Connect with us

Банки

Започна 11-тиот Ерсте Инвеститорски Појадок: Стручни дискусии и анализи за иднината на финансиските пазари

Објавено

на

11-тиот Ерсте инвеститорски појадок започна со поздравно обраќање од г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседателка на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје. Таа ги поздрави присутните и го отвори настанот, нагласувајќи ја важноста на финансиските и економските дискусии за подобро разбирање на моменталната состојба и идните трендови.

Г-ѓа Ана Митреска, вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, ги претстави најновите макро-економски податоци за македонската економија. Митреска изнесе информации за актуелните економски трендови, растот на БДП, инфлацијата и монетарната политика, со што ја осветли економската слика на земјата во контекст на глобалните економски промени.

Следеше обраќање од г. Рајнер Сингер, раководител на Главните пазари и кредитни истражувања во Erste Group Bank AG. Тој ги претстави моменталните состојби со инфлацијата во Еврозоната и САД, со фокус на предвидувањата за идните економски движења. Сингер истакна дека постојат знаци на намалување на инфлацијата во Еврозоната и во САД, но и нагласи дека економиите ќе продолжат да се соочуваат со предизвици како што се високи каматни стапки и глобални нестабилности.

Дополнително, г. Рајнер Сингер даде своје видување за иднината на макроекономијата, која во голема мера ќе зависи од политиките што ќе ги спроведува новиот претседател на САД. Според него, идната администрација во Америка ќе има клучна улога во обликувањето на глобалниот економски пејзаж, особено во однос на фискалната и монетарната политика, трговските спогодби и односите со други големи економии.

Дополнително, на настанот присуствуваат бројни финансиски и економски експерти, кои ќе ги споделат своите искуства и ќе поттикнат дискусии околу специфични теми од областа на инвестициите, економскиот раст и пазарните трендови. Овој настан е важна можност за продлабочување на разбирањето на актуелните економски услови и за развој на стратегии за идни инвестиции и раст на пазарите.

Банки

Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.

Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.

Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.

Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка денеска ги исплати пензиите

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.

Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange