Connect with us

Банки

Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април

Објавено

на

Комерцијална банка започнa со исплата на пензиите за март од денес (вторник, 01.04.2025 година).

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од денес – 01.04.2025 година и може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 01.04.2025 година можат да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот.

Банки

Уплатете бесплатно дневен промет на банкомат со Visa Business Debit од Комерцијална банка

Објавено

на

Вашата Visa Business Debit картичка за правни лица од Комерцијална банка е вистински партнер на вашиот бизнис затоа што повторно ви овозможува бесплатна уплата на дневен промет на банкомат.

Комерцијална банка го продолжи промотивниот период до 31.12.2025 година за да извршите бесплатно уплата на дневен промет на cash-in банкоматите на Банката.

За уплата на дневен промет имате на располагање 79 cash-in банкомати на Банката низ земјава. Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Со секоја поединечна трансакција може да се внесат до 40 банкноти. Уплатата веднаш се евидентира на основната платежна сметка на правното лице-имател на картичката.

Услугата е особено погодна за динамични микро и мали бизниси затоа што штеди и време и пари.

За локацијата на банкоматите на Комерцијална банка отворете го следниот линк.

За сите погодности што ги овозможува Visa Business Debit за вашиот бизнис дознајте на следниот линк.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка поддржувач на Јубилејниот концерт на „Скопски солисти”

Објавено

на

Комерцијална банка со задоволство го поддржува Јубилејниот концерт на Камерниот оркестар „Скопски солисти”, со кој ќе се одбележи 25 години од неговото постоење.

Љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во солистичкиот настап на баритон Борис Трајанов, под диригентската палка на маестро Виктор Митревски, а ќе бидат изведени дела од Вивалди, Елгар, Верди, Херберт и Барток.

Комерцијална банка останува верен поддржувач на културни настани кои нудат уникатни музички искуства за публиката.

„Се гледаме на 8 април во Македонската филхармонија бидејќи и музиката е поубава кога сме заедно“, велат од Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Анализи

Народна банка: Сѐ поголема употреба на дигиталните канали за плаќање во земјата

Објавено

на

Дигитализацијата носи значајни промени во начинот на кој граѓаните ги извршуваат своите плаќања. Во последните години, употребата на дигиталните канали за плаќање во земјава се зголемува, а овој тренд се задржува и во 2024 година, што се потврдува и со најновите податоци за платежната статистика коишто ги прибира, ги обработува и ги објавува Народната банка.

Во текот на 2024 година, граѓаните повеќе ги користеле кредитните трансфери (т.н. платни налози) за извршување на плаќања во земјава во споредба со претходната година, забележувајќи годишен раст од 11,2% кај бројот и 16,3% кај вредноста. Притоа, менувањето на навиките на граѓаните, т.е. сѐ почестото користење на дигиталните канали за извршување на плаќањата се согледува преку високиот годишен раст од 40,2% кај бројот и 47,0% кај вредноста на плаќањата иницирани по електронски пат, во услови на значително понизок раст на плаќањата на хартија на шалтерите на банките (0,2% и 10,0%, соодветно). Кај електронските плаќања, на граѓаните им е сѐ поважна едноставноста и брзината на плаќањата, поради што користењето на мобилните апликации бележи годишен раст од 47,3% кај бројот, односно 72,1% кај вредноста на остварените трансакции.

Исто така, граѓаните сѐ почесто ги користат платежните картички за извршување на секојдневните плаќања во трговијата. Така, плаќањата со платежни картички за купување производи и услуги во земјава во 2024 година забележаа годишен раст од 14,6% кај бројот и 15,4% кај вредноста. Растот на плаќањата со платежни картички е поддржан од широката распространетост на картичките во земјава коишто на крајот на 2024 година броеле 1,9 милиони. Притоа, 98,6% од платежните картички овозможуваат бесконтактни плаќања, што обезбедува удобност за граѓаните во извршувањето на плаќањата. Бројот на уредите за прифаќање плаќања со платежни картички на физичките места на продажба забележа годишен раст од 8,3% и достигна 34.778 уреди поставени кај 14.717 трговци. Притоа, 96,4% од овие уреди ја поддржуваат бесконтактната технологија што овозможува брзо и едноставно извршување на плаќањата во трговијата. Годишен раст од 4,4% е забележан и кај бројот на трговците коишто прифаќаат платежни картички при продажбата на стоки и услуги на физичките места на продажба во земјата. 

До објавените податоци може да пристапите на следнава врска: https://www.nbrm.mk/platiezhna_statistika.nspx  

Продолжи со читање

Популарно