Connect with us

Фондови

НЛБ Фондови го прослави успешното ребрендирање како дел од НЛБ Групацијата: Нови можности за раст и развој на македонскиот пазар

Објавено

на

Вчера, на 5 ноември, со отмен настан во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје, НЛБ Фондови успешно го прослави своето ребрендирање од Generali Investments во НЛБ Фондови АД Скопје и приклучувајќи се како нов член на НЛБ Групацијата и како дел од семејството на друштвото за управување NLB Skladi. Овој значаен момент беше прославен со пријатна атмосфера и бројни гости, кои имаа прилика да присуствуваат на настанот и да се запознаат со новите можности што ова ребрендирање ги носи.

До присутните се обратија извршниот директор на НЛБ Фондови, м-р Лазе Камчев, и претседателот на Управниот одбор на НЛБ Фондови АД Скопје, Лука Подлогар. Нивните говори беа посветени на растот и успешноста на НЛБ Склади како лидер на словенечкиот пазар и на важноста на новата фаза во развојот на НЛБ Фондови, која ќе донесе уште поголема поддршка за клиентите и нови можности на македонскиот пазар.

„Ова преименување претставува значаен чекор кон зајакнување на нашата позиција на пазарот. Како НЛБ Фондови Скопје, ќе продолжиме да обезбедуваме врвни услуги за управување со средства, потпирајќи се на богатото искуство и експертиза на нашиот тим. Наша цел е да им понудиме на клиентите, иновативни и инвестициски производи кои одговараат на нивните финансиски потреби и цели“, истакна по повод ребрендирањето на компанијата, Лазе Камчев, Главниот извршен директор на НЛБ Фондови Скопје.

Новиот сопственик на компанијата, NLB Skladi, управување со средства, д.о.о. започна со работа на 1 јануари 2004 година. Таа е во 100% сопственост на Нова Љубљанска банка д.д. Љубљана. Денес, NLB Skladi е најголемата компанија за управување со фондови во Словенија, како и најголема компанија за управување со средства според вкупните средства под управување. Долги години компанијата ја одржува својата водечка позиција на пазарот на инвестициски фондови (40,2% пазарен удел на последниот ден од септември) и постојано остварува најголем удел од приливите, а воедно е и компанија на која и веруваат голем број Словенци.

„Сега и официјално започнува нова приказна и ново поглавје за нашата компанија, обединувајќи два тима со заеднички вредности и длабока посветеност на финансискиот успех на нашите клиенти. Нашата експертиза и иновативен пристап ќе ни овозможат да испорачаме врвна услуга, да создадеме трајна вредност за нашите инвеститори и да им помогнеме да ги остварат своите финансиски цели“, изјави Лука Подлогар на настанот по повод ребрендирањето.

Со ова ребрендирање, НЛБ Фондови добива поддршка од регионален финансиски гигант, што ќе ја зголеми нивната конкурентност и ќе им овозможи уште повеќе можности за своите клиенти.

НЛБ Фондови АД Скопје е третото по големина друштво за управување со инвестициски фондови на македонскиот пазар, со пазарен удел од 18%. Компанијата управува со приближно 48 милиони евра средства на своите клиенти, преку четири различни инвестициски фондови, вклучувајќи два акциски, еден паричен и еден комбиниран фонд. Ова ребрендирање не само што ја зајакнува позицијата на НЛБ Фондови на македонскиот пазар, туку и ја отвора вратата за нови можности во регионот и за дополнителен раст на инвестициите.

Со новото име и поддршка од НЛБ Групацијата, НЛБ Фондови имаат цел да продолжат со понудата на висококвалитетни инвестицииски решенија кои ќе ги задоволат потребите на различните категории инвеститори и ќе го продолжат трендот на успех и доверба што компанијата го ужива на македонскиот пазар.

Бизнис

Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?

Објавено

на

„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.

Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.

Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.

Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.

„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.

Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.

Продолжи со читање

Останато

Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на ЈЗУ Општа болница Кочани 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација

Објавено

на

Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.

Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети, како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби.

Со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан.

„Остануваме посветени на обезбедување соодветни услови за лекување и рехабилитација и на континуирана поддршка на здравствените установи во справувањето со последиците од овој немил настан“, истакнуваат од Фондацијата „Заедно за едно“.

Продолжи со читање

Останато

Македонските пензионери во странство останаа без покачена пензија

Објавено

на

Околу 12.000 македонски пензионери што живеат надвор од земјата се најдоа во неизвесност откако Уставниот суд најави дека ќе ја разгледува уставноста на измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Новите одредби предвидуваат дека покачувањата од по 1.000 денари, најавени за март 2026 година, ќе важат само за пензионерите со исплата во државата.

До Судот се поднесени три иницијативи кои тврдат дека законските измени создаваат дискриминација врз основа на местото на живеење, нарушувајќи ја еднаквоста, слободата на движење и правото на социјална заштита.

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потсетува дека ќе ги почитува сите одлуки на надлежните институции, вклучително и конечната пресуда на Уставниот суд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange