Connect with us
no baners

Банки

НЛБ Банка: По пристапувањето во СЕПА, достапни, разумни и одржливи меѓународни трансакции

Објавено

на

no baners

Откако во мај годинава, НЛБ Банка официјално ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area), со што стана и првата банка во земјава која го започна овој значаен процес, интензивно течат подготовките за техничка интеграција со системот.

На 6 октомври, НЛБ Банка ќе им овозможи на своите клиенти да вршат и примаат плаќања во евра во над 40 земји-членки на СЕПА, со истаталеснотија и ефикасност како и домашните трансфери“, велат од Банката.

Истовремено, НЛБ Банка е и првата банка на пазарот која, согласно препораките на Народната банка, го менува тарифникот на меѓународни плаќања преку СЕПА, со посебен фокус на електронските плаќања, а со цел да се стимулира дигиталната трансформација. Од НЛБ информираат дека целокупната структура на новите провизии за СЕПА плаќања претставува повеќекратно намалување на досегашните провизии за плаќања и приливи во евра, со што Банката прави значаен чекор кон овозможување на достапни, разумни и одржливи меѓународни трансакции за граѓаните и компаниите.

Поконкретно, за кредитни трансфери преку дигиталните канали за физички лица, НЛБ Банка ќе понуди цени почнувајќи од 1 евро за најниските рангови, односно 5 евра за најголемиот број на кредитни трансфери, додека за приливите продолжува со цена од 0,16 евра за најниските рангови и 3 евра за најголемиот број на приливни транасакции. Истовремено за компаниите, Банката ќе понуди до седум пати намалени просечни тарифни провизии за плаќањата во СЕПА.

Примателите на странски плати и пензии во НЛБ Банка продолжуваат да ги реализираат приливите по овие основи без провизија. Повластените провизии за плаќањата на физичките лица и компаниите помеѓу банките во рамки на НЛБ Групацијата остануваат непроменети.

Ценовното стимулирање на електронските плаќања наспроти плаќањата на шалтер е во насока на заложбите на Банката за промовирање на користење на безбедни дигитални услуги, како и стратегијата на Банката на среден рок да овозможи, максимален број на своите производи и услуги да биде на располагање преку дигиталните канали“, појаснуваат од НЛБ Банка.

СЕПА е иницијатива на Европската Унија што ги поедноставува плаќањата во евра, овозможувајќиим на поединците, бизнисите и владитепоедноставно управување со платежните услуги преку побрзи, поефикасни, потранспарентни и побезбедни плаќања во евра, кон и од земјите членки на СЕПА. Стандардизираните процеси и информативните формати на СЕПА обезбедуваат јасност и предвидливост во платните операции, побрзи трансакции (плаќањата во евра се обработуваат истиот или најдоцна следниот работен ден низ земјите на СЕПА), подобрени деловни можности и низа други придобивки за граѓаните и компаниите.

За потсетување, патот кон СЕПА за нашата земја го отвори Народната банка со воспоставувањето на целосно нова правна рамка во доменот на плаќањата, усогласена со регулаторните барања на СЕПА и формалното поднесување наапликацијата за членство, за што Европскиот совет за плаќања на 6 март 2025 година донесе позитивна одлука. Со прифаќањето на Република С. Македонија во географската зона на СЕПА на македонските даватели на платежни услуги -банките им се овозможи да аплицираат за учество во СЕПА платежните шеми и оперативно вклучување за извршување на плаќањата во евра со сите земји членки почнувајќи од 6 октомври 2025 година.

no baners

Банки

Народната банка објави повик за трудови за 57. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка ги повикува истражувачите да се пријават за учество на 57. сесија на Клубот на истражувачите, која ќе се одржи на 27 март 2025 година (петок) со почеток во 13 часот, во просториите на Народна банка на Република Северна Македонија.

Од институцијата ги охрабруваат сите заинтересирани автори да достават свој работен материјал за презентација на сесијата најдоцна до 18 март 2025 година (среда), на електронската адреса [email protected].

Трудовите треба да бидат подготвени во согласност со современите научноистражувачки стандарди, што подразбираат примена на емпириска анализа и јасно систематизирани заклучоци. На Клубот може да се презентираат и истражувања во работна верзија, со цел поттикнување стручна дебата и размена на мислења.

Клубот на истражувачите функционира како отворена платформа за презентација и дискусија на научни трудови, со посебен фокус на монетарната политика и макроекономијата. Членството е од отворен карактер, а повеќе информации за условите и начинот на приклучување се достапни на веб-страницата на Народната банка.

Продолжи со читање

Банки

Централна кооперативна банка: Исплатени пензиите за февруари

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека средствата по основ на пензии за месец февруари 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.

Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (2 март 2026 година).

Продолжи со читање

Банки

Нето-добивката на Erste Групација лани достигна 249 милиони евра

Објавено

на

Нето-добивката на „Erste&Steiermärkische Bank“ (ESB) на ниво на групација, по одбивање на малцинските интереси, во 2025 година изнесува 249 милиони евра, што претставува раст од 0,8 проценти во однос на претходната година.

Нето-приходот од камати на ESB групата достигнал 442 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во споредба со 2024 година. Истовремено, нето-приходот од провизии и надоместоци изнесувал 144 милиони евра, што претставува значителен раст од 7,5 проценти на годишно ниво.

Вкупната актива на групата на крајот на декември 2025 година достигнала 17,6 милијарди евра, што е за 6,8 проценти повеќе во однос на крајот на 2024 година, кога изнесувала 16,5 милијарди евра. Кредитите кон клиентите на крајот на минатата година изнесувале 10,5 милијарди евра, бележејќи раст од 8,5 проценти. Истовремено, депозитите на клиентите достигнале 13,6 милијарди евра, што претставува зголемување од 8,3 проценти во однос на претходната година.

„Во текот на 2025 година ги задржавме стабилните и позитивни оперативни трендови, што резултираше со солидни финансиски резултати на банката и локалната групација. Забележавме раст на кредитирањето и во сегментот на населението и во сегментот на корпоративните клиенти, додека депозитите продолжија со стабилен пораст. Истовремено, користењето на нашите дигитални канали бележи силен и континуиран раст“, изјави претседателот на Управата на „Erste&Steiermärkische Bank“, Кристоф Шефбек.

Според неревидираниот неконсолидиран финансиски извештај, кој ги опфаќа резултатите на банката без зависните друштва, нето-добивката на Erste банката во 2025 година изнесува 230 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во однос на претходната година.

Во истиот период, нето-приходот од камати е зголемен за 5,9 проценти и достигнал 397 милиони евра, додека нето-приходот од провизии и надоместоци пораснал за 15,3 проценти, на 113 милиони евра. Најголем дел од овој раст се должи на интеграцијата на сегментот за издавање кредитни картички од Erste Card Club во рамки на Erste банката, се наведува во соопштението.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange