Connect with us

Фондови

КБ Прво пензиско друштво наградено со престижното признание за „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво го доби престижното признание за „Најдобро пасивно управување со инвестиции“ на престижната церемонија на Европските награди за пензиски фондови, која се одржа на 03.12.2024 година во Прага, организирана од IPE (Investment & Pensions Europe).

Ова признание го одразува нашиот ангажман за мудро и иновативно управување со инвестициите, кое истовремено обезбедува финансиска сигурност за нашите членови и е во согласност со глобалните стандарди за одржливост.” – велат од Друштвото.

„Внимателна имплементација на стратегијата за пасивни инвестиции заедно со силната инкорпорација на ESG, користејќи го пристапот на таргетирање“ – гласи изјавата на судиите, со посебно потенцирање на:

  • Висок раст во фазата на акумулација, приспособен за релативно млада структура на членови
  • Зголемување на ESG рејтинот за 20% кај инвестициите во странски ETFи, истовремено со поголем принос
  • Одржливост и иновации преку инвестиции во ETFи кои се фокусираат на вештачка интелигенција

Оваа награда не е само доказ за посветеноста и стручноста на нашиот тим – тоа е исто така признание за растечката сила на пензискиот систем на нашата земја на европската сцена.

Изразуваме срдечна благодарност до нашите посветени вработени и лојални членови што го овозможија ова достигнување. Благодарение на нив, оваа награда е не само наш успех, туку и гордост за пензискиот систем во нашата земја.

Заедно, градиме иднина на безбедност, одржливост и иновации. Заедно градиме иднина, денес.” – додаваат од КБ Прво.

Дознајте повеќе за наградата на веб-страницата на IPE.

IPE (Investment & Pensions Europe) е водечка европска публикација за институционални инвеститори и пензиски фондови чии податоци и информации ја даваат најавторитетната слика за пензиските средства ширум континентот.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/32 24 229

Фондови

КБ Прво пензиско друштво: Доброволниот пензиски фонд сè почесто станува бенефит за вработените

Објавено

на

Грижата за вработените сè почесто не се ограничува само на висината на платата, туку и на дополнителните бенефиции што компаниите ги нудат за поголема финансиска сигурност во иднина, посочуваат од КБ Прво пензиско друштво.

Од компанијата нагласуваат дека доброволниот пензиски фонд може да претставува дополнителна придобивка за вработените и начин компаниите да покажат дека долгорочно инвестираат во својот кадар.

Според КБ Прво, вложувањето во идната пензиска сигурност на вработените може да придонесе за создавање постабилни и помотивирани тимови, а ваквиот тип бенефиции добива сè поголемо значење во современите политики за управување со човечки ресурси.

Доброволното пензиско осигурување претставува дополнување на задолжителното пензиско осигурување и овозможува дополнително штедење за периодот по пензионирањето.

Супервизија над капитално финансираното пензиско осигурување во земјава врши Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Продолжи со читање

Фондови

ВФП Пензиско друштво сака да влезе и во вториот пензиски столб, поднесе барање до МАПАС

Објавено

на

ВФП Пензиско друштво АД Скопје направи чекор кон проширување на своето работење и на пазарот на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб. Друштвото до МАПАС доставило барање за добивање дозвола за управување со задолжителни пензиски фондови.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС денеска информираше дека ВФП Пензиско друштво АД Скопје доставило барање за добивање дозвола за вршење дејност управување со задолжителни пензиски фондови.

Истовремено, друштвото побарало и условно одобрение за управување со задолжителен пензиски фонд, како и запишување на фондот во Регистарот на задолжителни и доброволни пензиски фондови.

МАПАС ќе ја оценува документацијата

Кон барањето ВФП доставило документација согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и релевантната подзаконска регулатива.

Документацијата се однесува на самото друштво и неговиот акционер, органите на управување, предложениот менаџерски тим, организациската структура и внатрешните акти.

Дополнително, доставена е и документација која се однесува на задолжителниот пензиски фонд и на банката која треба да ја има улогата на чувар на имот.

Следниот чекор е на МАПАС, која треба да ја разгледа документацијата и да оцени дали се исполнети законските и регулаторните услови за издавање на потребните дозволи и одобренија.

Оттука, поднесувањето на барањето не значи дека ВФП веќе добило дозвола за управување со задолжителен пензиски фонд, туку дека е започната регулаторната постапка пред МАПАС.

ВФП со амбиција за проширување на пензискиот бизнис

Потегот е значаен за домашниот пензиски пазар бидејќи покажува амбиција на ВФП Пензиско друштво да го прошири работењето и во сегментот на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

Во следниот период клучна ќе биде одлуката на МАПАС по поднесеното барање и исполнувањето на сите услови предвидени со регулативата.

Доколку постапката заврши позитивно, тоа би значело проширување на присуството на ВФП на домашниот пазар на капитално финансирано пензиско осигурување и дополнителна конкуренција во управувањето со средствата од вториот пензиски столб.

Извор: Мапас

Продолжи со читање

Фондови

АДПФ: Вториот пензиски столб е стабилен механизам за долгорочно штедење

Објавено

на

Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови одржа брифинг посветен на актуелните состојби и предизвици во пензискиот систем, во услови на зголемен интерес на јавноста.

Од АДПФ порачаа дека вториот пензиски столб претставува стабилен и доверлив механизам за долгорочно пензиско штедење и има важна улога во обезбедувањето финансиска сигурност за идните пензионери.

На брифингот беше нагласено дека висината на идната пензија зависи од повеќе фактори, меѓу кои времетраењето на осигурувањето, работниот стаж, висината на платата на која бил пријавуван осигуреникот, како и приносите што ги остваруваат пензиските друштва.

Од Асоцијацијата посочија дека приносите во моментов се ограничени и од конзервативната законска рамка, поради што е потребно натамошно унапредување на системот.

Според АДПФ, идниот развој треба да опфати регулаторни промени, воведување мултифондови, измени на лимитите за инвестирање и проширување на листата на дозволени финансиски инструменти.

Дополнително, беше истакната и потребата од понатамошен развој на доброволното пензиско осигурување.

Супервизор на капитално финансираното пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange