Connect with us

Банки

Голема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација

Објавено

на

Во НЛБ, бројките отсекогаш имале особено значење. Сепак, ние препознаваме дека она што навистина е важно се приказните што стојат зад нив и позитивните промени кои тие ги носат во животите на луѓето. Силно уверени дека свет полн со добрина е свет полн со можности, јубилејната 2025 година ја заокружуваме со голема празнична кампања проследена со донација, како дел од големата регионална иницијатива на НЛБ Групацијата.

Празничната кампања на НЛБ ја слави надежта, духот на дарувањето и споделувањето радост. И додека размислуваме за значењето на бројките, остануваме цврсто на нашето верување дека нивната најголема вредност лежи во позитивните приказни кои тие ги создаваат.

Оваа празнична сезона, за потребите на одделот родилна сала при Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, НЛБ Банка ќе донира медицински апарат за затоплување на новороденчиња, кој има за цел да обезбеди контролирана и топла микро средина околу новороденчето. Неговата примена е од особена важност во неонатологијата, помагајќи им на предвремено родените бебиња и оние со здравствени потешкотии во регулација на телесната температура.

Оваа донација е дел од регионалната иницијатива на НЛБ Групацијата, во рамките на која, сите членки на Групацијата донираат на пазарите на кои се присутни. Грижата за децата е основа на просперитетно и надежно општество. Токму затоа сите донации на Групацијата се посветени на децата, новите генерации кои ќе ја обликуваат утрешнината и иднината на нашиот регион што го нарекуваме дом.

ПР објава

Банки

Стопанска банка предупредува на фишинг измама преку СМС пораки

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги предупреди своите клиенти за појава на фишинг измама преку СМС пораки, преку кои се бара од корисниците да ги ажурираат своите податоци со отворање на испратен линк.

Според известувањето од Банката, пораките се испраќаат од телефонскиот број +387 67 142 8204 и содржат линк што води до лажна веб-страница. На неа од клиентите се бара да внесат корисничко име и лозинка за дигиталното банкарство.

Од Стопанска банка посочуваат дека станува збор за измама чија цел е неовластено прибирање на кориснички и други чувствителни податоци.

Банката апелира граѓаните да не отвораат линкови добиени преку сомнителни СМС пораки и да не внесуваат корисничко име, лозинка, ПИН, ОТП кодови или други чувствителни информации на непознати интернет-страници.

Клиентите се советуваат своите податоци да ги внесуваат исклучиво преку официјалните дигитални платформи на Стопанска банка АД – Скопје.

Доколку некој веќе внел лични податоци преку лажниот линк, од Банката препорачуваат веднаш да го контактира 24/7 Контакт центарот на телефонскиот број (02) 3100 109, со цел навремена блокада и заштита на сметката.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ ги редизајнира евробанкнотите и ги повикува граѓаните да го изберат изгледот

Објавено

на

Европската централна банка ги повикува граѓаните да учествуваат во изборот на новиот изглед на евробанкнотите, преку анкета во која се претставени десет можни дизајни.

Учесниците во анкетата можат да ги разгледаат различните предлози за новите банкноти и за секој од нив да одговорат на по две прашања. Од ЕЦБ наведуваат дека целата постапка трае помалку од десет минути.

Различните апоени во рамки на еден дизајн може да се разгледуваат со стрелките на екранот или со повлекување на сликата. На крајот од анкетата се поставуваат и неколку општи демографски прашања, со цел одговорите подобро да се анализираат во контекст на мислењата на останатите учесници.

Учеството е доброволно и анонимно, а ЕЦБ посочува дека информациите за обработката на податоците и користењето колачиња се достапни во соодветните политики за приватност.

Со оваа анкета, граѓаните добиваат можност директно да го кажат своето мислење за тоа како би требало да изгледа следната генерација евробанкноти.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со 5% бонус поени за плаќање во Beauty Academy

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека корисниците на кредитните картички на банката можат да добијат дополнителен бенефит при плаќање во Beauty Academy.

Со секое плаќање со кредитна картичка на Халкбанк во Beauty Academy, клиентите добиваат 5% бонус поени.

Од банката порачуваат дека понудата е наменета за корисниците кои сакаат своите редовни купувања и услуги од областа на убавината да ги искористат и за дополнителни поволности преку програмата за бонус поени.

Понудата е дел од бенефитите што Халкбанк ги обезбедува за корисниците на своите кредитни картички.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange