми и да штедат за да можат да остварат некои цели кои бараат повеќе финансиски средства.

Халкбанк преку повеќе различни активности работи на финансиска едукација на децата и младите. Банката го издаде првиот Буквар за финансиска писменост за деца, а организира и повеќе креативни работилници преку кои децата учат за придобивките од штедењето.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange