Connect with us
no baners

Бизнис

Mint App – сега и на Apple Store!

Објавено

на

Позитивно известување за сите корисници на услугите на Минт Финтек Груп.

Mint App – сега и на Apple Store!

Сите финтек услуги на Mint FinTech Group – сега достапни за корисниците на iPhone!

Брз пристап до кредити, осигурување, патувања, награди и девизен курс – сè на едно место.

Преземете ја денес: mint.com.mk/mintapp

ПР објава

Бизнис

Можно поскапување на авионските билети од април поради раст на цените на горивото

Објавено

на

Глобалната енергетска криза, предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, доведе до драстичен раст на цените на авионското гориво, што може да резултира со поскапување на авионските билети веќе од април, објави Банкар.ме

Директорот на „Air Montenegro“, Вук Стојановиќ, во изјава за медиумите посочи дека компанијата засега ќе ги задржи актуелните цени на билетите до крајот на март, но предупреди дека доколку високите цени на горивото продолжат или дополнително се зголемат, ќе биде неизбежна корекција на ценовната политика.

Според него, цените на авио-горивото кај одредени добавувачи речиси се удвоени. Во споредба со 20 февруари, цената кај главниот снабдувач на црногорските аеродроми пораснала за околу 654 евра по метричка тона, што претставува зголемување од приближно 90 проценти.

Овој раст значително ги зголемува оперативните трошоци на компанијата. Со оглед на тоа што авионите од флотата на „Air Montenegro“ трошат просечно околу две метрички тони гориво на час лет, трошокот по час летање е зголемен за околу 1.300 евра.

Доколку ваквото ниво на цени се задржи до крајот на годината, дополнителните непланирани трошоци за компанијата би можеле да достигнат околу седум милиони евра.

Иако засега цените на билетите остануваат непроменети, од компанијата јасно сигнализираат дека понатамошниот развој на пазарот на горива ќе биде клучен фактор за евентуални поскапувања во наредниот период.

Продолжи со читање

Бизнис

Во Торонто одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско-македонската Стопанска комора

Објавено

на

Со амбиција за посилно економско поврзување и поорганизиран настап на македонските бизниси во Канада, во Торонто се одржа конститутивниот состанок на Основачкиот одбор на Канадско-македонската Стопанска комора.

Иницијативата, зад која стојат Милосов Лукароски, Теа Пешева, Диана Индовски, Иван Лукароски и Кирил Колемишевски, има за цел да воспостави централен деловен форум за македонската заедница во Канада и да ја поттикне нејзината економска активност.

На првата средба беа утврдени основните приоритети и правци на делување, при што фокусот е ставен на поддршка на претприемачите, поврзување на компаниите и создавање кохезивна бизнис мрежа. Според основачите, Комората треба да обезбеди услови за координиран и стратешки настап на македонските деловни субјекти.

Воедно, се очекува новоформираната организација да придонесе за интензивирање на економската соработка меѓу Канада и Македонија, преку поттикнување трговија, инвестиции и размена на искуства и експертиза.

Комората се позиционира како платформа за развој на претприемништвото и зајакнување на професионалните капацитети, со намера да изгради стабилна и функционална мрежа која ќе генерира конкретни деловни резултати.

Основачкиот одбор оценува дека ова претставува значаен чекор кон консолидирање на македонскиот бизнис фактор во Канада, со потенцијал да влијае и врз продлабочување на економските врски со матичната земја.

Канадско-македонската Стопанска комора ќе биде отворена за членство и партнерства со сите заинтересирани компании, претприемачи и професионалци кои сакаат активно да учествуваат во развојот на деловната соработка меѓу двете држави.

Продолжи со читање

Бизнис

Pepco влегува на македонскиот пазар, првите продавници во Скопје од јуни

Објавено

на

Европскиот дисконтер Pepco најави влез на пазарот во Северна Македонија, при што првите продавници ќе бидат отворени во Скопје во јуни годинава.

Од компанијата информираат дека проширувањето во земјава е дел од нивната поширока стратегија за раст, која вклучува отворање нови продавници на постојните и на нови пазари.

„Северна Македонија веќе некое време е дел од нашата стратегија за експанзија. Влегувањето на овој пазар е природен следен чекор, имајќи ја предвид нашата силна позиција во Централна и Источна Европа и во соседните земји“, изјави Марцин Станко, оперативен директор на Pepco за регионот на ЦИЕ.

Pepco веќе е присутен во неколку земји од регионот, меѓу кои Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Романија и Босна и Херцеговина, а со влезот во Северна Македонија дополнително ја зајакнува својата регионална мрежа.

Групацијата Pepco, со седиште во Лондон и регистрирана во Холандија, управува со повеќе од 4.000 продавници во 18 европски земји, а во своето портфолио ги има брендовите Pepco, Dealz и Poundland.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange