Connect with us

Продукти

Халкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење

Објавено

на

По повод октомври, месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје ја започна својата традиционална кампања посветена на промовирање на финансиската писменост и одговорно управување со личните финансии, преку воведување на нов Промо депозит создаден за да им овозможи на граѓаните поповолни услови за заштеда и дополнителна сигурност во време на економски предизвици.

Депозитот може да се отвори во сите филијали и експозитури на Халкбанк низ земјата. Минималниот износ на вложување е 30.000 денари или 500 евра, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3% за штедење во денари, односно 2% за штедење во евра или долари, а рокот на орочување е 13 месеци. Штедењето во американски долари претставува новитет во понудата на банката, со што клиентите добиваат дополнителна можност за диверзификација на своите заштеди. Клиентите можат да изберат исплата на каматата на крајот на периодот на орочување или месечно, во зависност од своите потреби и планови.

За овој депозит не се дозволува делумно повлекување или дополнителни уплати пред истекот на рокот, што овозможува целосна стабилност и предвидливост на приносот.

Халкбанк секоја година го одбележува месецот на штедењето со посебни понуди и иницијативи, со цел да ги охрабриме граѓаните да размислуваат долгорочно и одговорно кон своите финансии. Штедењето не е само индивидуална придобивка, туку и темел на стабилен економски систем. Затоа, секоја година во овој период нудиме дополнителни стимули за штедачите. Преку Промо депозитот им овозможуваме на нашите клиенти сигурен, транспарентен и исплатлив начин да ги зголемат своите заштеди,“ велат од банката.

Со оваа кампања, Халкбанк уште еднаш ја демонстрира својата улога како одговорна и стабилна банка, која се грижи за финансиската благосостојба на своите клиенти и постојано нуди решенија што ги поддржуваат нивните цели и планови.

Халкбанк потсетува дека штедењето е првиот чекор кон финансиска сигурност и независност, а со внимателно управување со средствата, секој може да го изгради сопствениот пат кон стабилна иднина.

Банки

Стопанска банка нуди ТОПСИ банкарски пакет наменет за млади

Објавено

на

Стопанска банка нуди банкарски пакет ТОПСИ, креиран специјално за младите кои водат динамичен и брз начин на живот и имаат потреба од практични и едноставни финансиски решенија.

ТОПСИ пакетот од млади за млади, ексклузивно може да го користат лица на возраст од 18 до 28 години и нуди:

Од Стопанска банка посочуваат дека ТОПСИ пакетот е создаден за младите кои сакаат брзо и лесно да управуваат со своите финансии, без комплицирани процедури и со поголема практичност во секојдневното користење на банкарските услуги.

Заинтересираните можат да аплицираат онлајн или да ја посетат најблиската филијала на Стопанска банка АД – Скопје за повеќе информации и активирање на пакетот.

Продолжи со читање

Банки

Капитал Банка нуди промотивен потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,5 проценти

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје нуди промотивен потрошувачки кредит со поволни услови, наменет за сите кои сакаат своите планови и идеи да ги претворат во реалност.

Кредитот овозможува фиксна каматна стапка од 5,5 проценти во евра, што на клиентите им обезбедува сигурност и стабилност во текот на отплатата. Максималниот износ на кредитот изнесува до 32.500 евра, со рок на отплата до 84 месеци.

Од банката посочуваат дека понудата е наменета за сите кои имаат планови што сакаат веднаш да ги реализираат, без разлика дали станува збор за лични потреби, инвестиции или исполнување на долгопланирани идеи.

За повеќе информации, заинтересираните граѓани можат да ја посетат најблиската експозитура на Капитал Банка или да се јават на телефонскиот број 02/3102-500. Локациите на експозитурите се достапни на следниот линк: http://bit.ly/4hqdlhx.

Продолжи со читање

Банки

Плати на пријател – брзо и едноставно префрлување средства преку Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка нуди практична услуга која им овозможува на корисниците брзо и едноставно да префрлаат средства на свои пријатели. Со опцијата „Плати на пријател“, корисниците можат лесно да извршат трансфер на пари кон лице кое има сметка во Шпаркасе Банка.

Услугата е дизајнирана да ја поедностави постапката за плаќање, бидејќи за испраќање средства е доволно само да се избере контактот на примачот директно од телефонскиот именик. На овој начин се избегнува рачно внесување на податоци за сметка, што го прави процесот побрз и попрактичен.

Со „Плати на пријател“, корисниците добиваат модерно и удобно решение за секојдневни трансакции, овозможувајќи им со неколку чекори да префрлат средства до своите пријатели.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange