Осигурување
Од клик до осигурителна полиса – онлајн без чекање
Денес, да се избере осигурителна полиса не мора да значи долги редици, хартија и чекање. Минт Инс како осигурителен брокер им нуди на своите клиенти достапност на начин најдобар за нивните потреби и тоа не само во нашите филијали, туку и целосно онлајн преку Минт Инс веб страната или Mint App мобилната апликаија.
Со Минт Инс, осигурувањето е во тек со дигиталната ера – брзо, транспарентно и достапно за секого, во секое време. Добијте понуда и склучете осигурителна полиса онлајн.
Зошто да склучите осигурителна полиса онлајн?
Со склучувањето на осигурителна полиса онлајн, целиот процес на осигурување се олеснува: од пребарување и споредба на понуди, до склучување и следење на вашите полиси.
Преку Минт Инс осигурителен брокер, имате можност:
- Да побарате понуда за осигурување онлајн преку нашата веб-страна или мобилната апликација Mint App за различни видови осигурувања.
- Да добиете пристап до понуди од повеќе осигурителни компании.
- Да ја склучите полисата онлајн со само неколку клика.
- Да ја следите и проверувате состојбата директно од апликацијата во секое време.
Целиот процес е дизајниран за брзина и едноставност – без непотребни чекори, без чекање.
Како осигурителните полиси достапни онлајн го олеснуваат процесот?
Можноста да склучите осигурителна полиса онлајн значи дека целата постапка – од добивање понуда, до плаќање – се одвива дигитално. Ова не е само дигитализација на стар процес. Ова е нов начин на размислување.
Минт Инс е осигурителен брокер кој не само што ги поврзува корисниците со повеќе осигурителни компании, туку им дава и целосна контрола врз нивните полиси преку нашата веб страна и мобилната апликација Mint App.
Со Mint App, сè е на вашиот телефон: избирате вид на осигурување кое ви одговара, добивате понуда според вашите потреби, ја склучувате полиса и ги имате информациите за истата достапни во апликацијата.
Брзина
Нема повеќе чекање во ред, нема повици до осигурителни агенти. Нема повици, нема чекање. За неколку минути аплицирате за својата осигурителна полиса онлајн, без разлика дали сте дома, на работа или на патување.
Едноставност
Процесот е дизајниран така што секој може да го користи – без техничко знаење, без сложени чекори. Интерфејсот и на Минт Инс веб страната и на Mint App е јасен и интуитивен. Сè што ви треба е достапно на едно место.
Заштеда на време
Времето е највредниот ресурс денес. Со Минт Инс, добивате осигурување на начин кој вас ви одговара, од компјутер, таблет, мобилен, или во канцеларија. Нашата цел е да го направиме начинот на добивање понуда значително пооелеснителен за нашите клиенти.
Целосна транспарентност
Повеќе нема скриени детали или нејасни услови. Нашите брокери Ви помагаат да изберете најсоодветна понуда од различни компании, така што секогаш го добивате најповолното решение за вас.
Минт Инс – Повеќе од осигурителен брокер
Повеќе нема потреба да го одложувате осигурувањето затоа што „немате време“. Минт Инс е тука за да ви заштеди време, да ја поедностави процедурата и да го направи осигурувањето – конечно – современо.
Зад Минт Инс стои тим од лиценцирани брокери со долгогодишно искуство, кои ја комбинираат експертизата од осигурителниот сектор со современа технологија. Резултатот е систем кој е:
- брз и сигурен,
- едноставен за користење,
- достапен 24/7,
- и создаден за вистинските потреби на клиентите.
Покрај тоа, Минт Инс нуди постојана корисничка поддршка и советување, така што секогаш можете да добите професионален совет пред да ја склучите вашата полиса.
Какви видови осигурувања можете да добиете преку Минт Инс?
Преку Минт Инс можете да склучите осигурителна полиса за следните видови на осигурувања:
- Животно осигурување
- Патничко осигурување
- Авто-одговорност осигурување
- КАСКО осигурување
- Зелен картон
- Имотно осигурување
- Осигурување од Општа и Професионална Одговорност
- Осигурување од последици од несреќен случај
- ЦМР осигурување
- Дополнително Здравствено Осигурување
- Осигурување ДОМ
- И сите останати видови на осигурувања
Секој вид на осигурување има различни карактеристики. Сѐ што треба да направите е да нè контактирате, и ние ќе ви изработиме персонализирана понуда, прилагодена на вашите потреби.
Минт Инс – Брзо, едноставно и без чекање
Секоја осигурителна полиса склучена онлајн преку Минт Инс е чекор напред кон нов начин кој штеди време, нуди транспарентност и носи сигурност. Со само неколку клика, можете да добиете осигурителна полиса онлајн, да ја плаќате на рати, да ја следите состојбата и да имате целосна контрола.
Ако барате брзина, едноставност и заштеда на време, тогаш Минт Инс е вистинскиот избор за вас. Дополнително, преку Mint App, Минт Инс го поедноставува процесот на склучување на осигурување.
Посетете ја веб страната Минт Инс или преземете ја Mint App, добијте понуда за неколку минути, и склучете осигурителна полиса онлајн – брзо, едноставно и без чекање.
ПР објава
Бизнис
Flex Broker: Стратешкиот мост меѓу клиентите и современите осигурителни решенија
По повод Денот на осигурувањето и 16 години од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), осигурителната индустрија во земјава ја потврди својата зрелост, стабилност и важна улога во креирање сигурна економска иднина. Меѓу учесниците кои го одбележаа овој значаен настан, своето прво официјално присуство го имаше и новото брокерско друштво Flex Broker, претставувано од Александар Атески.
„Горд сум што учествував на прославата на 16 години постоење на АСО и Денот на осигурувањето, настан кој го одбележува растот, сигурноста и зрелоста на осигурителниот пазар во Македонија“, изјави Атески. „Ова беше прво мое учество како претставник на Flex Broker и вистинска чест е што како ново лиценцирано брокерско друштво имаме можност да бидеме дел од индустријата што создава стабилност, доверба и сигурност за граѓаните и бизнисите.“, додаде тој.
Flex Broker е дел од Flex Group и со своето портфолио на осигурителни услуги поставува високи стандарди на пазарот. Од компанијата велат дека нивната мисија е едноставна, но значајна:
- Да го направат осигурувањето подостапно;
- Да донесат ново ниво на услуга и професионализам;
- Да градат доверба со секој клиент со транспарентност, грижа и квалитетна поддршка.
„Со најголема дистрибутивна мрежа во земјата и тим кој верува во оваа мисија, сигурноста почнува со нас!“, потенцира Атески.
Flex Broker нуди широк спектар на осигурителни решенија, прилагодени на индивидуалните потреби на клиентите, од домаќинско осигурување, КАСКО и автоодговорност, преку патничко осигурување и зелен картон, до приватно здравствено осигурување. Компанијата работи како брокерско друштво кое со партнерства со водечки осигурителни компании ги обезбедува најсоодветните покритија на пазарот, со фокус на професионална поддршка, транспарентност и грижа кон клиентот.
Flex Broker ја гледа својата улога како мост меѓу клиентите и осигурителниот систем, партнер кој не само што продава полиси, туку создава долгорочни релации засновани на разбирање, етика и поддршка во клучни моменти. Со ваков пристап, компанијата се позиционира како свеж и иновативен играч на пазарот кој носи нова енергија и пристапност во сферата на осигурувањето, токму кога на пазарот му се потребни токму вакви решенија.
Бизнис
КБ Прво пензиско друштво го одбележа Светскиот ден на штедењето со порака за сигурна иднина
По повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, КБ Прво пензиско друштво упати потсетник дека секој паметен финансиски избор денес создава посигурна иднина утре.
Во светот на финансии, штедењето не е само навика, тоа е инвестиција во себе, во своите најблиски и во спокојна иднина.
Од Друштвото порачуваат дека и најмалите уплати имаат значење, бидејќи со упорност и дисциплина може да се изгради стабилна финансиска иднина.
Преку доброволниот пензиски фонд на КБ Прво, граѓаните имаат можност самостојно да уплаќаат средства, во износ и во време кое самите го одбираат, создавајќи дополнителна пензија и чувство на сигурност за иднината.
Со дваесетгодишно искуство во управување со пензиски фондови, КБ Прво пензиско друштво останува партнер на граѓаните во градењето на долгорочна финансиска стабилност.
„Штедењето е нешто што ќе остане – затоа започнете денес.“
Осигурување
Дигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
Во рамки на работилницата посветена на дигиталната трансформација во осигурителниот сектор, учесниците имаа можност да се запознаат со практичната примена на платформата SignPlus – решение за електронско потпишување и работа со дигитални документи, кое овозможува побрзи и побезбедни деловни процеси.
Настанот беше организиран во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Националното биро за осигурување (НБО) и Стопанската комора на Македонија, со цел да се поттикне поширока примена на дигиталните алатки во работењето на осигурителните компании.
Преку демонстрација на можностите за онлајн потпишување на документи во PDF формат, издавање и проверка на временски жиг (Momentum) и безбедна препорачана достава на документи (MailTube), беа прикажани конкретни начини како технологијата може да ја подобри ефикасноста, сигурноста и усогласеноста во работењето.
Учесниците заклучија дека решенија како SignPlus претставуваат важен чекор кон целосно paperless работење, автоматизација на административните процеси и создавање на основа за поголема дигитална зрелост на осигурителниот пазар.
Со ваквите иницијативи, осигурителниот сектор во земјава продолжува да ја следи европската пракса во дигитализацијата, што во иднина ќе придонесе за побрза услуга, поголема доверба и подобра заштита на податоците на клиентите.
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
-
Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
-
Продуктипред 1 месецMastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени
-
Банкипред 2 месециАлта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој
-
Продуктипред 4 неделиХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Осигурувањепред 4 неделиДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување



