Connect with us

Банки

НЛБ Групацијата донира 350 илјади евра во Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Објавено

на

НЛБ Групацијата, најголемата банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во регионот, донира средства за долгорочна поддршка на семејствата на настраданите и повредените во пожарот кој неодамна се случи во Кочани. Сите банки-членки на Групацијата контрибуираат со одреден износ, со што вкупниот износ на донацијата изнесува 350 илјади евра, средства кои треба да помогнат на погодените во справување со последиците од трагедијата. 

Средствата ќе бидат уплатени на сметката на неодамна основаната Фондација на Македонската банкарска асоцијација „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“, во која НЛБ Банка е еден од основачите, а чија основна цел е помош и поддршка во рехабилитацијата и медицинските третмани на повредените во пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и нивните семејства, како и поддршка во образовниот процес и професионалната реинтеграција на лицата и семејствата кои се соочија со загуба.

Длабоко жалиме за изгубените животи, Кочани е огромна трагедија. Во вакви моменти, важно е да се потсетиме на силата на заедништвото и на нашата подготвеност да се обединиме и да делуваме здружено и со сите капацитети. Впрочем, како основачи и донатори во Фондацијата на Македонската банкарска асоцијација која ја промовира солидарноста и општественатаодговорност на банкарскиот сектор тоа и го потврдуваме. Изразуваме огромна благодарност до нашата групација, НЛБ Групацијата, и сите нејзини членки кои давајќи придонес кон оваадонација уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон регинот во кој делуваме.“ – изјави Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.  

Неодамнешната трагедија од пожарот длабоко нѐпогоди сите нас – не само како банка, туку и како луѓе кои живеат и работат во овој регион. За нас, овој регион не е само точка на мапата – тој е и наш дом. И кога вашиот дом ‘ве боли’, правите сèшто можете да помогнете. НЛБ Групацијата ја дава оваа донација за закрепнување и надеж, затоа што ние не сме само банка туку сме и соседи, и партнери и дел од заедницата. И секогаш ќе бидеме тука да помогнеме и да придонесеме, и во моменти на раст и во моменти на тага“– истакнува Блаж Бродњак, Главен извршен директор на НЛБ Групацијата.

Непосредно по трагедијата, НЛБ Банка Скопје донираше и средства преку сметката на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија, давајќи поддршка на организацијата која уште веднаш ги стави во функција сите механизми за материјална и хуманитарна помош на повредените и семејствата на настраданите, и сите свои расположливи капацитети за поддршка на институциите во справување со последиците од страотниот пожар.

Банки

Халкбанк со пакет за жени претприемачки: Кредит до 500.000 евра и повеќе поволности

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди пакет наменет за жени претприемачки, со финансиска поддршка и повеќе поволности за развој и унапредување на бизнисот.

Во рамки на понудата е достапен кредит до 500.000 евра, со рок на отплата до 120 месеци. Пакетот вклучува и водење сметка без месечен трошок, како и електронско банкарство без надоместок.

Корисничките добиваат и деловна Mastercard картичка без надоместок за издавање, како и повисоки каматни стапки за различни типови орочени депозити.

Дополнително, пакетот вклучува подарок годишна полиса за патничко осигурување со покриеност до 30 дена.

Од Халкбанк посочуваат дека понудата е креирана со цел да им овозможи на жените претприемачки полесен пристап до финансиски средства и услуги потребни за развој на нивниот бизнис.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со TOPSI картичка за млади: 0 денари месечни трошоци и повеќе дигитални поволности

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира TOPSI картичката наменета за млади, со повеќе дигитални поволности и без месечни трошоци.

Со TOPSI картичката, корисниците имаат пристап до банкарски услуги 24 часа дневно, брзи трансфери преку TOPSI Pay, како и можност за користење на Apple Pay и Google Pay.

Дополнително, за корисниците на картичката е достапен и 20 проценти попуст на курсеви од Семос Едукација.

Од банката порачуваат дека TOPSI е создадена за младите кои сакаат брз, едноставен и дигитален пристап до секојдневното банкарство.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа

Објавено

на

АЛТА банка нуди потрошувачки кредит во износ до 1.000.000 денари, со можност за одобрување во рок од 24 часа, информираат од банката.

Според објавените информации, кредитот е наменет за различни лични потреби и планови на граѓаните, а постапката за аплицирање е брза и едноставна.

„Кога одлуката не треба да чека“, порачуваат од АЛТА банка во објавата со која го промовираат потрошувачкиот кредит.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалните канали на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange