Connect with us
no baners

Останато

Исплатата на февруарските пензии ќе започне од 27 февруари

Објавено

на

Владата на 131-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за февруари, која ќе почне од 27-ми февруари.

„Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24 февруари, а е препорачано деловните банки да обезбедат на пензионерите да може да располагаат со февруарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.02.2023 година”, информираат од Владата.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

  • за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);
  • за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);
  • за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и
  • за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).

Владата, на последната седница, ја разгледа и прифати и Информацијата со предлог мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите од јавниот сектор, со цел градење отпорност во нивната заштита, известуваат од прес-центарот на Владата.

Останато

УЈП: Само 3% од граѓаните ја провериле годишната даночна пријава за 2025

Објавено

на

Само три проценти од граѓаните ја провериле својата годишна даночна пријава за 2025 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Според податоците на институцијата, од вкупно 862.896 генерирани годишни даночни пријави, заклучно со вчера биле потврдени само 27.788 пријави.

Од УЈП посочуваат дека иако институцијата ја изготвува годишната даночна пријава врз основа на расположивите податоци, законската обврска за пријавување на доходот е на секој граѓанин.

„Бројките покажуваат дека свеста за личната даночна одговорност сè уште не е на потребното ниво“, велат од УЈП.

Во насока на информирање на јавноста, УЈП испратила 493.182 лични пораки преку порталот „мојДДВ“, а комуницирала и со 1.349 буџетски корисници, 339 големи даночни обврзници, како и со стопански комори, со цел граѓаните да ги проверат своите даночни пријави.

Од институцијата предупредуваат дека непроверена пријава може да значи нецелосни или неточни податоци, што може да доведе до дополнителни постапки, одговорност и трошоци.

УЈП апелира граѓаните да ја проверат, потврдат или коригираат својата годишна даночна пријава најдоцна до 1 јуни.

Продолжи со читање

Останато

Македонија учествува на 71-та пленарна седница на MONEYVAL во Стразбур

Објавено

на

Делегација од Македонија учествува на 71-та Пленарна седница на Комитетот на експерти за евалуација на мерките против перење пари и финансирање тероризам – MONEYVAL, што од 26 до 29 мај се одржува во Стразбур, во организација на Советот на Европа.

Во составот на македонската делегација се државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска, директорот на Управата за финансиско разузнавање Кујтим Ибиши и директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски.

Од Министерството за финансии информираат дека учеството на пленарната седница претставува потврда за континуираната посветеност на државата кон унапредување на институционалниот и регулаторниот систем во согласност со меѓународните стандарди и препораките на Financial Action Task Force (FATF).

„Нашата земја придонесува во споделувањето на најдобрите практики за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот, со што ја зацврстува својата позиција како партнер во глобалните безбедносни стандарди“, наведуваат од Министерството.

Во рамки на седницата се разгледуваат прашања поврзани со унапредување на меѓународните стандарди и политики во областа на спречување перење пари и финансирање тероризам, како и активности поврзани со процесите на евалуација и следење на земјите членки.

На состанокот ќе се дискутира за извештаите за заемна евалуација од шестиот круг за Ерменија и Словенија, ќе се разгледува напредокот и извештаите за следење на Романија и Бугарија, како и унапредување на процедурите за усогласеност на Грузија и Полска.

Од Министерството посочуваат дека членството во MONEYVAL им овозможува на земјите да ги следат промените во меѓународното законодавство во областа на спречување перење пари и финансирање тероризам, како и нивна имплементација во домашното законодавство.

Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам – MONEYVAL е мониторинг тело на Советот на Европа, кое поднесува извештаи директно до Комитетот на министри на Советот на Европа. Неговата задача е да ја процени усогласеноста на земјите членки со меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање тероризам и ефективноста на нивното спроведување.

Продолжи со читање

Останато

Собранието ја разгледа Фискалната стратегија 2027-2031: Фокус на стабилни јавни финансии и економски раст

Објавено

на

Собранието денеска ја разгледа Фискалната стратегија за периодот 2027-2031 година, подготвена од Министерство за финансии и усвоена од Владата, со која се предвидува обезбедување одржливи и стабилни јавни финансии, постепена фискална консолидација и поддршка на економскиот раст.

Според документот, во следните пет години фискалната политика ќе биде насочена кон намалување на буџетскиот дефицит, зачувување на макроекономската стабилност и реализација на значајни капитални инвестиции, особено во инфраструктурата и енергетиката. Воедно, се најавува и дисциплинирана фискална политика со намалување на несуштинските расходи и поефикасно користење на јавните средства.

Во стратегијата е предвидено постепено намалување на буџетскиот дефицит – од 3,5 проценти од БДП во 2027 година, на 3 проценти, а потоа и на 2,8 проценти во 2029 година, при што од 2028 година дефицитот ќе биде целосно усогласен со европските стандарди за фискална дисциплина.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во обраќањето пред пратениците истакна дека даночната политика ќе се темели на намалување на сивата економија, дигитализација и воспоставување поефикасен даночен систем.

Тој посочи и дека политиката за управување со јавниот долг ќе биде насочена кон обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит и отплата на постојните долгови, без да се загрози економската стабилност на државата.

Во Фискалната стратегија се наведува дека економскиот раст во периодот 2027-2031 година се очекува постепено да се забрза, со просечен раст од околу 4 проценти. Како главни двигатели се посочуваат инвестициите во инфраструктурата и енергетиката, поддршката за домашните компании, реформите во деловното окружување, дигитализацијата, борбата против корупцијата и привлекувањето странски инвестиции.

Клучен инструмент за поттикнување на економскиот раст, според документот, ќе бидат капиталните расходи, насочени кон патна и железничка инфраструктура, енергетски капацитети, водоводни и канализациони системи, како и дигитална и образовна инфраструктура.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange