Connect with us
no baners

Криптовалути

Нови телефонски измами ја таргетираат крипто-заедницата

Објавено

на

Измамниците постојано наоѓаат нови начини да се доближат до крипто-корисниците, а во последниве неколку недели ширум светот зачестија телефонски повици во кои непознати лица се претставуваат како вработени во Binance, најголемата светска платформа за криптовалути. Целта е јасна – да се убедат корисниците да направат измени во своите API-поставки, што подоцна им овозможува на измамниците да ги испразнат нивните сметки.

Според податоците на Binance, овие повици се кратки, но многу убедливи. Во повеќето случаи, измамниците користат технологија за „маскирање“ на телефонскиот број, па разговорот изгледа како да доаѓа од официјален извор. Притоа, лицата на другата страна од линијата зборуваат брзо и со тон што оддава итност, оставајќи впечаток дека станува збор за безбедносна проверка што мора веднаш да се изврши.

Последиците од ваквите измами веќе се видливи. Само во текот на јули, десетици корисници пријавиле загуби кои се движат од неколку стотици до неколку илјади USDT. Дел од нив, под притисок на „официјалниот“ повик, веднаш ги смениле своите API-поставки, што било доволно измамниците да добијат пристап до средствата.

Binance во официјална објава потсетува дека никогаш не бара промена на безбедносни параметри преку телефонски повик. 

„Единствени официјални канали се нашата апликација, веб-страницата binance.com и електронската пошта со домен @binance.com“, нагласуваат од компанијата. 

Секој повик кој нуди „помош“ или бара измена на API-поставки, велат од Binance, е сигурен знак за измама.

Компанијата советува корисниците да преземат дополнителни мерки на претпазливост:

• Задолжително активирање на двофакторскаавтентикација (2FA), по можност со апликација или безбедносен клуч;

• Користење Passkey технологија која обезбедува поголема заштита од фишинг;

• Ограничување на дозволите на API-клучевите и редовна проверка на активноста на акаунтот;

• Вклучување нотификации за сите трансакции и повлекувања.

Во случај на сомнителен телефонски повик, Binance препорачува разговорот веднаш да се прекине, бројот да се забележи и случајот да се пријави до службата за корисничка поддршка. Доколку некој корисник сепак направил промени по ваков повик, потребно е веднаш да ја смени лозинката, да ги поништи API-клучевите и да се обрати до компанијата за дополнителна заштита.

„Вашето внимание е најсилната одбрана,“ стои во пораката на Binance. 

Компанијата нагласува дека и покрај тоа што инвестира во најсовремени системи за откривање и блокирање на измами, навиките на корисниците остануваат првата линија на одбрана.

Експертите предупредуваат дека со растот на крипто-пазарот расте и креативноста на измамниците. Она што некогаш беа фишинг-пораки преку електронска пошта, сега се претвора во телефонски повици што изгледаат легитимно. Затоа, вниманието и информираноста се клучни за секој што поседува дигитални средства.

Берза

Криптопазарот и европските берзи во раст по сигналите за намалување на тензиите на Блискиот Исток

Објавено

на

Пазарот на криптовалути денес бележи значителен раст, откако инвеститорите позитивно реагираа на сигналите за можно намалување на тензиите на Блискиот Исток, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за пауза во нападите врз Иран.

Најголемата криптовалута, Биткоин достигна цена од 71.477 долари, што претставува раст од 3,75 проценти. Силен раст бележи и Етериум, кој се искачи на 2.182 долари, со раст од 4,77 проценти.

Позитивниот тренд го следат и останатите водечки криптовалути. „XRP“ порасна за 4,13%, „BNB“ забележа раст од 2,53%, додека „Solana“ е меѓу најуспешните со раст од 4,96%. Стабилните монети како „Tether“ и „USD Coin“ остануваат речиси непроменети околу нивото од 1 долар.

Позитивно реагираа и европските берзи. Водечките индекси се во пораст, поттикнати од стабилизацијата на енергетските цени и подобреното расположение кај инвеститорите.

Британскиот индекс „FTSE 100“ порасна за 0,86% на 10.003,59 поени, додека францускиот „CAC 40“ се искачи за 2,12% на 7.828,24 поени. Германскиот „DAX“ бележи раст од 2,60% и достигна 22.978,67 поени, а паневропскиот индекс „Euro Stoxx 50“ се зголеми за 2,75% на 5.652,55 поени.

Раст бележат и останатите европски пазари, при што холандскиот „AEX“ е повисок за 1,97%, шпанскиот берзански индекс „IBEX 35“ за 2,32%, додека швајцарскиот „SMI“ бележи умерен раст од 1,12%.

Пазарите во моментов внимателно ги следат геополитичките случувања, бидејќи секое намалување на тензиите на Блискиот Исток може дополнително да го поттикне оптимизмот кај инвеститорите на глобалните финансиски пазари.

Продолжи со читање

Криптовалути

Крипто-пазарот во црвено: Позитивниот нагорен тренд од изминативе денови се стопи за само неколку часа

Објавено

на

Криптовалутите бележат значителен пад во последните часови, следејќи го негативниот тренд на глобалните финансиски пазари и зголемената претпазливост кај инвеститорите.

Изминатите неколку денови имаше позитивен тренд и крипто-пазарот беше во нагорен тренд, но целиот раст исчезна во само неколку часа по ескалацијата на воените активности на Блискиот Исток и нападот од страна на САД и Израел врз најголемото поле за гас во светот – Јужен Парс

Најголемата криптовалута, Биткоин се тргува околу 70.171 долари, што претставува пад од 5,29%, по период на релативна стабилност. Етериум забележа уште поизразен пад од 6,79% и се тргува околу 2.164 долари, што укажува на засилена волатилност кај алткоините.

Пад бележат и другите водечки криптовалути. XRP ослабе за 4,33%, BNB за 4,45%, додека Солана и ПолкаДот ја намалија својата вредност за 5,09% и 5,69%, соодветно. АДА Кардано се тргува по цена од 0,26 долари, односно ја намали својата вредност за 7,45%.

Од друга страна, стабилните дигитални средства остануваат речиси непроменети – „Tether USDT“ се задржа околу 1 долар, додека „USD Coin“ бележи минимален раст.

Аналитичарите посочуваат дека засилената продажба и зголемената неизвесност на глобалните пазари продолжуваат да вршат притисок врз крипто-пазарот, при што краткорочната насока ќе зависи од движењата на ризичните средства и макроекономските фактори.

Продолжи со читање

Бизнис

Mastercard лансираше нова програма за крипто партнери – блокчејн технологијата влегува во мејнстрим плаќањата

Објавено

на

Мастеркард ја објави новата Програма за крипто партнери – (Crypto Partner Program), иницијатива која обединува повеќе од 85 компании со цел интеграција на блокчејн технологијата во глобалната мрежа за плаќања.

Програмата има за цел да го премости јазот помеѓу дигиталните средства и традиционалните финансии, преку соработка со водечки компании како „Binance“, „PayPal“, „Ripple“, „Circle“, „Gemini“ и „Paxos“. Фокусот е ставен на поедноставување на прекуграничните трансфери, B2B плаќањата и глобалните исплати, со користење на блокчејн решенија.

Иницијативата овозможува интеграција на стабилни монети и токенизирани средства, со што се овозможуваат побрзи и поефикасни трансакции 24/7, како и намалување на трошоците и доцнењата во меѓународните плаќања. Дополнително, преку постојната инфраструктура на Мастеркард во повеќе од 200 земји и над 100 милиони точки за прифаќање, корисниците ќе можат полесно да ги користат дигиталните средства во секојдневните трансакции.

Посебен акцент е ставен на безбедноста и усогласеноста, преку решенија како „Crypto Credential“, како и на поддршката на финтек иновации преку програмата „Start Path“. Во рамки на иницијативата се разгледуваат и можности за интеграција со дигитални валути на централните банки (CBDC), што дополнително ја проширува примената на технологијата.

Според Мастеркард, оваа програма претставува значаен чекор кон поширока примена на блокчејн технологијата и создавање поефикасен и инклузивен глобален финансиски систем, во кој крипто средствата ќе имаат сè поголема улога во реалната економија.

Фото: cryptoslate.com

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange