Банки
НЛБ Банка: По пристапувањето во СЕПА, достапни, разумни и одржливи меѓународни трансакции
Откако во мај годинава, НЛБ Банка официјално ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area), со што стана и првата банка во земјава која го започна овој значаен процес, интензивно течат подготовките за техничка интеграција со системот.
„На 6 октомври, НЛБ Банка ќе им овозможи на своите клиенти да вршат и примаат плаќања во евра во над 40 земји-членки на СЕПА, со истаталеснотија и ефикасност како и домашните трансфери“, велат од Банката.
Истовремено, НЛБ Банка е и првата банка на пазарот која, согласно препораките на Народната банка, го менува тарифникот на меѓународни плаќања преку СЕПА, со посебен фокус на електронските плаќања, а со цел да се стимулира дигиталната трансформација. Од НЛБ информираат дека целокупната структура на новите провизии за СЕПА плаќања претставува повеќекратно намалување на досегашните провизии за плаќања и приливи во евра, со што Банката прави значаен чекор кон овозможување на достапни, разумни и одржливи меѓународни трансакции за граѓаните и компаниите.
Поконкретно, за кредитни трансфери преку дигиталните канали за физички лица, НЛБ Банка ќе понуди цени почнувајќи од 1 евро за најниските рангови, односно 5 евра за најголемиот број на кредитни трансфери, додека за приливите продолжува со цена од 0,16 евра за најниските рангови и 3 евра за најголемиот број на приливни транасакции. Истовремено за компаниите, Банката ќе понуди до седум пати намалени просечни тарифни провизии за плаќањата во СЕПА.
Примателите на странски плати и пензии во НЛБ Банка продолжуваат да ги реализираат приливите по овие основи без провизија. Повластените провизии за плаќањата на физичките лица и компаниите помеѓу банките во рамки на НЛБ Групацијата остануваат непроменети.
„Ценовното стимулирање на електронските плаќања наспроти плаќањата на шалтер е во насока на заложбите на Банката за промовирање на користење на безбедни дигитални услуги, како и стратегијата на Банката на среден рок да овозможи, максимален број на своите производи и услуги да биде на располагање преку дигиталните канали“, појаснуваат од НЛБ Банка.
СЕПА е иницијатива на Европската Унија што ги поедноставува плаќањата во евра, овозможувајќиим на поединците, бизнисите и владитепоедноставно управување со платежните услуги преку побрзи, поефикасни, потранспарентни и побезбедни плаќања во евра, кон и од земјите членки на СЕПА. Стандардизираните процеси и информативните формати на СЕПА обезбедуваат јасност и предвидливост во платните операции, побрзи трансакции (плаќањата во евра се обработуваат истиот или најдоцна следниот работен ден низ земјите на СЕПА), подобрени деловни можности и низа други придобивки за граѓаните и компаниите.
За потсетување, патот кон СЕПА за нашата земја го отвори Народната банка со воспоставувањето на целосно нова правна рамка во доменот на плаќањата, усогласена со регулаторните барања на СЕПА и формалното поднесување наапликацијата за членство, за што Европскиот совет за плаќања на 6 март 2025 година донесе позитивна одлука. Со прифаќањето на Република С. Македонија во географската зона на СЕПА на македонските даватели на платежни услуги -банките им се овозможи да аплицираат за учество во СЕПА платежните шеми и оперативно вклучување за извршување на плаќањата во евра со сите земји членки почнувајќи од 6 октомври 2025 година.
Банки
Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност
Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.
Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.
Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.
Банки
Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“
Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.
Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.
Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.
Банки
Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус
Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.
Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.
Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.
Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.
Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.
Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија

